По пет прсти на двете нозе и по пет прсти на двете раце броела она на вториот скрининг (ако бил скрининг) и наплаќала убава сума за скрининг, парите дирекно во новчаникот. И до последен ден пред породување тврдела дека се е ок. На породувањето се виде деформитетот, и сите од семејството ги блокира. Точно. Да знаеле родителите, а требало да знаат најкасно до 22 недела, а и порано, можеби немало мајката да продолжи со бременоста. Дури и ги поттикнувала за трето дете со оглед што на мајката и е трет царски уверувајќи ги дека она ќе води сметка за се да биде ок.. Повеќе од 10 години и била матична на мајката затоа и верувале. Нејзината цел биле само наплатата на скапите услуги. По породувањето сите од семејството ги стави на блок. Нејзините лаги немаат крај. Не прифаќа никаква одговорност. Дури таткото има пријава дека ја нападнал, што не е точно. Она на Сител објави, ама оти не се кажа дека е матичен доктор. https://sitel.com.mk/kavadarchanka-...L6kR3lTFFR9yw7bRwQ_aem_RhiiJJbTDb9s7NYOgnQPsA
Претпоставувам дека си од фамилијата на детето. Најискрено жалам за случајов. Мене нешто не ми е во ред штом молчат институциите. Овде треба реакција од МВР, Обвинителство, Министерство за здравство, комисии, изјава од болницата каде е водена бременоста, изјава од докторката која ја водела бременоста... Не може пола Кавадарци да има проблем со докторкава и никој да не ја санкционира.. Ја слушаме само страната на родителите, сакам да ја слушнам и другата страна. Искрено жалам што детето е доведено во ваква ситуација...
Не ќуте, родолжува да лаже. Ама не кажува дека е матична. Таткото има пријава затоа што случајот го кажа во јавноста. Измислува лаги. https://sitel.com.mk/kavadarchanka-...L6kR3lTFFR9yw7bRwQ_aem_RhiiJJbTDb9s7NYOgnQPsA
Таткото има пријава, ама документите од болницата се важни. Важно е да се види во болницата како се водела бременоста. Не бранам никого, ама овде има нешто подебело штом сите смирено молчат.
Детето и семејството се осакатени многу. Детенцето најмногу. За другите случаи не знаеме, за овој случај од минатата недела има поднесоци до сите соодветни институции. Тоа значи ,,дебело,, ја штителе, штом и до сега имала многу осакатено, а си продолжила да си работи со лажни прегледи како во овој случај (тврдела се е во ред) и тоа по скапи цени. На породувањето се виде дека ги лажела. Таков случај доктори со по 15, 20, 30 па и 40 години искуство немале видено. Тоа морало да се види на ултразвук, ехо, скрининг и да им се каже на родителите па да си одлучат дали ќе продолжи мајката со бременоста. Ако е стручна зошто не виде ваков деформитет? Или да и кажала не можам се да видам, да ја прати на клиника а не до последно да и кажува се е во ред. Зошто кажувала кај неа се прават скрининзи? И на мајката на дететцето и е матична повеќе од 10 години, (имаат две здрави деца од девет и пол и седум и пол години) секогаш достапна а сега ги блокира, и со ваква лага ги осакати и детето и родителите за цел живот. Се надеваме дека правдата ќе победи.
Сега ја гледам дискусијава и морам да коментирам. Камка одамна ја проценив дека е тотално нестручна за некои работи кои си ги фрла како од ракав. Да не зборам за односот кој некогаш и е тотално безобзирен и безобразен. Скрининг прават доктори кои се стручни за тоа. Секаде не се иде За тема ,Кавадарци и гинекологија не ни треба да се коментира зашто таму гинеколози асални одамна нема. Има уствари сега една ,што заврши пред две години ,можеби и не е ,незнам зашто доста е помала од мене и ете ја доктора.
Ееееее и јас одамна ја знам, од детството, уште тогаш беше алчна, а за стручна знам колку е, ама ете и веруваа. 10 години и е матична на мајката, има две деца без никакви проблеми, па затоа и веруваа и за третото. А фалбите нејзини, за стручност и апаратура, лаги. Сурово ги лажела за скапо наплатени услуги. Се надевам дека правдата ќе победи. За 10 години матична којзнае колку грешки има од несовесно и нестручно работење. Секој не е за доктор.
ДА. Пријавена е, со адвокат родителите поднесоа кривична пријава до обвинителството и сите други соодветни институции. Се надеваме дека соодветно ќе биде казнета и правдата ќе победи.
Здраво,дали знаете кои доктори идат сега во болница во Кавадарци? Некој да сподели искуство од докторите и пораѓај?
Викторија Јованова, Миле Тантуровски и Игор Алуловски - овие знам дека доаѓаат. Адела, Даниела, Ели - тие веќе не идат.
За докторката незнам ама за сестрите се најлошо се изнаслушав До толку ли е лоша новава млада постава?
Јас две родив таму во 2016 сестрите ме породија и беа супер исто и за второто 2018. Повеќето се уште таму на раб и беа супер,за новите доктори не знам.
Јас се пораѓав во Кавадарци пред 8 години, персоналот беше прекрасен. Сега се спремам за втор пораѓај тука, од друг град идам и знам дека се стручен кадар и болницата е на повисоко ниво за разлика од многу други. ГЛедам дека само ти и Дениз зборувате лошо за кадарот, и за Др. Сиваков и за сестрите, кога баш напротив се многу стручни. И не е точно дека малку деца се раѓаат во Кавадарци, пред скоро време имаше објавено докторот 7 дечиња родени во еден ден, не е за потценување. Немојте да ги ругате и омаловажувате здраствените работници, имаат прекрасен кадар, сте се научиле сите само да плукате по нешто, некои луѓе се плашливи и зимаат се здраво за готово.
Вака кога читам рекла казала муабети за гинекологија во Кавадарци, и за персоналот, многу ми е смешно. Врска нема тоа што се зборува по градот, од лично искуство кажувам. Со синко се породив во 2018год, тогаш беа доктори само од Скопје, и овдешните сестри, претежно повозрасни. Супер поминав. Лани во 2025 се породив со бебка пак на истото одделение, со д-р. Сиваков + д-р од Скопје, и имаше 4-5 нови, млади сестри. Уште позадоволна бев овој пат, хигиена, внимание, се е на повисоко ниво од претходниот пат кога бев таму. Така да , ако немате искуство, ве молам не ширете муабети само. И јас бев голем скептик за вториот пораѓај, баш поради тие муабети, ама увидов дека ништо не е точно. Сите се баш професионални, од доктори, до сестри, до хигиеничари и болничари. Затоа е и се поголем бројот на новородени, се препороди одделението.
Здраво мајки, може ли да сподели некој искуство за породување оваа година што се има погодено кај докториве што доаѓаат од Скопје, какво е вашето искуство? И какви се условите во болницата? Фала ви ❤️