Мајки не знам во која тема да пишам решив тука да пишам.Во струмица моментално се реновират салите за операции што знаци царски рез нема да има тука мора во ск во државна.Мозе ли да ми пишете искуства и со анестезијата како е пошто тука ке умрев за малку од анестезија .Бебинјата во пелени ли се или во облека ги облекуваат,посета може ли и во колку е?Многу ке сум ви благодарна кој ке има време да ми одговори
Јас бев со спинална и поминав супер. Немав никаков проблем од анестезијата ни во текот на операцијата ни постоперативно. Ќе си земеш несесер за лична хигиена, папучи гумени(за надвор) обавезно, влошки Вир 80 ... За бебето обавезно памперс и павловичева. Инаку се облекуваат бебињата, не ги носат повиени во вишек. Посета нема внатре, но може пред вратата да излезеш и бебето не може да го шеташ низ ходник, така да јас би ти препорачала ич да не се мачат за посета. Е ако имаш врски или ти се погоди сестрата/болчниарката може и ќе пуштат некој . Тоа е тоа, ако имаш нешто друго прашај. Јас се породив на ГАК пред 8 месеци скоро, па ваљда не е нешто многу променето ...
Twinja фала многу сто ми одговори усте малку ке те измалтретирам.спинална бесе онаа целосма мели?а епидурална се наплака?јаденје дават од надвор да ти носат или само од болницата?Врски немам никакви да беше во мојот град сите ке ми дојдеа на посета .A и најбитното да не заборавам за колку дена ве пуштат дома за царски ако се е во ред... Многу ти благодарам,многу е тешко кога не знаеш ништо...поздрав
Мама спинална не е целосна анестезија.Се става за породување со царски рез, при тоа ти си свесна а болка не осеќаш од половина надоле.Епидурална користат за природен пороѓај,исто се става во кичма и не се осеќа болка од половина надоле,само нагоните ќе си ги осеќаш. Се се наплаќа на клиника, но и за тоа ти треба тешки врски.Освен ако не си во старт за царски па да си ја тераат они сами процедурата. За јадење,мене ми носеа од дома.Гледав дека на сите жени им носеа полни кеси,така да не се секирај. За природен пороѓај пуштаат за 2 дена (ако е се во ред), а за царски за 4-5 дена (исто ако е се во ред). Прашувај друго ако те интересира
фала силк за опдговорот,колку се наплака и дали се мозни компликации од оваа анестезија.Во струмица нема таква анестезија само целосна а не мозам да ви опишам колку е страшна се борев буквално за кислород.Од старт сум за царски пошто првото ми беше царски и не верувам да чекам воденјак да ми пукне па ако не бива природно 2 саата и нешто да патувам до ск.На бебинјата сестрите ги менат и облекуваат?
За спиналана не се наплаќа, а за епидурал тешко е јас знам дека треба да имаш дебели врски. Јас после царски за 4 дена бев дома. Јадење може ама колку ќе јадеш- 2 дена си на инфузија, па после си на двопек и супа, јогурт ... Сестрите ги облекуваат бебињата, ама памперс сама им менуваш после 2 ден
Малку офф топик ама морав да пишам како одговор погоре. Спинална не се дава само за царски, може да се даде и за природно породување. Разликата меѓу двете е што со епидурална добиваш подебела игла која е шуплива и преку шуплината се пушта како конец преку кој се управува со дозаата. епидуралот се става на 3 до најмногу 5 прсти отворена, конецот може да стои со денови ако има потреба. Ако во меѓувреме не може да се породиш, само ја зголемуваат дозата и може да одиш со таа анестезија и на царски. Спинална може да ти стават и за природно породување и тоа се става најмалку на 7 прсти отворено, само кога се знае дека ќе се породиш во следните саат до два, тенка е иглата и само едно боцкање е, нема ни конец ни ништо.
дефинитивно ми потврдија дека во ск ке се порагам,кои документи се потребни и дали се наплака што престојуваш во болницата
Едно прашање до мамичките што се породиле во Чаир. Си правам бајрам на паметот, она што го извидов во ГАК последниве неколку недели, искрено ми се згади, па размислувам во правец - Чаир. Ми препорачаа двајца доктори, и кај двајцата можам да фатам врски - Јегени и Кировски. Ваше мислење? Значи не зборувам за нив како за гинеколози, тоа ќе си го прашав во одредената тема, туку се, дали бевте задоволни, и од болницата, и од услугата, и од лекарите како такви.
со двете деца се породив во чаир јегени со првото со второто исто он требаше но неуспеа да стигне и некоја докторка ме породи но како и да е не го меновам за жива глава чаир.двајцата се најдобри доктори во чаир,јегени е директор на клиниката,самата болница новото оделение е одлично средено со исклучок на некои мани како недостаток на чаршави и топла вода но се за 2 дена проаѓа.така да за кој и да одлучиш нема да згрешиш,со лесно
Јас со второто се породив во Чаир кај др.Кировски и сум задоволна.Многу фин доктор,недела беше кога ми пукна водењакот и сестрата ми вика супер денес е Кировски дежурен ќе те породи одма денес и така беше ...и од болницата,од сестри,чистачки(ми вареа кафе )хигиена по два пати пребришуваа,топла вода,скоро од се бев задоволна,затоа и со третово одам таму,без размислување,иако најдов дури две врски за во ГАК,од кои едната сестра акушер и ми ветува дека во една смена ќе ме породи,кај мене сепак некој страв ме демне,имам искуство и од двете болници,ама дефинитивно Чаир е мојот избор
Решено е се кај мене, одам дефинитивно во Чаир. Сите терсене јас наопаку, ама ете, таму жими се атмосферата ми беше подобра! И таму и таму се наоѓа по некој човек, ама во Чаир се осетив ко дома. Башка докторот кога ме прегледа ми влеа толку самодоверба, тоа е чудо едно. За разлика од ГАК, каде уште ќотек да изедев што сум дошла со пукнат водењак во 28 недела. Кај да одам, на бербер??? На кондураџија??? Уште малку остана, па ќе ви кажам после како сме поминале.
aurora породувањето и лежењето не се наплаќа ако имаш плави картони и породилен упат од матичен гинеколог ,без него и не те примаат
Не мора да значи. Мене ме примија без упат и книшка. Истиот ден маж ми ја донесе книшката, а наредниот ден го донесе упатот. Дента кога ме отпуштија од болница донесе плаво картонче.
Во ред е долколку ги имаш,ако не донесеш до напуштањето си плаќаш приватно Јас во чекалната седев ,а мм на картотека ми вадеа историја го пратиле по породилен упат а тој ми беше во книшката Кога му се јавив да видам кај е тој веќе стигнал кај матичната Фркич е мм , заборавил дека пред 3 дена бевме по упат Муабетот ми беше морало упат без него неможеле да ме примат
34 недела сум искрено да си кажам врска немам за која болница да. се решам кажете некој предлог ако сакате поззз до сите вас
И со второво ќе се пораѓам во државна. Ама овој пат, фатив врски. Државна или Чаир, ако немате врски, ништо не правите.