Денеска бев кај матичната ми вели немора упат да имаш кога ќе се пораѓаш, само здравствената книшка требало, а како тоа не треба упат не знам
Јас сум презадоволна од Чаир. Многу убаво поминав. Можеби дека бев воодушевена од сопственото бебе ништо не ме интересираше. Релативно кратко бев, два дена. Барав апартман, ама немаше слободен, сестрите ми покажаа за доење и бањање. Педијатарот се што прашав ми објасни. А за спаваќите и чаршафите ми беше гајле, ама даваа чисти. За доктор Ристески немам збор и за цел тим. Вечно благодарна. И од прегледи и пораѓај. Прездоволна сум. Можеби зависи од очекувањата,не знам. Јас отидов да родам и да си одам.
Срце не пуштаат посети,не им даваа на мајки ни од соба да ги изнесат.Јас пред 20 дена се породив.Мм тек кога не испишаа ја виде.
Повеќе сум за Чаир.. кога ќе ме фатат болки право таму да одам или прво да одам во нашата болница од родниот крај тука нема доктори за пораѓај не знам што да правам
има ли некоја скоро породена во Чаир, да присуствувал таткото на породување да ми каже дали има посебна постапка за тоа
Супер. Кажав,немам искуство во гак,од муабети што сум слушнала. Небитно, ете повеќето потврдивте дека нема, што е сосема во ред.
Ај да прашам за во Чаир. Упат за цтг имам за кај Неџипи,зошто за кај Илиевски немаше место. Па ме интересира дали ќе биде тоа проблем за наредно цтг да го барам Илиевски? Како иде процедурата?
Ти прв пат појди кај тој неџипи, и така ќе.ти отворат"досие" во чаир,па наредно појди си во петок кај илиевски, речи ме болеше нешто а у, и така :,)
Имаш некоја слика од апартманот? Јес да е рано ама таму планирам па би сакала да видам како изгледаат апартманите...
Не, нема. Откако пишав видов дека лошо сум се изразила. Али во план ни е на есен да работиме на второ дете.
Браво за позитивниот став од есен се работи, ама од сега план за пораѓај. Сите идни мајки вака да размислуваат!
Од прв ден на бременоста со син ми бев со дијагнози. Па се отворив во 7ми, па прееклампсија која реално не е заебанција. Ама јас решив да го родам живо и апсолутно ништо не можеше да направи да ме фати страв. Ставот е тој и се ќе биде. Е сеа, пошто кај мене комшиите да имаат секс јас ќе останам трудна, морам со време да си се распрашам ене го кај е септември