Оваа цела тема ти е за ова, читни малце наназад, има и за доктори и за услови сѐ изнапишано од членките. Доктор неможеш да договориш освен ако немаш врска плус и да потплатиш. Епидурал не даваат, по желба царски нема.
Jas bev dogovorena so Spisic ama ispadna sosem treta da me poragja so prvpat ja vidov u rodilna. Doktorite site se korektni taka da koj i da te poragja ne e mnogu bitno. Po zelba carski nema, oni nastojuvaat na priroden osven ako ne mora carski. Epiduralna nema
На државна ако мајка ти раб ќе влезе и мажот на цимерката в соба и тоа онака залетан како да ја освоил собата. Ги боли ти ако лежиш со епизиотомија од 10 цм цела крвава и што докторот кажал чувај ја раната отворена да се лади. Мизерии.
Е заради ова отидов во Чаир. Таму нема врски да влезе некој, само доаѓаат сестри што работат таму ако по некоја линија те знаат, мене две така ми се погодија, дојдоа викаат ако треба нешто барај ме. А и мајка ми и маж ми беа на врата, додуша не ни барале да влезат, ама не пуштаат. Во 3 дена таму освен вработени, ниеден рандом гостин не видов.
Тоа катастрофа било бе, на патолошка поминав супер, и чисто и персоналот фин, а горе на одделение катастрофаа, бубачки, никој ни да те ѕирне ни да те праша дали ти треба нешто
Колку дена се останува во Чаир со царски, 5 или 3 дена? Порано знам 5, има ли најскоро породена со царски да ми каже
Здраво на сите. Прв пат пишувам, иако ја читав темава месец дена назад за да се решам каде ќе се пораѓам и морам да ви се заблагодарам на сите кои ги споделувавте вашите мислења. Моето патешествие беше следното. Се решив да се пораѓам во Чаир и Др. Кировски да ми ја следи бременоста од 36та недела па до крај. Но, да биде целото планирање "интересно" и за мене (прв пат родилка) "позабавно", со Др. Кировски никогаш не се видовме, бидејќи во 36та и 37ма недела беше на одмор, а мене плодовата вода ми истече во 37ма недела. Буквално отидов во 17:00 без никакви врски, ме примија, ми го пукнаа водењакот на приемно на бокс и на крај се породив вечерта во 21:30. Докторот кој ме породи беше Др. Неџипи и сум крајно благодарна од неговите инструкции за како да дишам, буткам и сл. Мислам дека се породив на 3то буткање... Епидурална нема, не ти даваат. За царски е пак друга приказна... Девојката која лежеше до мене молела за царски 3 дена. 3 дена ја имаа оставено со контракции но не се отварала. Тек третиот ден, вечерта, и одобрија да ја породат царски на сите маки кои ги видела претходните денови... Инаку едната од цимерките беше породена царски и неа требаше да ја пуштат мислам после третиот ден, но бебчето и фати жолтица, па ја задржаа уште два дена плус. Инаку навечер (особено) шетаа лебарки по собите Сума сумарум, ако немате никакви компликации топ ќе си поминете во Чаир. Редовно менуваат спаваќи, постелнина, сестрите ти објаснуваат за што и да ги прашаш. Јас имам само позитивно искуство дури и покрај журката со лебарките навечер
Нормално дека мачат,јас една недела лежев таму со поминат термин 42+1 и плодова вода скоро и да немаше.Не се отварав и покрај тоа што ми ставија 2провокации,ни болки не добивав.Но после втората провокација бебето имаше мали тахикардии а нареден ден ми викаат ај уште една провокација и не прифатив.Е тука решив да побарам врски (а сакав без) и одма ме земаа за царски.
Само заради ова решив да се пораѓам на приватно. Да те држи со денови додека не почне дете да губи тонови не е никогаш во ред.
Дали ќе ја мачат ќерката на Неџипи,Шпишиќ или Кировски 3 дена,со ризик по бебуш,изнемоштеност на мајката,па и без спинална или епидурална.Е кога неа ќе ја мачат,тогаш и обичниот граѓанин.