Мила да ти кажам право,во прегледот кај Ливринова ме советуваше за природен пороѓај без разлика на миомите што ги имав,во тоа се сложи и Ивановски,но морав царски на едно отварање и бебуш и лапароскопски да ми ги извади и миомите,на што Ливринова не се нафати,па ќе морав пак да правам за да ги вадам миомите,вака 2 во 1и фала Богу се опоравив.Се мислев дали Гак или Систина,затоа што не е само гиникологот,него и неонатолошките сестри,условите и мојата ризична возраст.Се одлучив за систина и не жалам ич.Ме породи Ивановски,а миомите ми го средуваше Темелковски.Беа цел тим пред,на и после операцијата.ЗадоволнаА на Гак не знам како ќе поминев,бебуш ќе излезеше секако,ама миомиве мои како ќе ги средеа којзнае.Иначе имав 2 миома колку портокал во цервикс,не баш наивна работа за средување.Поздравче
Не знам дали ми е за тука прашањето, ако не е нека се премести. Да ми кажете искуство за пораѓај со др. Ели Ѓорѓиевска Николовска од Гак?
А јас лани пред да се породам не можев една жена да најдам со надминат термин, максимум 40+ и ги праќаат да добијат провокации. Не дека е убаво да те остават, само чудно ми беше што немаше ниедна приказна со надминат термин во Чаир. Јас лично од тоа најмногу се плашев, да не се отвориш, надминат термин, без болки, со провокација и на крај царски да завршиш. Мислам дека тие родилки се најизмачени од секој аспект.
Јас со 42+ вечерта пред царски анестезиологот ми вика кај се брзаш ти па убаво е детето да седи во тебе со тоа што е внатре си напредува секој ден по 50гр
како тазе породена во гак имам позитивно искуство можеби дека ми е трето дете па не им обрнував внимание...во предродилна сала и сестрите и докторите беа цело време тука прашуваа како се болките како се осеќам...во родилна сала со соработка полесно се поминува....само да ги слушате што ви кажуваат иако телото само знае кога да дадете напон...кај родилките сестрите редовни поминуваат прашуваат дали сакате нешто за болка,дали бебето цица,дали треба помош при станување за во тоалет....ако се е во ред се пуштаат за 48 часа....поздрав
Е ова е реалната слика заднава година во Чаир. Воопшто не чекаат да дојдеш до 41ва или 42ра недела за да почне природно процесот туку веднаш почнуваат со индукција. И нормално секој организам не реагира еднакво на провокации и многу често цезареа е краен исход. Ако до лани секоја трета родилка е царски, сега е секоја втора (мој заклучок). Статистиката за Мк сеуште стои 30% но јас мислам рапидно расте. Не ми јасно зошто форсирање на природен процес, кога не секоја зачнува во исто време за да трае бременоста точно 40 недели.
Јас се породив во 41ва во Чаир. Со индукција. Голем ризик да завршам со царски поради компликации и заглавување на бебе во родилен канал. Го родив сепак природно,иако го молев докторот да ме прави царски на бокс. Од лебарки не видов ништо,се чистеше нон стоп.
Јас се породив царски (заради што нозете на беба и беа надолу) ама ако можам да бирам меѓу царски и раѓање со провокација,ќе одберам царски. Без врска ми е ова со провокацииве
Мене муабетот ми беше зошто не ја чекаат да добие природно болки? Зошто да ја брзаат? Ако е сѐ во ред. Можеби 40та недела не е "нејзино" време.
Се согласувам. Затоа и пишав, не сакам провокации. Знае телото само кога треба, остави ја природата да го направи своето. Затоа викам, ако одиме по "вештачки" пат нека биде тоа од старт така, со царски.
И јас забележав дека во државна во последно време многу форсираат царски, најверојатно поради претходниот зголемен број на смртни случаи на родилки и бебиња. Сепак како и да е па царски нема многу мачење, нема да осетиш породилни болки и сл. секако во зависност од состојбата, а воедно прворотки и онака ќе бидат сечени дали горе или доле исто се фаќа. Јас колку што видов, во државна почнало по професионално да се работи, докторите доста се ангажираат, ама сепак мислам дека има мал персонал на специјалисти, и недостаток на кадар и на тој начин гледаат да се откачат со царски рез особено од родилките на патолошка.
Кое брзање жити се Вие не сте свесни и која психичка тортура е додека чекаш тие денови, додека на секое рака ти пикаат и вртат за да ти подпомогнат. Да не родеше за час, отидена со 8 прсти отворена пред 40та нед, немаше да го имаш ова мислење. Скроз сум за прекин на тоа малтретирање по толку многу саати, за на крај па и царски да завршат. И незнам кај виде дека одма царски ги зимаат... Напротив пишуваат како ги мачеле со денови со примени по неколку провокации, за на крај царски да завршат. Лесно ке беше да раѓаа сите како тебе, тогаш немаше да постои царски Ама ете ја немаат сите таа конструкција и им треба многу повеќе напор за да се отворат. @PinkGirl* ако постелката созреала порано, бебе само си одмара во меше Мене во 37ма ми ја измерија веќе 3ипол, а 40+8 се роди 3800. Ако беше по логиката на тој доктор, требаше доста потешка да се роди... Имам другарка со позитивно искуство од Чаир, скоро породена Ама во 37ма и пукна дома водењак, од прием до пораѓај 5 часа (првородка), без провокација. Супер би било вака и како @Kitten сите да поминуваат И си знаат они зашто почнуваат со провокација. Созреана постелка, на бебето веќе не му е удобно и тоа се гледа на цтг, намалена плодова, пукнат водењак, можат и одма царски да ги земат нели со овие индикации на многу надминат термин и ич неотворени, ама пробуваат и природно како што читам и слушам... Не верувам дека на некоја без никакви болки, непукнат водењак, доволно вода, постелка незрела, цтг океј ке и бапнат провокации. Мада дури и на многу надминат термин и вака ставаат провокации, што значи дека и упорни се за природно породување.
@mariz па јас не го зборам од мое искуство, остави ме мене на страна. И не станува збор за муабетот царски vs. природно, туку индуцирање без индикација со муабет "доста му е, да го вадиме". Неколку пријателки и познанички што се породија поскоро ова им се случи. Значи зборуваме за состојба кога сѐ е уредно, и проток и плодова вода и останати параметри. Не ги чекаа ни ден над 40та. Јас за глава се фатив и се подразочарав. Посебно за најблиската другарка која беше во таква ситуација. И така ни е крш здравството па сега и за ова да се плашиш. Сегде во светот се оди напред кон смислување што поприродни техники, а кај нас се убедени родилките, еве како @mari_sa, дека исто му доаѓа дали ќе ти го удрат скалпелот доле или горе Важно болките да не се трпеле. @monik55 Мониче мораш да признаеш дека тоа е редок случај. Дај боже на никој да не му се случи, без разлика која била причината.
Не сум слушнала такво искуство.. да пред 40та со сила да ја тераат работата Ако е таква работата, не бива стварно. Ама вака од тука искуства, со индикации душа им вадат... Зашто на ризик да се става бебето и мајката за само природно да се успее. Другарка во Чаир со близнаци ја чекаа до крај, природно ги роди во 39та. Уште неколку имам што се таму природно породени, која едвај, која лесно. А и неколку што се царски после душа вадење. Другарка баш ми викаше.. веќе накај сала кога ме носеа за итен царски не се сеќавам зашто немав душа и енергија од изнемоштеност. Неа и пукна водењакот точно на денот. Не верувам дека е тоа до докторите, тоа е ваљда до твоите другарки...