Чупиња ај мислење за докториве на болница од кој сте задоволни Планирам да се пораѓам на болница па ми треба мислење Се надевам на природен пораѓај ама и царски не е исклучен
Го фалат Михајло Вангелов. И Николина е добра (макар што јас сум била на преглед, ама некако не и беше денот изгледа, не ме бендиса). Мене двата пати ме породи Сотир ( еднаш на болница еднаш во Плодност).
Мене ме интересира за скрининг кој е добар на болница? Инаку Николина ме пораѓаше со првото царски и сум презадоволна.
Кога правев јас скрининг, матичната ми рече дека не правеле сите скрининг и ми даде упат за кај Николина. Така да, мислам ако веќе си задоволна од Николина, оди си пак кај неа. Матичната ми рече добра била.
Да, не јас лично туку братучетка ми, и колешка, неколку месеци пред мене породени, многу била дрска, отсечна, арогантна. (и груба при вагиналниот преглед). Ниту еднаш не закажав кај неа. Во пракса сите ти се супер во Плодност. Конкретно имам искуство со др. Обедниковски, Марија Христовска и Сотир. Со лесно!
Преглед е 1500ден, Кристинка е супер,всушност сите во Плодност се одлични нема да погрешиш кој и да го одбереш. @tari Николина би ти ја препорачала, мене ме породуваше, природно се породив јас и задоволна сум од односот. И Михајло го фалат, но немам искуство јас за да кажам мислење за него.
Здраво мајки, некоја брзо да ималаискуство со царски рез со др Васа Божиновска на државно и дали сте задоволни? И што се носи на болница за себе а што за бебето?
Здраво, Дали тие сè уште имаат правилни правила да не го пуштаат таткото во трудницата или да ја посетат? Исто така, дали некој знае за некоја медицинска сестра или бабица што ќе изврши домашно породување во Битола, Македонија? Hello, Do they still have the covid rules of not letting the dad into the labor room or to visit ? Also, does anyone know of any nurse or midwife who will perform a home birth in Bitola, Macedonia?
Како си задоволна од д-р Сотир? Јас бев 3 пати на преглед, но за утврдување на бременост и за да слушнам срценце. Убав впечаток ми остави. Дали прави скрининзи? Дали е принципиелен и одговорен? Дали има убав однос со пациентките долготрајно гледано?
Доктор Сотир правеше скрининзи, мене сите ми ги направи кога работеше на болница. Дали прави во плодност сега не би знаела да кажам. Многу е профи. И убав плус
За згоден згоден е, и шармантен и позитивен. Стручноста и професионалноста ме интересираше. Ама штом повеќето делат мислење дека е добар, значи добар е.
Јас сум презадоволна. Прави скрининзи. И тоа детални. Односот му е супер. Мене цела втора бременост ми ја водеше. Кај матичната одев само за упати за крв да ми дава. И додека лежев таму идеше да ме види. Јас во Плодност отидов заради Приската (на болница ми извадоа ризик за Даунов синдром, па матичнста ме тераше да правам скапи тестови бла,бла). Отидов кај Сотир, му кажав со каква мака идам и човекот не знам колку време гледаше, да види од каде извадоа ризик кога немало ни П од показател за таков ризик. Оттогаш само кај него, цела бременост. И ми се допаѓа плус што во мојот случај, паметеше се за претходните прегледи. На крајот си родив здраво право девојче. Се запишав јас надолго, нашироко... Најискрено ти го препорачувам.
Решив, ќе си терам и јас кај него. Ти благодарам што напиша подетално. Жива и здрава да е принцезата.
Во врска со приската и мене такво нешто ми се случи со одлични мерки на бебето, заради тие хормоните ми излезе повисок ризик за даун 1:1035. Намерно бев кај него на уште еден скрининг да видам шо ќе речи баш дека знам дека противник беше на приската дури беше на болница, и се е супер со мерките. За приската го прашав ми рече абе ако не беше показател за нешто не ќе дававме да ја прајте. Ама пак да си напрајш пренатален оти ќе те јади црв цела бременост ми рече. Ми понуди дури некој ми даде контакт. Јас секако бев решена да прам, сакав само за мерките да се осигурам. Во тој поглед се разочарав малку дека се за пари се работи, сега приската била показател. И така сега чекам резултати од пренаталниот со надеж дека се ќе биди супер. Инаку добар си е во работата нема збор.
Мене па ми ги побара резултатите од Приска 1 на болница што ги правев и ги споредуваше со Приска 2 во Плодност. И ми рече нема ништо, дури и на Кристинка и ги даде да ги види и таа да кажи мислење. Дури и се налути демек со вакви те пуштат да правиш тестови кога нема потреба. А што е потрагикомично е тоа што кога на матичната и ги однесов Приска 2 ми рече: Не си морала да правиш, тие секогаш различно излегуваат, компјутер е тоа. А јас дури и сѐ простудирав за скринингот и Приската. Инаку дај Боже и кај тебе резултатот да излези во ред
24 недела од старт ми ја води цела бременост баш на почетоко матичната и усште 1 др доктор ме извадоја од памет демек нема плод да не е вонматерична единствено тој емто преку телефон 100 посто беше сигурен дека е рано и дека е нормална бременост и стварно така беше исто е професионален ,достапен цело време и скрининзи ми направи сега ми правеше и серклаж презадоволна дента ме направи вечерта ми се јави да праша др ден па ми пиша да праша како сум,и да како шо кажаја се памти од предходен преглед дури и ко че внесува податоци презимето ми го памти .а и да убав е ххах