Породување во Плодност или Државна во Битола?

Дискусија во 'Бременост' започната од NewMommy, 7 јануари 2016.

  1. NewMommy

    NewMommy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Здраво, ја отворам оваа тема бидејќи во сите теми за болници и пораѓај преовладуваат Скопските болници, а мене ме интересира како стои работата со Битолските болници и каде е подобро да се пораѓаш. Знам дека приватното е поубаво и „побезбедно“ со оглед на досегашниве случувања и скраја да е трагични завршетоци на пораѓај, па секој ден на ТВ слушаме приказни што секојдневно се случуваат по Државниве болници и едноставно човек да се плаши да појде на болница и да се прашува дали жив ќе се врати од таму. Сум била два пати во Битола, на Државна ама не сум ич задоволна. Бременоста ми ја води Д-р Елизабета Никодинова од Генезис, и бидејќи сега може да се направи ПРИСКА тест на државно, јас и реков дека сакам на државно да го направам и така и беше. Ми пиша упат за кај Д-р Васа Божиновска мислам дека се вика (Не сум сигурна за презимето), и јас си појдов. Се си течеше во најдобар ред, жената фина, културна, како мајка ме пречека. Е сега замерка ми беше што прво, не е за да се жалам, бидејќи мора и практикантите да имаат некоја пракса, ама една војска луѓе имаше со мене внатре на прегледот. Ај беше само преку стомак ехо, ама и да требаше поинаку, мислам пак ќе си беа сите внатре и никој немаше да ме праша како ми е мене. Е тоа е прва работа. Втора работа, јас немам никакви тегоби, ни болки, ни ништо, се си е најномално (Фала му на Бога!) и тоа и го кажувам на докторкава, а таа ми вели пијај Спазмекс секој ден по едно. И многу логички јас не ја послушав бидејќи тие се штетни за бебето и воопшто не се препорачуваат, колку што знам. Другиот пат, јас и реков на мојата матична докторка, да ми даде упат за кај Д-р Никола, ама не знам презиме :?:, бидејќи требаше да се направи скрининг на срцето на бебето. Овој доктор ми беше препорачан, демек најубо е кај него да појдиш, од страна на една сестра што работи таму. И таа ми рече ќе му кажиш дека јас те пратив кај него и тн. И одам јас кај докторот на преглед кога тој, уште од врата „Каков проблем имаш?“ Јас си помислив се шали човеков и се смеам и му велам, немам проблем, бремена сум. И тој пак, гледам дека си бремена ама кој ти е проблемот. И онака ептен непријатно се испонаша, што јас заборајв и која сестра ме прати кај него и се. Јас пак му велам немам проблем, ме прати тука матичната на редовен и неопходен преглед. И кога почна да вика, „Која докторка? Зошто без потреба ве праќаат тука? Зошто идиш овде кога немаш проблем?“ И јас останав здрвена. Не знаев што да му одговорам. После прегледот беше 2 секунди, демек виде нешто на екранот и не ми даде ни хартија да го избришам гелот од стомакот и ај, пријатно.
    И сега си велам, што да очекувам од овие доктори за пораѓај? Како јас да му го доверам, прво животот на моето бебе, а после и мојот живот? Воопшто немам доверба. И сега како поминува времето и доаѓа терминот со мм разговараме кај да најдиме врски, кој да дојди со нас на пораѓај бидејќи не знајме сами да се снајдиме во таа „џунгла“, кого да потплатиме, колку пари му се дава и кому и кога? ..........................
    И можеби најдобро е директно во приватна во Плодност и без мито, без нерви да си платиме регуларно и да „спасиме жива глава“ што е најважно од се.
    Ве молам дали има некој претходно искуство со болниците во Битола, и дали мислите дека е подобро на приватно или на државно? Јас мислам дека на државно ќе ги дајш, ај можи не истите пари ама приближно толку пари и ќе бидиш третиран како животно, ако немаш некои појаки врски се разбира. (facepalm)
     
