Фана, сега видов одамна си го поставила прашањето, па сакав да ти кажам дека јас знам еден таков случај, или барем сличен. На пријателка на мајка ми, ќерката отишла со пукнат водењак во државна. По одредено време чекање, ниеден доктор не дошол да ја прими. Не знам дали сестра или некој друг од персонал ги прашал дали се договориле со одреден доктор за пораѓање (знаеш на што мислам) и овие рекле не. Почекале уште некое време, ама фатиле веќе посилни болки, нит доктор, нит сестра не дошле и сфатиле колку е саат, па заминале во Плодност и таму се породила.
@lavica82 Др.Кристинка Пајаковска ме пораѓаше, во тимот беше и Др. Владимир Поповски. Пораѓајот помина многу брзо, со спиналната немав проблем воопшто, после пораѓај се примаат инфузии нонстоп и течности, а станав еднаш после 8 часа од операцијата и потоа дури нареден ден со помош од сестрите. Со раната немав проблем воопшто, вториот ден дозволуваат туширање, а сега после скоро 3 години не се познава воопшто и е многу долу под линија на гаќите. Од сестрите сум задоволна, нонстоп се достапни, исто и докторите. Друго прашај поконкретно што те интересира.
da ne zanes dali i dr.tashe prave carski, i dali unapred bese ti dogovorena,za denot koga ke bide carskiot
Мене Таше ми рече ајде спремајте сала за царски,а дојде син му ако мора кај тебе конкретно Таше тогаш со него ќе си се договориш,инаку и мене ме породи др.Пајаковска и син му на Таше. Јас сум презадоволна
@lavica82 да, договорена бев два дена пред термин бев на преглед, имаше индикација за царски и почнав со подготовките. Од претходната вечер се оди за царски, и има подготовка со исхраната даваат листа и прават анестезиолошки преглед. Пораѓа и Др. Таше ама поретко. 5 дена си во болница, а цената е сега сменета има на страната на Плодност да си пресметаш, колку чини операција, плус од ден се плаќа, ко се пораѓавме со @m.i.g се беше во цената.
Можеби е глупаво прашањево, но ме интересира катетерот дали го местат пред или после анестезијата ме интересира за царски тие што се породиле со спинална
Многу не ја фалат оди кај благоја човек на место зборови немам за него и кај марија сум била ама нема замена за благоја мое мислење
Јас ќе одам во државна болница здравје Боже, немам пари за Плодност. Неколку познанички што се породија скоро во држав8на убаво поминаја. Кај и да се пораѓаш ти треба да го родиш нема лесен пораѓај, само Господ да е со нас.
Јас сакам да одам кај Благојче. Презадоволна сум од човекот. Ама сега матичниот ме предомислува дека тој бил повеќе за операции, а не за пораѓаи, па се замислив сега.
Мене тој ме породи и ме оперираше повнимателен човек немам сретнато и дента кога се породив имаше породено повеќе жени нз зошто така ти кажал
Јас се пораѓав на државна лани, супер поминав. Немој да се плашиш воопшто. За после тоа три -четири дена се одма ќе поминат. Јас бев сама во соба со вц. двокреветна беше собата ама нрмав цимерка. Топла вода имаше нонстоп. За јадење мм ми носеше цело време што сакав.
Јас планирам во државна Битола да се пораѓам, природен пораѓај кај док. Николина. Ве молам споделете искуства
И јас се мислам за Николина. Една другарка беше за 2те деца кај неа и природен пораѓај имаше и убаво помина, задоволна е.
Ај тие што се пораѓале скоро во Плодност нека споделат искуство во смисла што се ми треба од документи и дали ми треба нешто за лична хигиена и прибор. Знам дека нема паста и четка и секако ќе си носам лабело, крем, чешел, и некоја шминка. Од документи книшка и резултати за крва група, последни брисеви и фотокопија од хив и хепатит и претпоследни брисеви ( не ми го даваше оргиналот матичниот од овие). Сакам да си носам и некој пар гаѓи, чорапи и градник за доење, како и 2 тетра пелени да се најдат. И телефон и полнач секако Дали имам потреба од нешто друго за мене и за бебе или тоа е тоа. Некако се во една поголема ташна за излегување собрав и некако ми е чудно. Како да не се спремам за пораѓај. И секако си спремив торби со алишта за вадење за мене и за бебе. Е сега треба ли да спаковам и памперс, влажни и крем за пеленска регија за вадење? Прашањава ми се мн глупи, ама па нема глупаво прашање нели