Ти благодарам на советот А дали доплати нешто за тоа што те проверија за испитувањата што ги немаше, во дополнителни трошоци спаѓаат? И колку те чинеше ако во случај ти ги наплатиле?
Се доплаќа да. Ако го имаш, спреми си го совреме. Убаво се доплаќа, имав запишано, ама на работа ми остана...
Да се доплаќа ама тоа е , мислам околу 1000 денари ил Да доплатов сега проверив на сметките , 1000 денари и плус 600 денари за резервирање на крв. Тоа ми е плус од вообичаеното, ако имаш било кое друго прашање можеш да ми пишеш ќе ти кажам се
Јас се породив пред 4 месеци. Од документи ми побараа крвна група и хепатит б ц и хив. Прво потплнуваш формулар па ти ги бараат тие резултати. Доколку не ги носиш или немаш ќе ти направат таму.
Ве молам препорачајте ми еден од овие доктори од Плодност Благојче Обедниковски Кристина Пајаковска Владимир Поповски
Имам слушано за Кристинка многу. 2 другарки се породија кај неа задоволни. А мене ме породи др Сотир јас презадоволна од него
Јас многу убаво поминав не ме остави сама ни 5 минути. Фин културен и многу позитивен. Од кога се поридив тие 3 дена цело време ме посетуваше да ме праша како сум. И до ден денес контактирам со него еве какобсум породена скоро 5 месеци.
Да се надоврзам, мене Др.Сотир ми ја водеше бременоста но, баш кога се породив не беше во мк,и ме породи др.Таше. За др. Сотир само пофални зборови можам да кажам. Достапен во секое време, за совети за прашања за се. Со лес нека ти биде
Здраво девојки, дали има некоја членка која се пораѓала во Плодност а плаќала на рати (преку Стопанска илинТутунска банка) да прашам нешто? Ви благодарам
Сега се јавив во Плодност, имало значи опција за плаќање на рати- треба од стопанска банка (скопската) да се извади кредитна картичка и преку неа плаќањето се одвивало на 3 рати. За подетални информации требало во банката да се праша....