    На Belabelinakinder и S.Snezana им се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.135
    Допаѓања:
    19.150
    Пол:
    Женски
    @NewMommy можеби прочита дека се породив во Плодност и тоа баш од овие причини што ги наведе. За условите не кажувам, не сум принцеза за три дена да се решам да дадам толку пари само поради тоа. Имам лежено претходно во битолската болница и тој што бил знае каков хаос е. Другарка ми лани се породи топла вода немаше, шишиња и носевме. Пак ќе речам настрана тоа ама до 23 недела негде и јас имав иста дилема, а мм беше сигурен дека во државна ќе се пораѓам. Бев во 22 недела на скрининг во Плодност, СЕ беше во ред со бебето. Добив и извештај и слики и напишано за секој орган описно дека е во ред.
    По 2 дена, во недела беше, имав многу течен исцедок, зедов упат од итно и одма в болница. Прво што беа заклучени, се изначекав за сестра да излезе. После чекавме во ординацијата да се појави доктор. Од почеток арогантно се постави, го избрка мм надвор (многу сум била исплашена, може ќе сум се жалела нешто од него). Второ беше многу груб ме прегледа со прсти и се изнасмеа што сум мислела дека е плодовата. Ме направи глупава. И најважно ко ми рече да направел скрининг и му кажав дека правев во Плодност збесна и ми рече исцедокот ми бил од што сум закачила инфекција таму. Инсистираше да земе мерки од бебето и ајде се согласив, не му ја знаев намерата. Ме гледаше 20 минути, се мрштеше, правеше фаци и на крај ми вели срцето на бебето го видоа во Плодност? Му кажувам дека беше во ред, а тој ме праќа во Пп кај некој специјалист за 1500 да ми кажел што му е. Го премолив да ми каже, ми се развика дека сум досадна, многу прашувам, немало во Плодност така да ме трпат. А и не бил тој доктор за срце, обавезно да сум одела кај тој што ме пушта и да се вратам да му кажам што ќе ми речел. На слепо ми препиша панцеф и уште нешто, а чисти ми беа и брисевите и уринокултура имав чиста. А и какви навреди кажа за докторката во Плодност, страшно нешто. Избезумена бев, со плачење излегов, се јавив кај докорката и по два дена ми закажа без пари да провери дали е се во ред, да не пропуштила нешто. Не беше изненадена кога и кажав што ми се случи, само рече- имам видено и полошо само жалосно што исплашил трудница толку.
    После случката мм реши да не одиме во никој случај в болница, бевме и уште еднаш во Плодност на скрининг за срце и се беше во ред.
    Може нема секој лошо искуство и не поминал секој лошо в болница ама тој што е во можност не треба ни да размислува, разликата е огромна!
     
    На irenadaniel, S.Snezana, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.316
    Допаѓања:
    20.396
    Пол:
    Женски
    Незнам јас да сум искрено не би дала толку пари за 3 дена. Да условите се поубави те држат в раце ама ако господ не клај рака џабе ти е се. Е сега ако не дај боже има некој проблем да тогаш нема ич да размислувам и ќе одам во плодност. Мене матичен гениколог ми е Славко Пејовски-Генезис и за него можам да кажам само позитивни работи, никогаш не повишил тон секогаш е посветен на работата. Ние искрено многу сме задоволни од државната во битола цела геникологија беше крената на нозе за јатрвами. Незнам дали дека приjатели ни се сите, а сигурно е до тоа. А и требаше да се породи јатрвами кај никола амa му излезе случај па замина за прилеп тој. Куќни пријатели сме. И само алал да му е.
    За хигиената беше 5ка вода топла, дезинфекција секое сабалје и ред други работи. Ние искрено сме задоволни од државната и здравје боже ко ќе дојди ред за мене таму ќе де пораѓам.
     
    Последна измена: 7 јануари 2016
    На LUCERKA и NewMommy им се допаѓа ова.
  4. *Cloudy Girl*

    *Cloudy Girl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2015
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    407
    ne sum uste ni trudna , a kamoli da mislam za poraganje , ama vo drzavna ne odam pa ne znam sto da bidi, ako treba kredit ke krenam so se veli i ke odam na privatno , vo ovaa nasa skapana bolnica , ne funkcionira nisto , pa ne prijateli da imas , pak sestro na gnasnite carsavi od JNA ke lezis , i uste ke trpam nekoj da mi soli um , i ke mu davam pod raka nesto , demek da se pocastite , kolku e be edno kafe i eden rucek 500 evra , ke gi trijam jas doktorite i doktorkite , za to so se plateni da go naprat , ma marsh , neka se gonat , nekolku pati od maka sum bila na drugi oddelenija od sto nemalo kade , na urgentna e slucaj za sebe veke , i imam uste mnogu ama aj dosta e , da ne cita nekoj doktor ke go zdoboli mozi
     
