Маче ти кога се породи? Имам една блиска со трите породена на ГАК,и баш ми кажуваше дека со последното е пред 6 месеци породена и последниот пат било ептен поинакво.Презадоволна од сите тамо.Чисто,педантно без лебарки ,а сестрите млади и на саат време во соба доаѓале дури и навечер да те проверат.Од кога смениле началник било ептен подобрено. Овака кога читаш те фаќа страв и си праам филм ко у кланица Годел да ќе идам а не да раѓам дете и пунам г**и од страв
Таткото може да влезе и да го види бебето и да го слика. Маж ми влезе само на интезивна на две мин и одма искочи. А вака посети по соби не нее дозволено Пред 4 месеци,ете имаш плус позитивно искуство од блиска. Јас имам замерка само на паталошка се надевам и дека таму ќе сменат нешто. Бебето многу убаво ми го чуваа и за три дена го опоравија. Кажав и искуство од цимерка со близначиња предвремено родени она остана со нив 13 дена и беше презадоволна.
Многу зависи кој период ќе се погодиш во Чаир, дали има гужва или не. Ќе си поминеш супер ако е порастеретено, претпоставувам. Врските сигурно играат улога исто така. Јас на пример четири дена седев во истата розева спавача уште од патолошка што си ја носев. После пак истата ми ја облекоа на интензивна. Не дека не барав, одговорот цело време беше - НЕМА! Ми се смилуваа после ми дадоа друга, тегет, бетер партали од првата, па и таа си ја носев уште цели три дена. Треба новороденче да држиш, е па држи го во такви услови, дои го, среќа си носев доволно тетра пелени па си префрлав на рамо и на рака инаку не знам... Ах да, инаку и подлога не ми даваа, ќе искрвариш и нема да ти дадат друга. Баш како што пишала членката погоре, како животно се чувствував! Да не ни почнувам за однесувањето за Зип кога сакав да знам за каква инфекција се работи и зошто ми е бебето на интензивна. Да смогнев сили да ги тужам ќе докажев дека е болничка, ама само се молев да излеземе живи и здрави двајцата па баталив. Никогаш веќе моја нога таму нема да стапне, радо би во ГАК за второ кога ги читам искуствата во последно време.
Јас со првото пред 3 год се породив во ГАК и сум многу задоволна само што се породив му кажаа на маж ми и му го покажаа бебето. Кога ме префрлија во соба дојде болничарка ми помогна да се истуширам ми дадоа нова спаваќа сабајлето исто ми сменија постелнина туширање нова спаваќа вечерта исто... Бебето кога ми го донесоа ми покажаа како да го дојам како да го пресоблечам се беше супер. Само на маж ми му беше дозволено да дојде да не види. За разлика од Чаир каде пред 7 месеци се породив со второто и многу се разочарав бидејќи слушав многу пофалби за нив. На првородките не им помагаа нити да им покажат за доење ништо, чиста спаваќа само од дома ако си земете таму тешко дека ќе ви дадат Сестрите може да кажам само 2 беа добри. Секое второ дете со бактерија беше. Прозори отвараа и ги бањаат децата со отворени прозори. А и во ГАК немав врски а во Чаир имав ама исто ко да ги немав беше хахах
Mene i mnogu moi poznanicki me ima vodeno i poragjano doktorkata i mozam da kazam samo pofalni zborovi za nea. Smirena, dostapna, strucna. Od srce ja preporacuvam. Samo neznam dali ke ti bide dostapna za poragjanjeto bidejki na edna moja prijatelka sto ja vodi i kazala deka ke bila otsutna na pocek na maj. Ke odi na edukacija za doppler vo Avstrija.
Јас се породив Понеделникот во Гинекологија Чаир и сум пре задоволна Од Др.Неџипи ( Прекрасен гинеколог, прекрасен човек што има почит и добра комуникација со пациентите) ви препорачувам да се породите кај него...
Може ли да споделите искуство со закажан царски Чаир и ГАК? Колку денови бевте во болница, колку време на интензивна, бебето од кога е со вас и дали цело време? По колку жени во соба и сл. Посета претпоставувам нема воопшто.?
