Ме породи со второто бебче.Јас сум многу задоволна од неа.Стручна, смирена, секогаш достапна за разговор
Се породив на договорен царски. Бременоста ми ја водеше др. Ана Марија Шпишиќ, таа и ме породи заедно со др. Исмаили. Не платив ни денар, никој не побара од мене. Случајно ја избрав Ана Марија, нити ја познавав нити некој ми ја препорача.
Имам две познанички кои си договорија царски едната со врски,а другата со поклонче во кесичка на гак,имаа нормални бремености и самите си се фалеа дека кај таа и таа докторка си се договорија царски.А јас ги прашувам-"Па како тоа така нели не е протокол,ако нема индикации нема царски,но еве кај роднини и пријатели можело и царски и без индикација.
Нормално. Никогаш не би посакала да се породам царски без причина. Во соба бев со уште две со кои се породивме во иста ден исто царски, едната поради голем диоптер, а другата карлично свртено бебе. И двете кај иста докторка (не се сеќавам на име) платиле по 300€. Јас уште пред да одам на прв преглед си реков дека нема да платам како и да се породам. Нив им е должност да не породат и сигурно не би ризикувале да предизвикаат компликации па после да одговараат, тоа им е работа, ако кажеш дека немаш пари сигурно нема да го загрозат животот на бебето. Сами си правиме едни на други, сами сме си криви дека бараат пари, еден да пријави ќе видиме дали ќе бараат. Ако е за пари ќе си платам во приватна, а не лебарки да ми го лазат детето во Чаир, па уште пари да бараат. Имам лошо искуство, да ми побараа пари ќе направев скандал, катастрофа услови.
Извини ама не реков 300€, туку реков ако е за пари, инаку со првото во ремедика си платив 500€, значи плус 200 и поминав екстра, со прекрасни услови. Истите пари ги потрошија цимерките давајќи на сестрите по некоја 1000дарка башка скапи пијалоци. Во државна болница како што е Чаир не се дава ни евро а не па 300 или 500, тоа е мое мислење.
@Scorpion91 Малце те излажале со тоа 300€. Мене Исмаили ме породи и му дадов 200€, толку рече тој. Толку им е макс тарифа. И пак и пак би платила за да го имам тој третман каков што го имав во Чаир. Тешко малце дека и со 500€ ќе се породиш во приватна, уствари да, сега Санте има таква понуда дека никој жив не им стапнува
Не знам какви услови си очекувала и каков третман. Два пати се породив во чаир, и трет пат да раѓам таму ќе одам. Мене се ми беше океј. Не знам што очекувате, ко да таму ќе живеете цел живот. И, да, двата пати не платив ништо
И ја дадов колекции и пијалоци скапи ама пак не ме кошташе ни приближно како во приватна клиника, а се осеќав како царица и условите беа ок Е сега немаше тв и не бев во соба сама ама јбг па вреди за тие 4 дена заштедив 100.000ден. Инааку за тие пари работам три месеца. А тоа дека бубашваби ти го лазат детето ти е безврска коментар, нема шанси негде такво нешто да си дозволат. Е сега ако ти имаш желба да те породи некој доктор, а тој не е на работа во моментот нормално дека ќе си платиш екстра иако е на државно не висат докторите на клинче па да исполнуват желби на пациенти. Џабе се плука по државното таман си е за безпари
Јас не плукам по државното, лично бев "изгорена" за да се пораѓам во Чаир, но послем 1000 пати се покајав, не заради условите, тоа да го ставиме на страна, персоналот таму се иживјава, од прв ден породени царски ни ги оставија бебињата 24ч што не било случај порано, умрев од главоболка од анестезијата и барам сестра да дојде да ми даде парацетамол, иако 3 дена нема јадење за нас со царски, но никој не дојде, утре на визита дојде Исмаили и му се пожалив па тој нареди да ми се даде систем, при тоа и се онесвестив, дека гладна не јадена, а за лебарките има и те како еве слика кај шо на лавабото има 3 лебарки а одма десно креветчето на син ми, на железото убив лебарка, ако не сакаш не верувај не ни мораш но ја си знам како ми беше. Не очекував некои услови но барем грижа, раната ми пукна од шо го кревав малиот, после на ново шиење, 10 дена неможев да станам, раната крвареше. Поминав лошо и нема да се стапнам повеќе, можеби да се породев природно сега немаше вака да зборам, немаше да имам главоболка, ќе јадев, ќе станував без проблем... а тоа дека имав желба некој да ме породи немав, кој беше на смена тој, не барав да дојде дроктор, самата таа ми залажа на ден кога е на смена.
