На цтг отидов во 38недела кај др.Шурлани тогаш правев и крвна слика таму, ми рече дојди за една недела т.е. во понеделник ќе те задржиме во вторник ќе те оперираме.Отидов во пон. Но кај него премногу гужва неможев на ред да дојдам па отидов кај др.Младен он ме прими и наредниот ден ме оперираше.За тебе улошки и лична хигиена,а за бебе пелени,влажни и павловичева.
Јас бдв со царски кај др Исмаили, два дена пред тоа бев хоспитализирана со болки ми правеа крвна слика, ми ставаа прпбокации и цтг, но се отворив само 1 прст и ме зедоа на царски, Инаку ти треба пешкири влечки влошки со мрежа гаќи и прибор за лична хигиена. За после пораѓај бистри сокови вода и ледени чаеви
На договорен царски одиш еден ден претходно, пр. јас отидов недела сабајле, а се породив понеделник 12:30. Цтг ти прават постојано во соба во патолошка кај што ќе лежиш пред породување, крвна слика исто, клизма сабајле ти стават на ден на пораѓај, катетар пола саат пред пораѓај... носев мало куферче и се во него ама да ти кажам не го отворив, само влошки една сестра ми извади и пелени, го вратив дома спакуван, од болки од раната неможев да мрднам. Инаку носев: влошки вир 3 пакувања, пелени памперс најмало пакување, влошки за гради, влажни м. за бебе, тоалетна 1, паломи (бебе бљуцка да го забришиш), една тетра пелена, земи си некое џемперче или тренерка сега е поладно, чорапи, крпа една голема за туширање и мала за раце, сет за хигиена. Се земав, а ништо не употребив. За бебе и за тебе ти носат на ден на излегување, не заборавај да ставиш еден памперс во таа торбица. Инаку мене ми закажаа 39 недела. Рано ти е. Беше ли на преглед? Си одбра ли доктор? 3 дена после породување си одиш. Јас отидов на 25ти, 26ти се породив, а 29ти не пуштија.
Можеби е рано, 29+2 сум, ама по многу мислење се решив за ГАК. Кажете ми од која недела се оди таму на прегледи и кој доктор ќе ми го препорачате? И тие што сте природно породени за колку дена ве пуштиле дома? А да , ќе заборавев, која е процедурата,каде треба да кажам дека сакам сопругот да присуствува на пораѓајот?
Обично од 36 та се оди на ЦТГ и ехо прегледи. Природно породени, зависно дали е се ок со мајката и бебето, обично пуштаат за 2-3 дена. Јас во Вторник попладне се породив во Петок не пуштија дома. Е сега за делот да присуствува сопругот на пораѓај, според мое познавање - тоа само во приватниве клиники. Јас знам дека овде не смее.
Zdravo Kolku se plaka vo cair za poroduvanje? Mislam na zdravstvenata usluga so osiguruvanje (plavi kartoni). Dali ima razlika megu carski i prirodno vo cenata? Fala
Ова е само ако си бараш специфичен доктор за пораѓај или сакаш да си договориш царски под маса. Ако одиш како што е регуларно, те пораѓа тој што е на смена, тој одлучува дали треба природно или царски и не се плаќа ништо како и да се породиш.
Добро жени во ред е ,во секоја болница се случуваат неубави работи....окејј???И од каде се наоѓате толку компетентни да зборувате во која болница има најмногу смртни случаеви а во која помалце...некоја статистика имате...дајте да видиме и ние, покажете еве ајде во која болница имаме најмалце шанси да умреме може??? за таму еве сите да одиме, Млади луѓе сме тука претпоставувам за вакви прости муабети да се тераат,муабети од комшика ,братучетка ,тетка и стрина ...ОПРАЈТЕ СЕ МАЛЦЕ ОД МАЛЦЕ
Не се плаќа ако дојдеш на ден пораѓај без договорен царски и без избран доктор. Ако сакаш доктор да избереш и царски зашто така ти се сака а нема проблеми тогаш се плаќа. Не на болницата туку на докторот