Јес, затоа што гинекологија е најголемиот загадувач. Таман работа Дрисла да ја затвори. Каква врска има греењето со породувањето?
Ако сите се терсен тогаш јас сум наопаку.Дај боже да не мора да се влечкам барем пороѓајот да иде брзински ако се идеше бавно
Ајде греењето не е проблем, не е ниту персоналот. А може и не сум во право, може е една од најдобрите гинеколошки ординации во Скопје.
Ако така гледаме нема најдобра во мк. За мене никој не е најдобар. Разликата е само каде има повеќе шанси да не излезеш од таму на нозе.
Ајде да го споделам моето искуство во Чаир... Се породив пред речиси 3 месеци. 1. Прво на патолошка со пукнат водењак. Сестрите ажурни и секогаш достапни. Хигирна на ниво, цело време поминуваа чистачките да пребришат и соберат отпадоци 2. Родилна сала. Презадоволна од цел персонал таму. Само да напоменам дека се фини ако и вие сте фини и слишате што ви кажуваат. Жените што се дерат и викаат не се баш така мазени и пазени од персоналот. Мене дури и пред да ме однесат во соба кога ме ставиа на количка ми ја собраа косата во плетенка да не ми пречи 3. Постпородилна соба. Сестрите се грижеа за бебињата како да се нивни. Ако ви е прво покажуваат како да доиш како да се бања бебето. Не дозволиа ниту едно бебе од собата бо која бев да плаче, одма доаѓаа да го земат да го нахранат или пресоблечат. Кога даваа дохрана ги чекаа да ждригнат па после ги даваат на мајката. Во соба бевме 4 жени од различни националности и сите третирани подеднакво. Тоа е моето искуство. Топло го препорачувам Чаир.
Moja noga vo Cair veke nema da stapne.Edvaj ziva glava izvadiv of tamu za clenot pogore sekoja cest na konstatacija I tell kako treba da se zagrizis za soprugata.Neka se goni cel personal vo p.m.
Не ти треба верувај мене ми е многу жал за некој што осетил лошо искуство било каде ама секаде може да се случи нели? Нека нема повеќе такви ситуации никаде сите со лесно нека поминуваат и ти мисли си дека ке поминеш добро и така ке биде
Женче ти во чаир онака без врски беше нели? И се ок во најдобар ред помина така.Сите услужливи со пациенти?
Во Чаир персоналот е многу, многу пољубезен одколку во ГАК, од болничарка па до доктор. Во ГАК ако немаш врски ке си молиш за чиста спавача, а во Чаир одма добиваш, сестрите се многу пофини, педијатерките многу по професионални, на болничарките кога и да побараш спавача одма добиваш.
Јас имам сосема поинакво искуство за ГАК. Спаваќа кога и да побарам ми даваа чиста пострлнина ми мењаа,ми помагаа да станам кога ми беше потребно. Сестрите прељубезни и фини сите беа млади и навистина беа супер. За педијатрите немам зборови,секој ден два пати поминуваа и ми кажуваа за бебето се што како е. Педијатрите неможат да не се стручни клиника е тоа кај што има предвремено родени бебиња. Цимерката имаше близначиња пред време родени до детал се и објаснуваа како е што е. Малце не беше добро моето два дена им висев на вратата а не ми кажаа. И без ниедна врска бев,а ти чинам си ги почасти со парички така мислам имаше пишано. И јас и две членки бевме во ист период и они беа задоволни. Еве една другарка се породи пред два месеви исто беше задоволна ептен,колешки две одат на прегледи таму исто презадоволни.
Јас од ГАК само од докторот што ме породуваше сум задоволна и ништо друго сестрите со искличок на неколку млади беа по фини, болничарките мораше да одам по нив и да молам за чиста спавача, бебето не беше со мене па трчав по докторките за да прашам како е, една докторка толку лошо ми се испонаша и толку ме преплаши што цел ден се утепав од плачење се до дека не почнаа мои пријатели да и ѕвонат и да дојде да ми се извини и убаво да ми објасни каква е ситуацијата со бебето и тогаш можело да одам на секој 2 часа да го видам и одкако и после тоа одеднаш се сменија работите на детето му требало мајчината топлина можело да одам и да го гледам. Во Чаир односот и и е многу подобар без разлика дали со врски или не.
На патолошка беа ок сите, на бокс најзадоволна многу тимски работеа и со нас беа одлични мислам дека тие се најзаслужни за се не бев најзадоволна после пораѓај тие визитите им беа малку арогантни ама имаше добри сестри кои помагаат за доење се на се беа ок а за докторите Илиевски еднаш ме виде а секојпат кога ке одеше во визита на неговите пациенти застануваше и кај мене многу народен човек позитивен а Младен да не беше немаше да бидиме сега каде што сме. Значи се на се ок си е во Чаир само треба да слушаш што ти зборат а и на крај се е божја работа, води се со мислата дека за кратко ке го држиш бебушот во прегратка и се ке помине брзо Немам искуство за ГАК а сакам да знам дали дозволувваат посети? Пред месец ден ми покажаа 15мин старо бебе од ГАК на слика голо само во кебенце, се смрзнав кога го видов ако е така многу им е лошо ако дозволуваат секој да влезе, пак ке кажам нез може се невистини
Јас со првото се породив на Гак. Задоволна сум само од др.што ме породи, штом он си отиде се вратив во реалноста. Во рок од 2 вечери што спиев таму, 3 пати менував кревет и се Селевк бидејќи имало гужва, бебето ми го дадоа на крај пред да си одам, и никој не дојде да каже дали е живо и здраво. Мм трчаше по нив за да кажат дали е добро. Сите нервозни, чиста спаваќа нема, од дома ми донесоа, една што ми ја дадоа таа до крај. Барав помош дента после пораѓај з да одам до ве це, никој не дојде само се развикаа како сум разголена. Јас станав по што сум колабирала пред тоалетот, имав изгубено многу крв, па се било последица на тоа, ама немало кој да ја види листата. Сега за второ имам страв во коски, дури се двоумам да смогнам сили за на приватно. Се надевам дека ова мое искуство со мал капацитет и малку персонал нема да се повтори, се надевам дека жените овде ке раѓаат како жени а не како животни.