Еве и јас да споделам искуство од моето породување пред некој ден на ГАК. Пишувам првенствено за да ги охрабрам сите кои немаат никакви врски (како мене) со моето позитивно искуство, зашто навистина вреди да ги пофалам. Собите се чисти, постелнини и спаваќи менуваат постојано, а и секогаш можеш да побараш дополнително. Веднаш по породувањето дојде болничарка и ми помогна да се истуширам (да не речам малтене ме истушира). Сите доктори кои беа на смена додека бев во предродилна сала беа љубезни, а и сестрите беа сосема коректни. За епидурална прашав кога ми станаа болките многу силни, накај 8 прста отворена, и докторката ми рече, можам да прашам дали има слободен анестезиолог, но јас не би ти препорачала затоа што во оваа фаза нема голем удел и само ќе го оддолжи процесот и ќе ве измачиме и тебе и бебето. Епидуралната се става при отварање меѓу 4 и 6 прста. Односот беше сосема коректен, и од тоа што сфатив единствена причина што не даваат епидурална на ГАК е што немаат слободни анестезиолози, има премногу родилки на дневно ниво, а истовремено се одвиваат секаков вид на операции каде се неопходни. Бев сместена во обична соба, со уште една родилка, тоалетот е во самата соба, има телевизор и постојано топла вода, така што освен посетата не би знаела која е разликата од апартман, но сосема се во ред и собите. Посета не пуштаат (што мене лично ми се допадна), со тоа што сопругот или кој било може во секое време да ви донесе што и да ви треба и до врата да ги остави на која било од болничарката која ќе ви ги донесе. Е сега, има многу гужва и немаат многу време за одвишок тинтрање, но на крајот на денот- престојот е во просек 2 дена за спонтано и 4-5 дена за царски рез, така што се на се јас сум супер задоволна Со лесно на сите!
има,ама дали работат аман бе! Зар не постои ниедна пара што може да ја купи епидуралнава анестезија во овој свет полн со корупција? ауу ако не почастиш ништо не си напраил ќе не можеш следен пат да раѓаш таму. Така ни функционира здравството. Тоа е нормално кај нас.
Не постои. Не дека анестезијата е проблем, ги мрзи да викат анестезиолог, јер породилни болки се издржуваат, нели не се умира од то
Сериозно ова им е причинава што е толку тешко да добиеш епидурал? Аууу... кое здравство,која држава...
@marchi-cool Јас затоа кажав,побара и добив.Сакав да ги почастам иако на некој тоа му звучи глупо.Тоа ми е мене како давање бакшиш за ете "добар " третман. Као што кажа @monik55 се е ново,и чисто.Јас се осеќав пријатно,и пак да раѓам би ги почастила. Па и по приватниве се части,немој да мислиш дека не
не сакав ништо лошо да кажам со частењето реално или пред да влезеш ќе "почастиш" или одпосле. Јас сум лежела на операции 3 пати и секое лежење частев башка на физикална охрид исто частев ко се породив со првото маж ми одма ги частеше докторите кои ме породија на крај сестра ми почасти една сестра од тие кои се грижеа за мене.
Нема анестезиолози. Ако има слободен анестезиолог за епидурална, даваат ако има услови. Пошто си има кога се дава, не може било кога. За мене со царски што се пораѓав немаше анестезиолог, викнаа од КАРИЛ.
Избањата со топла вода во чиста постела нормално дека пријатно ќе се чуствувам. Дополнитолното парно го пуштаа кога залади бидејки бебе се роди со првиот снег. Јас частев,маж ми донесе може повише од 10 бомбоњери и сите ги дадов,татко ми дал на сестрата што им го покажувала малиот. 4 години поминав низ таа болница два пати искочив со празни раце е богами беше за частење. Сите докторки се радуваа на мојот успех на здраво бебенце бев познат случај.
некогаш вреди навистина,изразуваш благодарност не даваш мито. Ама само кај доктори кои се залагале за тебе за твојата состојба здравјето и за бебето. Зашто има многу кои ќе сработат радиреда па уште чекаат да им дадеш "благодарност" малку офтопик заминавме али тоа е. Јас како итен случај пред 12 години (ама ова беше на карил) се чекаше доктор од дома да дојде па да го почастиш па тек после да се фати за работа. Е сега околу болнициве претежно жени на гак одат ама за жал почесто слушам за незадоволни пациентки. За чаир не знам како е.
ќе те памтам и штом ги најдам линковите ќе ти ги пратам,има случаи каде и телевизија им донеле пред гак,мислам беше дека на една жена и рекле дека бебето и умрело а на татко му не му дале да го видат т.е кога барале по име и презиме му рекле не постои такво. Не би да опишувам тука ти реков ќе ти пратам во порака. Е сега не можам да речам дека е лошо условите се на високо ниво,сум одела таму на пракса сум одела и на прегледи дел од персоналот е да им ги бакнуваш нозете дел да не те сретнат на улица. Јас лично не сум имала проблем само кажувам што сум читала и слушала.
Еее сега ако збориме за трагедии (не дај боже да се случи на никого) сигурно ќе најдеш линк. Ако така гледаме и во Санте плус се случи тоа што се случи,а едно време и за Систина кружеше таков муабет. Не верувам дека во тие ситуации докторите се 100% криви,сепак имало нешто што придонело да се случи тоа. Како на пример ќе кажат почина од грип. Да почина од грип ама претходно имаше церебрална парализа и дојде до компликација.(конкретно моја роднина). Јас мислев во друга смисла имало незадоволни пациентки, како во Санте што се жалеа не им помогнале за доење.
не верувам дека дотолку може да е на гак. Ете погоре се жалеа за анестезиолози и за епидурална. Ама верувам дека сестрите се услужни,докторите си бркаат своја работа имаат куп пациенти коо чекаат ред за да им се посветат
Ја идам сега почесто на контроли на гак заради поминат термин и само еднаш наидов на една безобразна сестра доле во амбуланта за итни случаи, ми се испонаша зашто сум дошла у недела на контрола што имало мене докторот да ми вика у недела да доаѓам и што ти не ми изнакажа, као ја да немам што да праам па ај ќе идам у гак да видам шо има другите што се погодија таму беа океј, за у родилна и на одделение за кратко ќе дадам коментар
ќе може некој да ми каже нешто повеќе за Чаир...кој доктор е добар, како се договараш со докторот или добиваш болки и одиш...дали може да се закаже царски по желба или да се добие епидурал...какви се условите