    На Natasha1991, Kitty1992, irenadaniel и 3 други им се допаѓа ова.
  5. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Да ми даваат пари нема да одам во државна. Јас мислам сите треба по една свеќа да му палиме на Таше за ова што го направи посебно за бремените и оние кои имаат проблем . Во болница се најголемите идиоти што имам слушнато . Болно љубоморни на докторите во Плодност и само тресат глупости . Да не кажувам какво лоши искуства имам со другарки на државно што се пораќаат. Ги нарекуваат крави , неписмени им се дерат катастрофа не сакам ни да помислам да влезам таму . Да приватното кошта и јас се согласувам но сите имаме некој денар на страна и мислам не е толку висока центата. Од се срце ќе им ги Дадам сите потребни пари за добар културен однос кон мене и моето дете ! Плодност е мојот избор и 100% сум сигурна дека не грешам ! И уште ова во државна на сите треба да има дадеш по 100-200-50 евра кога ќе собериш некој денар плус во Плоднос ќе платиш!
     
    На Teliko, LUCI 99, LUCERKA и 5 други им се допаѓа ова.
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.968
    Jas ne sum od Bitola, no bev na glavniot skrining vo Plodnost, prv pat, gi najdov na internet, se javiv i zakazav kaj dr. Vlatko, me prasaa na tel. kaj koj sakam ama ne znaev ni eden dr. i po slucajnost rekov aj neka bide kaj dr Vlatko i prezadovolna sum, prekrasen covek, duhovit, se detalno mi kaza za bebeto i taka. ;)
     
    На irenadaniel, S.Snezana, jacqueline.s и 4 други им се допаѓа ова.
  7. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.192
    Пол:
    Женски
    Јас се порајгав во државната болница во битола секако со потплатена докторка зошто таму е лудница не се знае кој каде оди и што прави, . Се знае дека приватно е подобро ама сепак секој нема50-60 иљади денари да плати за 3-4 дена , и ако се е во ред со мајката и бебето три дена не се умира се издржува, јас уште пред да се порајгам се договорив со неа и и кажав дека ке и платам само и реков шиењето да биде со анестезија, дека на сите други без ги шиеа и многу се жалеа страшно, си појдов фино лепо дека со провокација си бев цело време ме нагледуваше како течи отворањето ме породи тука беше цело време, и секако најбитно ми стави анестезија и не кукав за шиењето, добро јас задоволна сум од неа и тоа е што ке се прави се научиле сега да им даваш нешто ако не им даваш воопшто не те гледаат ,така е во битола,
     
  8. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.192
    Пол:
    Женски
    Еднаш имав потреба да одам и во плодност со малата на контрола од државна ме пуштија таму,и секако првиот преглед го плаќаш а вториот е безплатен така е таму, се знае приватно си е приватно стапките што ги правиш таму ги плакаш да ти е страв да влезиш и да чекориш, но се разбира најбитно е здравјето на бебето и мајката во ризична бременост не се ризикува , во државна ако не подплатиш некој лошо ти се пишува те оставаат сама да седиш и да кукаш со болки,, најсмешно ми беше во државна што телевизор имаа во предпородилна зошто ми е таму кога сум со болки а кај што лежиш нема ништо а таму е подосадно
     
  9. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Ако не е тајна колку потплати ? Бидејќи во Плодност природно е 35000 ?
     
  10. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    5.350
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со на сите мислењата.Ама што правиме ако некој нема да потплати во државна?Ке речите сега е како па треба да собираат да се спремаат,ама не е така.Едноставно некој нема.Зема плата 10000 никакви на пример и плаќа кирија да речам.Со што ке го/ја подмити доктор/ката?Дали има сурат докторот кој е платен за тоа да бара мито и тоа да поминело све во најдобар ред?Да не треба да им се плати за да се трезни кога пораѓаат?Срам да им е.Ако има и тој што има нормално дека не гледа во такви моменти,ама тој што нема или што ке однесе 2л кока кола и една бомбониера треба мајката и бебето да ѓи остават 3 дена на милост и немилост и да се врткаат околу тие што потплатиле?!?!?1
    Ми се гади од политиките наши,а сите се прават светци
     