Vam ako vi e taman, nekomu ne mu e. Drzavno e katastrofa i nikoj nema da me ubedi vo sprotivnoto oti zboruvam od iskustvo, a ne od rekla-kazala.
Па и нас од искуство ни е таман. Ако слушав рекла казала се се изначитав и ислушав тргнав со 300мисли и дека може да умрам. Условите не се совршени ама пак и ретко кој и дома има совршени услови.
@Scorpion91 Малце те излажале со тоа 300€. Мене Исмаили ме породи и му дадов 200€, толку рече тој. Толку им е макс тарифа. И пак и пак би платила за да го имам тој третман каков што го имав во Чаир. Тешко малце дека и со 500€ ќе се породиш во приватна, уствари да, сега Санте има таква понуда дека никој жив не им стапнува[/QUOTE] Малце ме излажале? ☺ Мислам тебе те излажале. Брат ми пред две години кога снаата се пораѓаше плати точно 500€, т.е. две плика по 250€ кои му ги побара Пранвера Изаири. Неможеш ти са знаеш "колку им е тарифата" кој колку сака си бара. Инаку мене ме породи Исмаили и не ми побара ни денар. Муабетот ми е дека во државна болница не е плаќа тоа е веќе МИТО а не дека во приватна е 500 или мезнам колку... ни 50€ не се дава, затоа нема да не биде нас, од ваков криминал. Очекував грижа од сестрите за бебето и мене, очекував да ми подадат рака, апче за глава... ништо повеќе, ни хигиена не очекував, ни тв, ако сакав нешто ќе земев апартман, муабетот е дека за пари што бараат не е океј, инаку и јас се породив без да платам. Тие што платиле и велат дека вреди според мене грешат, мене тоа ми е муабетот ама гледам грешка бев сватена.
Јас па имам спротивно искуство за во Чаир. Пред скоро 3 години породена таму и услови и грижа од се сум задоволна. Иако природно породена кога не ми се стануваше од кревет им викав јадење во кревет да ми донесат да не одам јас таму да јадам. И кога сакав ми го носеа бебето и кога сакав ми го зимаа и дека некој ден беше во инкубатор си одев по цел ден да си го гледам иако викаа само два пати во денот смееш да одиш. И јас не платив денар и сум многу задоволна.. ни бубашваби ни лебарки ни ништо. Секој ден чистеа вц кога и да побарав постелнина или спавача без збор ми даваа нови. Здравје и за ова второ пак одам Чаир
Jas pa obratno. Slusav deka personalot e super i dostapen vo sekoe vreme, ama nisto od toa. I daj te molam so toa deka i doma nemalo dobri uslovi. Sporedbava ti e
Не викам дека државните болници се супер. Не се. Во никој случај. Конкретно за чаир зборувам, дека јас сум задоволна. Од искуство. Два пати. За други болници не знам.
За жал јас не го искусив тоа. Многумина велат дека веќе не било како до пред 2 години, праевме муабет со жени кој се пораѓаа по втор пат и беа изненадени од третманот, инаку породеба царски од прв ден ми го оставија бебето до последен а бев уште со катетар, само идеа на 4ч да му менат пелена. Само која била царски знае како е од прв ден со бебе. Претходно им ги зимале бебињата но овој пат ни ги оставија, наводно многу гужа било, имало 40 бебиња во иста ден родени и неможеле две сестри да постигнат.