Во Чаир вечерта пред операција ги примаат, па утредента ги оперираат. На интензивна се барем 12 саати, па ги сместуваат каде има слободни кревети. Предност имаат двокреветните соби но ако се зафатени во било која. Бебето го носат после некој саат откако ќе бидеш донесена во соба, без разлика како си породена и цело време се до мајките. Посета нема.
Ау јако, па како се снаоѓа мајката со тоа бебе кога не може ни она да стане? Посебно прворотка А колку дена генерално седат во болница (со царски)?
Со двете се породив на ГАк со второт сега на 15 март и искрено сум многу задоволна.Но неможам да направам споредба со Чаир не сум била воопшто таму
За Чаир не можам да кажам оти не сум била таму,се породив во државна и сум презадоволна и од услови, хигиена,сестри,доктори и нивната посветрност и најбитно што се позитивни, смирени и културни.. Секое утро менување постелнина,чиста спаваќа,на секој час доаѓаше сестра да ме праша како сум дали имам потреба од нешто,се секавам една ме покриваше ноќе,сум била откриена па да не настинам..исто 6-7 часа по пораѓајот сестра ме бањаше.. Чисто без лебарки,ѓубре не дозволуваа да има во кантите постојано го собираа,вц-то по два пати на ден го чистеа со киселина.. Јас сум презадоволна..
Што да ти кажам за снаоѓањево незнам. Но тука се сестрите кога и да викнеш ќе дојде некоја да помогне. Бебињата ги носеа дури откако ќе ја станат мајката да се среди во тоалет и кога ќе и го извадат катетерот. Петтиот ден ги пуштаат (ако е сѐ во ред, нели) , ако е гужва ги пуштаат четвртиот.
Јас на Гак се породив Се породив во 6 наутро до 13 часот бев на интезивна,после ме однесоа на оделение но немаше место моментално,ме сместија во апартман и негде во 18 часот ме сместија во соба,болничарката ми ги намести сите работи,за шиеее што имав ми наместо одма се до мене. Бебињата не ги носат додека не го извадат катетарот но јас кренав многу паника морав да го видам и ми го донесоа одма кога ги замолив. Утрото ме станаа ме измија,постелнина сменија,спавача чиста. Посети нема,може да влезе маж ти на минута додека си на интезивна да се видите. После кога ќе си се движиш на врата може да ги видиш тие што сакаш. Бебето не ќе биде со тебе кога ќе бидеш спремна. Ако неможеш ќе го земат па пак ќе ти го донесат. Јас сум презадоволна,се породив на 14 ма 18 бевме дома
Имам.прашање за Чаир. Како е во последно време,мора врско за таму да се породиш? Има некоја што.сте оделе таму на цтг и нормално таму сте се породиле, без да имате човек?
Јас се породив пред еден месец таму, демек со врски, а многу лошо и непрофесионално поминав. А има тука жени што супер поминале. Се е индивидуално очигледно. @Minnie-e јас се породив во 2 и 45 ноќта, во 3 попладне ме однесоа на одделение. Како што ти кажале претходно собите се двокреветни и реално не се лоши. Чистат цело време, менуваат постелини и даваат нови спаваќи кога сакаш. Е бебето одма го носат првиот ден, ама на кратко и првата вечер е кај нив. Веќе утредента е цело време со тебе. Тешкичко е, едвај стснуваш, јас и катетер имав, ама подобро што го оставаат. Си се запознавате, подолго е на града. Мене млеко ми дојде наредниот ден, а сум прворотка и со царски. Од детското сум задоволна, сестрите се доста посветени. Ама за се друго барај дебели врски. Очигледно моите не беа.
Јас се породив во јануари. Никаков договор со ниеден доктор, едноставно сметав дека не вреди да се замарам со врски. И сум задоволна како поминав. Маката ми беше што бев со болки подолго време, ама од односот на персоналот и условите бев задоволна. Единствено ме изнервира сестрата што пробуваше да ми земе податоци за изводот додека бев на бокс (буквално среде пораѓај) и се лутеше зошто не и одговарам, па после испадна дека ме пишале со грешно презиме, едвај извод за бебето извадивме. Што се однесува до пораѓајот се беше во ред.