    На MayDiamonds, mareane, S.Snezana и 4 други им се допаѓа ова.
  11. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.192
    Пол:
    Женски
    Tакви се тие незнам зошто порано не беше така сега претераа само да им плакаш за да те гледаат
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.192
    Пол:
    Женски
    6000 денари и платив односно 100 евра, абе тие немаат страм , и реков 50 евра аа за толку не се нафаќам ми рече као демек многу тешка и е работата а ние се мачиме и плачиме од болки , инат ми е што то им е работа а пари сакаат сите исти се
     
  13. minne992

    minne992 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.192
    Пол:
    Женски
    Луцерка никој нема пари од вишак да фрла ама кога не можиш приватно ке одиш државно, свекрва ми рече од уста ке вадиме и ке и платиме ,поројгај е ова не е играчка, имаше една жена некој сат после мене дојде цела нок ја оставија со болки да седи демек не е отворена е пушти ја побрзо да течи провокацијата ама не тие си ојдоја да си здремнат малку и остај то после без анестезија ја шиеа и кутрата не можеше ни да седни ни да стани лом беше цела
     
  14. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    5.350
    Пол:
    Женски
    Јас сум повеќе за варијантата ако имам ке почастам од кога се ќе заврши,а не да плаќам некој кој се заколнал дека чесно и професионално ке си ја врши работата и нема да прима мито.Добро бе жени треба да ѓи плаќаме за да не породат без последици?
    Ова е ужас.како не им е срам.Каде им се моралот и етиката побогу?
     
    На mareane, S.Snezana и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. *Cloudy Girl*

    *Cloudy Girl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2015
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    407
    Mislis deka veruvaat vo zakletvata ne ako veruvaa nemase ova da se slucuva
    Pak si pominala so lesno @minne992 se plaka i poveke znam od moi bliski na krajot stignaja do cifra od 500 evra i nalet so ke platis tuku posle treba i da go pocastis cel tim od skara do cokolada oti taka e redot,
    Ama od edna strana i tie sistemo gi napravi da bidat takvi , ako bea dobro plateni i ako imase koj da im gi stegne uzdite bogami ke se plasea da gi polnat kancelariite so milka cokoladi a vo mantilot samo stranski valuti
     
    На irenna и LUCERKA им се допаѓа ова.
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.968
    Јас и со двете бремености, природно се пораѓав, поминав без никаква анестезија и шиењето ми беше без анестезија и искрено не е ич страшно како што замислувате и опишувате од други слушано случаеви, до дека не го осетете на своја кожа и пораѓајот и болките и шиењето, немојте да се потресувате за ништо, не слушајте никој, секоја жена си е приказна за себе и се е индивидуално. Ете јас не осетив којзнае колкава болка од шиењето на живо, додека е уште жешко не се осеќа толкава болка, а за седење ни јас не можев 2 недели да седам убаво затоа што е шиено местото, нормално, но болката не е толку страшна како што опишувате, верувајте :)
     
    На mareane, Wanna.be.mum, LUCERKA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    7.826
    Браво за храброста, меѓутоа шиење во 21 век без анестезија е апсурд.
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.533
    Пол:
    Женски
    Здраво не знам колку е соодветна тамета, ама толку ни се некадарни докторите, да не знаат дали треба да сечат или не, дали ќе излезе бебето без проблем или не? На Википедија пишува дека тоа повеќе не се практикува никаде освен, на Балканот, на Блискиот Исток и други заостанати земји. Иначе би отишла на приватно, во Битола ни роднини на болница веќе не ти помагаат.
     
    На *Cloudy Girl* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.135
    Допаѓања:
    19.150
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека ако одев в болница ќе пробаа природно и ќе се измачевме двајцата. А во Плодност ми рече докторката воопшто да не пробувам со скоро 5 сантими цервикс, со високо поставено бебе ( главчето му беше кај папокот) и плус големо. А и јас со екстремна тахикардија и пулс од 160.
     
    На S.Snezana, jacqueline.s, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    103.202
    Јас си се плашев во глобала од бременост и порагај како што си учев, си праксирав по болниците и аптеките, сега сум сигурна дека од сега ќе почнам да си берам пари за ко ќе се пораѓам. :worried: :worried:
    Па надежно дур дојди време, за неколку (баѓи) години ќе имам барем пола сума :sweat:
    Знаев дека е лошо во државната, ама не очекував до толку зошто мајка ми изненадно лесно помина со брат ми, без врски и такви работи ама можеби се работи само за среќа и ги начека докторите расположени и наспани ... нез :?:
     
    На sanjaж му/ѝ се допаѓа ова.