Јас се породив во саботата во 29 недела. Пороѓајот беше со царски рез затоа што ми се одлепи едната од постелките. Ме породи др. Николина и др. Васка и имам само пофални зборови како и за др. Чипуровска, се грижеше за мене како за ќерка. Исто и за сестрите, сите до една. Ги кажувам само позитивните искуства, доволни се. Од машкиот дел на персоналот не сум задоволна
Лелле дупла среќа значи со имаш мами! Ќе биде се во ред, знам дека ги мислиш ама биди јака. Ќе си бидите заедно здравје Боже. Па пиши ни тука.
Јас пиштев од болка цела ноќ на болница, Никола не се „удостои“ да ѕирни ноз врата да види што е случува, само преку сестрата комунициравме...
Завршена инфузија чекав саат време да ми ја извадат, канела за бегање дома исто толку време чекав, чепчиња не ти ставаат сме можеле и сами.јас со царски искрено не можев сама ни да се тегнам ни да се вртам...
мене ми ставија чепче за прочистување, инекција за главоболката, инекција за спиење...се што побарав. А да не зборам дека докторките секои 30 мин идеа да ми права друштво и ми тураа чај, вода, сок...Ни Плодност немаше да бидам така услужена како тука.
Браво штом е така. Ќе размислувам за второ. За синчето сум презадоволна од Плодност, ама поскапено е многу сега за царски. Се свестија можи поради што се поголем број за во приватно се одлучуваат.
Која докторка ќе ми ја препорачате за породување, Др Марија Христовска или Др Кристинка Пајаковска во ,,Плодност,,
Сакам да поставам прашање околу пораѓај во битола,се надевам на соодветна тема сум кај нас во градов нема анестезиолог па царските резови ги праќаат претежно во битола. Па сакам да прашам колку време пред термин треба да се појде,колку време после пораѓај се седи, резовите ги прават хоризонтално или вертикално, шијат ласерски или со конци, се плаќа ли нешто за пораѓајот?
Би те советувала штом влезеш во 9ти да одиш па ќе се договориш. После пораѓај 24ч во интензивна нега и два во болничка соба (петок се породив понеделник си отидов), резот е хоризонтален мене воопшто не ми се приметува ептен е ниско. Раната е шиена со конци кои не се вадат туку се разградуваат сами. За царскиот мислам да не беше некоја смешна партиципација или може и не се плаќаше ништо, не се сеќавам искрено. Се што те интересира за царски во државна во Битола, прашај ме ако можам ќе помогнам.
Ништо не се плаќа, со друго се согласувам со се. Се породив понеделник вечерта, ме пуштија петок во 11ч. Само што од едната страна кај што ме шиеше др Николина не ме има убаво сошиено како префатена ми е кожата, ме пораѓаа две докторки Николина и Маја (нова беше и млада). Мене чепче за прочистување после пораѓај (царски) ми ставија чупиња од средното медицинско на пракса беа
Мислам дека така како прелапнато се познава кај што се зашива раната однадвор со тој големиот конец. И кај мене малку чудно е тука на почеток зараснато. На другиот дел кај што е внатрешно шиено цела лузна толку избледе што скоро е незабележлива. Јас си мислев дека оти имав инфекција така ми се знае, но матичниот гинеколог ми објасна дека од процесот на зашивање било тоа.