Мене ми го направија на прием ковид тестот, а другарка ми што се породи царски и направија 2 дена пред царскиот кога беше на последна контрола.
Грешка сте ме разбрале , јас природно се породив меѓутоа не во вода ... Цената тогаш и за во вода и за спонтано беше иста 28000
Мила мене рано ми е ама ми дадоа од Плодност еден список здравје за кога че треба,еве може ќе ти помогне.И мене ме интересира ако некој сподели искуство
За вас само полнач, влажни марамици, чорапчиња, лабело, дезодоранс друго ништо не ви треба се ви даваат таму, за бебето исто не треба ништо. Само на излегување алишта ќе ви донесат.
Дали некој има информација дали во Плодност се доплаќа нешто за негата на бебињата после пораѓај, на пример ехо знам дека им прави секој ден др. Александар, или дали се доплаќа нешто за ставените вакцини, или цената на крај е таа горе долу како на овој список и се спаѓа во неа?
Јас се породив со царски рез а бебето фати жолтица и еден ден ја сончаа, тоа беше само плус наплатено 6000ден, па платив 91100
Здраво мајкици, бремена сум 22гн и уште од самиот почеток сум многу исплашена за пораѓајот Сакам да се породам со епидурална во Плодност па ме интересира кога е најдобро да отидам на преглед таму и кој доктор да го одберам? Исто така дали има некоја членка која се породила со епидурал скоро и колку платила? јас се јавив ми рекоа 61.000 но тука читам дека има и плис трошоци кои не ми ги напоменаја па да знам да си планирам...
Јас платив 68 и нешто, ама имавме 2 фототерапии по 1000. А на преглед можеш да почниш кога сакаш, јас кон крајот 35 бев прв пат. Кој и да го одбереш нема да згрешиш сите се добри.
Природно, супер поминав, презадоволна од целиот персонал, сестрите се сите срциња, секој заслужува таков третман.
@martty06 кој те породи? Можеби имаш напишано, извини, не сум те прочитала. И дали ти ја побараа мајчината книшка? Јас немам, па не знам дали е неопходна да трчам кај матична да ми ја пополнува (ск ми е матичната). И тие што се породивте царски, кога имавте преглед со анестезиолог?
Др. Владко ме породи мене. Мајчина книшка не ми побараа. Да ти одговорам и за анестезиолошки преглед, другарка што се пораѓаше царски, два дена пред договорениот термин беше кај анестезиолог.