Јас се породив таму пред 2 години, ама сакав да прашам да не се сменило нешто...да не ме пратат на државна ако немам луѓе (не сакам во гак да раѓам). Океј женски, фала ви на брзите одговори. Да си земам упат за таму за цтг, и со Господ напред.
Јас мислам дека поубаво ќе ти биде во ГАК, но сепак тоа е твое јас во септември се породив во Чаир и сум разочарана не беше ни 1% од тоа што ми кажуваа... катастрофа нити помош нити чисто... земи си 3-4 спаваќи за во Чаир доколку идеш таму и со лесно нека ти е
Јас бев во чаир пред две и пол.години. Не ми требаа спаваќи и беше чисто, додека за гак имам спротивни искуства од пријателки. Ама затоа прашав, за по тазе искуства. Секако од персоналот бев задоволна.
Во Чаир не можеш домашна спаваќа, само од таму, знаеш. И даваа кога и да побараш. Јас пред година ипол скоро, ок поминав. Многу паѓав во несвест, па имав "привилегии", цело време ме ѕиркаше сестра. @kikin
Знам знам дека не можам.спаваќа домашна, не знам зошто членката погоре рече земи си од дома. Башка што секогаш кога ќе побараш, даваат нова.
Па ете моето искуство таму не беше така се породив пред 7 месеци... спаваќа чекав два дена да ми сменат и му реков на маж ми да ми донесе од дома бебето ми се роди здраво вториот ден кога требаше да не пуштат ми закачило бактерија не сакаа да ми кажат како и од што еден педијатар едно друг друго ми кажа.. бременоста ми беше се во ред и брисеви и се и ме излажаа дека од бременоста и била а првите два дена ништо не и беше... многу сум разочарана
Мили мои по вашиве искуства изгледа за нијанса подобра е гак.Можеби и све е до среќата и моментот,како ќе се погоди.Ви посакувам лесен пат до крај па за каде и да сеодлучиме.Ве
Со каква среќа ке бидеме во моментот, така ке биде. И на едното и на другото место има и успешни приказни и разочарувања. Се е индивидуално.
Искрено, и јас сум доста разочарана од чаир. За патолошка не можаммда кажам нешто, бев само 2 часа. Породувањето супер. И тука си мислев, еј види, филмски. Стварно убаво се однесуваат. Ама... на оделение.. абе да умреш нема да те види никој. На цимерката и го земаа бебето. Само на неа и и го однесоа. Потоа дојдоа и го земаа на другата, па брзо и го вратија... на оваа не.. Ја праша сестрата што се праеше бог дека е, каде и е бебето. И одговори, не се секирај да е нешто лошо одма ќе чуеш и си отиде. Срамота... Доаѓа визита, докторот беше ок.. го прашав дали ќе добиеме некое апче за болки, барем оваа ноќ да ја преспиеме, зошто дома веќе спиење нема. Докторот се насмеа, а оваа кокошкава, леле докторе ама ви се умилкуваат. Па одговорив, мораме така ако сакаме да добиеме нешто. Докторот рече ок ќе ви даде сестрата. Уште 20 пати дојде апче не донесе. На крај кога се побунив, полека ти, ми рече. Па некаде кај 2 добивме апче. Постелнина мењаа, спавачи даваа. Не викам не. Иако тие подлогите под чаршавите беа крути ко лесонит и флекави од крв. Спавачите беа, шо да ви кажам. Цимерката имаше дупка на газот, мојата еден ракав краток, друг немаше. Но не битно... Во вц, локви крв. Чистачка доаѓаше 1 на ден само да исфли ѓубре, вц не зачисти. Само со џогер помина собата. На ќерка ми у 2 дена 2 пати само и сменија пелена. Еднаш вечерта и беше со гомна од половина до коленици, и утре дента кога не отпуштаа. Млеко доби 1 6мл. Толку видов јас а беше со мене цело време. Сабајлето кога не пуштаа, детето ми го грабнаа од цицка у 8, ќе сме си оделе. Дома бев у 1. Ете толку време моето дете не беше јадено. Нит ми објасни некој како да дојам, како да ја пресоблечам, ништо... среќа што докторот што ме породи дојде и ме праша како сум. Секоја чест на него, а и на женичката што не стана и не бањаше, ни донесе и доручек. Другата цимерка ја станаа од кревет, ја спремија и дадоа отпусната па им текна дека заборавиле да и дадат инфузија и ја вратија, а 10 мин пред тоа помина визита и рече сите си одите ок е крвта. И така секој со своја среќа. Јас бев само 36 саатиу болница и ми остави ваков лош впечаток. Далеку се од ок, далеку се од се.
@Цвет88 Пишував и претходно на темава, се породив во јануари и сметам дека е добро во Чаир. Моето искуство беше поинакво од твоето, ама бидејќи поминав три смени таму, дефинитивно зависи кој ќе ти се падне. Чистачка за вецето доаѓаше 3 пати на ден, децата се бањаа и пресоблакаа на 3-4 саата, ме прашуваа дали сакам да и дадат вештачко или да ја држат гладна за да повеќе се труди да цица, јас дека бев со низок притисок 3 пати доаѓаше сестрата додека ме стане и да одам до вц да мочам и се одмијам. Спавачите и чаршавите беа стари и оштетени ама беа чисти, и затоа не ми пречеше што со шнола си ја држев закопчана спавачата(немаше копче). И за доењето супер ми објасни една сестра. Наредната родилка што дојде во соба, друга сестра и го местеше детето за цицање, ништо не и објасни и покажа, јас после и прераскажував мене што ми викаа, и дури на визита се развика докторката па дојде друга сестра убаво да и покаже како да го мести детето. Јас здравје за второ пак ќе одам во Чаир, ама според моето и туѓиве искуства, треба да ти се падне поасална сестра на смена.
Мене преубаво ми беше во Чаир, не ми се одеше дома, без врски бев. Чистачките дури и досадни беа цело време доаѓаа чистеа. Спаваќите ок беа, кога и да побараш даваа нови. Се некој влагаше, ни даваа нешто за болка, ни покажаа доење, како да смениме памперс. И така натаму. Ама ги прочитав последните неколку страни и ете секој како ќе му посреќи и на гак и во чаир.
Не знам женички, и јас одбрав таму зошто сите се фалеа.. а за врски и на гак ќе најдев ама ете подобро било... Нормално дека е кому како ќе му се погоди.. Значи во родилна кога бев, сосема различно чувство од оделение... и те гледаат, те пазат, со нас во вц одеа.. акушерката ни објаднуваше што и како.. докторот, немам зборови, се коректно.. Ама после... се разочарав.. можеби баш ради таа огромна разлика што ја видов. Како и да е.. се надевам дека другите ќе имаат позитивно искуство.
Итно ако може некој да ми одговори, дали примаат на преглед во чаир без упат, односно за закажување на матичен гинеколог?