Малку рано ми е, ама да си прашам јас. Некој искуство со породување во вода? Нешто ми е увртено во глава. Има цела тема за тоа, ама не е активна.
Искуство од пријатели: првото го роди спонтано со епидурал, другото во вода. Во вода е без никаков анестетик, ако ти е прво веројатно ќе ти е пријатно бидејќи водата опушта до некој степен. Таа бидејќи можеше да ги спореди двата начини, кажа дека во вода било многу болно и не би пак. Инаку и мене вака од слики и пишувано ми изгледа ко прекрасно искуство. За инфективниот скрининг - бараат да не е постар од 6м? Имам од пред инвитрото, ај ќе пробам ако го прифатат супер, ако не нека ми направат таму и готово.
Па, се надевам дека постои шанса да се премислиш и да си излезеш фино лепо од када, да си добиеш епидурал ко човек и да си се качиш на бокс. Вие шо сте пред мене ќе кажувате искуства? Инаку скринингот има важност 6 месеци, така јас знам. И да те потсетам за крвна група, ако не си направила. Имаш одбрано кој доктор сакаш да те пораѓа?
Има опција само почетокот да си во када. Имаат леток таму, баш го читав пред да влезам на преглед минатиот пат. Имам крвна група, шуќур барем тоа го средив навреме. А имам и анестезиолошки картон кај нив... не знам дали би ми барале пак. Не знам дали мојот доктор ќе може да ме пораѓа, ако не може тој ќе ме препрати кај друг. Кај д-р Сотир ваљда од примерите што ги читам тука. Кај д-р Таше сум цело време, досега не ми рекол да барам друг, ама се случува да не е достапен за породување. Ти одбра?
Ете јас ќе се вмешам, јас Сотир го одбрав. Ќе споделиш баш за инфективниот скрининг цена и колку има важност и за пораѓајот ако се пораѓаш кај Сотир . Со лесно!
Баш вчера го прашав докторот за ова, рече дека ќе треба ако ги имам направено и плус резултати од последни брисеви од 35 недела и обавезно крвна група. Во случај нешто да ти фали од овие таму ќе испитаат ама си се доплаќа.
Мене ме породи др.Сотир јас имам одлично и позитивно искуство со докторот иако ми се погоди случајно. Требаше да ме породи др.Таше ама поради иитен случај ме породи др.Сотир. Сега здравје и второво ивф да ми биде успешно за следење би одела кај др.Таше а за породување др.Сотир
40.000 е породување во вода, 6500 е 1 болнички ден, 600 резервација на крв, 1000 е крвна група и уште 1500 за ковид тест.
Зошто 40000 пораѓање во вода?? Во Јули јас се пораѓав беше 28000 исто како и спонтано породување. Епидурал е 12000 ако мислите за тоа вкупно 40000 ама во вода не ставаат епидурал ...
Пак јас со прашање Дали кога ве префрлија од интензивна во обична соба после царски ви ги донесоа веднаш бебињата? Не знам како би издржала да не го видам. Ги оставаат подолго со вас додека сте таму? За Плодност прашувам. Уште не знам дали ќе сум природно или царски, утре ќе знам
@LivingGlam јас ќе те замолам да споделиш кога го прават тестот за ковид и инфективниот скрининг, дали пред прием се прават овие испитувања на некој од прегледите или кога сме веќе примени за пораѓај? Со лесно, ситно броиш
Се породив во 10 сабајле, кај 4 поручек ми ја донесиа на интензивна и ми ја оставија некои дваесетина минути. Утре дента ме префрлија во обична соба и ми ја донесоја.
@One Life * може ли да споделиш искуство од породувањето во вода? Како помина целиот процес, дали беше прво/второ/треторотка... Кој те породи?