Младен да го видам би го убила... Ама еве другарка пред два месеци он ја пораѓаше презадоволна. Јас го викам биполарниот, ако е во добрите супер ќе поминеш ако е во лошите....
Де бре девојки до толку ли лошо имате поминато со доктор Младен јас лично сум презадоволна од неговиот однос како на прегледите така и на самиот порагај исто добро се однесуваше и со другите пациенти ова кога ве читам како за различна личност да зборуваме.
Мене мие доволно кога знам за докторот дека брменост зафршила како што не треба. Више нее ни доктор за мене.
Од полошо неможеше да биде.Можеби добро си поминала со него но јас не ако имаш бебе во рака тогаш никогаш нема да ме разбереш.
Имам прашање.. 33 недела сум, до сега бременоста ми ја водеше матичниот во Куманово но мажена сум во Скопје и планирам да се породам во државна. Која е процедурата дали треба пред породување да одам таму дс разговарам со некој доктор или тогаш кога ке ме фатат болки? Нека ми објасни некој
На последниот преглед кај матичниот си кажуваш каде сакаш да раѓаш и ако имаш некоја желба за некој доктор гледаат дали има место кај него и ти даваат упат зависно како има термин обично од 36 или 37 недела ми кажаа дека почнува прегледот кај другиот доктор. Со лесно
Еј ме замисливте за Младен сега.Свеки ме одвратува од мисла да идам на ГАК ,као у Чаир имала познати па и овој ми го спомна .Сега ми пуштивте црв
Aj izberete bilo koj vo Cair ,ama Mladen preskoknete go . Poslusaj me . Ima tamu dosta doktori koi mozes da gi izberes. Ne mozam da ti pisam lp
Има поделени мислења за Младен, јас немав многу добро искуство со него. Другарка пред два месеци супер поминала со него.
Кога има поделени мислења за некој доктор, во случајов и многу лоши, јас не би одела. Не сакам да сум нечија статистика за дали ќе биде добар или лош за мое породување.
Изгледа кој има јаки врски добро поминува, во спротива не. Како и со повеќето доктори ако имаш врски ќе те гледат, ако немаш оставен си на милост и немилост. Многу ни е жално здравството и опшеството во целост.
Mила појди види си како ќе ти се испонаша,ти нај убаво ќе си оцениш,еве и јас немам убаво искуство и не би ти го препорачала ама ти си знаеш,а дека ќе ти се погоди баш он на пораѓај нема правило можеби со некој друг поубаво ќе си поминеш.
И јас сум кај него и баш ме копка каков е, мислењата се поделени ама и очекувањата исто баш другарка ми ја пораѓал и беше презадоволна, утре ке го запознаам тој доктор и баш ке пишам каков впечаток ми оставил
Ке заборавев да пишам збор два за доктор Младен Како за прво видување докторот си беше сосема ок, ме прими ме праша ме прегледа ми објасни се што прашав и ми објасни на што се треба да обрнам внимание до нареден преглед. Позитивен коректен однос, за сега немам критики за него се надевам ке остане така и ке се вбројам во екипата со позитивно искуство