Те памтам дека ти должам одговор Тестот ми го направија кога отидов на породување, де чекаше 15тина мин додека ме прегледуваа. Јас отидов итно, ако е закажано не знам како ќе биде. Носев мајчина, крвна група и извештаи од претходни прегледи. Инфективен скрининг не носев и не ми направија бидејќи беше среде ноќ и завршив со итен царски па немаше време. Зеде предвид тоа дека бев со ивф па имав чисти резултати пред тоа. Не знам дали се прават пред прием ако е закажан царски. Јас броев ситно на последен преглед, чекавме само болки за да одам, па не ми побараа ништо предвреме. Инаку се погоди д-р Марија дежурна, ја викнаа и д-р Кристинка и дојде за нецели 15 мин. Се’ беше супер, освен јас со паниките
Ти благодарам, јас веќе направив на државно инфективен скрининг, спремно ми е се, само ковид тест фали, докторот ми рече пред да ме примат ќе биди, со закажан царски ќе бидам јас, освен ако не ме фатат болки во меѓувреме . Уживајте сега со бебушка
Која е цената во Плодност за природно породување и кога се одлучува дали треба епидурална која е цената Споделете искуства Поздрав
Јас се породив во декември и само за мене беше 64 000ден а за бебето 9000ден. Е сега кај мене имаше повеќе испитувања поради предвремено породување ама отприлика тука е цената. Анестезиолог дојде пред породувањето ама и кажав на докторката дека сакам анестезија и она го викна. Ако сакате прашајте ме се што ве интересира и доколку знам ќе ви одговорам
Да природно со епидурал. Веројатно имаше улога што бев тахикардична и притисокот ми се дигна тогаш и мислам дека добив некои лекови за тоа и + ми го наплатија и корона тестот
Мајки кажете ми дали доколку ве фатат породилни болки на повик иде докторот со кој си претходно договорена дека сакаш да те породи или тој што ќе се погоди на смена? За плодност прашувам.
Велат тој што ќе биди на смена, јас одев цело време кај Обедниковски и ми имаше речено дека можи да му се јавам одма ќе дојди, но испадна дека морам со царски рез да се породам па договорен ми беше со него.Кој и да е док сите се добри а и сестрите помагаат доста охрабруваат, со лесно.
Dali imate iskustvo so Maja Avramovska vo bolnicata vo Bitola?Za poragjaj prasuvam I dali bi dosla ako ne e na smena ?
Кога добив болки и пишав на порака на моб на докторката т.е мажот ми и пушти порака, потоа таа ми се јави дека е на работа и веднаш да одам. Мислам дека и ти треба да пишиш на моб кај докторот или докторката па тој/таа ќе ти каже што понатаму и кога да одиш на болница. Со лесно!
Друшке и мене ме мачи тоа прашање.Времето си лета,мене ме води Таше утре сум на преглед па баш ќе го прашам
Те молам сподели инфо после преглед. Навистина голем стрес ќе ми биде ако треба да се породам кај доктор што прв пат го гледам тогаш кога ќе ме фатат болки.
Недела ме фатија болки, недела се породив. Беше дежурен др.Владко. Првпат го видов, и имав преубаво искуство иако Др.Таше ме водеше претходно, беше запознаен за се, со пораѓајот.
Без никакви паники, тие сите комуницираат, ќе имаат и со тебе коректен однос. Тој стои на располагање, ако не е на работа тој ден. И со мојот доктор се слушнаа, неколку пати.
За неколку мои пријателки знам дека кога ги фатиле болки (ете и во мојот случај) пишуваме порака кај докторот кај што одиме предходно на преглед и ни кажува доаѓај или во некои случаи било нека те прегледа тој доктор е на смена за пораѓај ќе дојдам. Знам и случај каде докторката рече да јас ќе те породам ако не сум на одмор или на семинар. Воглавно породува докторот кај кој си одите на преглед. Јас сакав кај друг доктор да се породам ама на последниот преглед му кажав дека сакам кај него и он ми вика а не знам тоа со твојата докторка види си. Не ми даде моб да ми каже еве ти број или побарај ме мене за пораѓај. Во мојот случај беше така. А знам и случаеви каде пораѓаат и замени за тој доктор. На Др Марија и е замена Др Влатко, на Др Кристинка и е Др Владо Поповски. Најважно е дека се професионални и буквално седат над тебе за се што ти треба. И кој било доктор да е ќе биде се во ред.
Јас одам на прегледи кај Елизабета во уредон. За пораѓај кој доктор ќе биде тој, не планирам никој да викам од дома.
Јас одам кај Др. Марија на прегледи, докторката ми даде број и ми кажа штом те фатат болки, ќе ми звониш, јас ќе дојдам. За кај другите доктори незнам како е.
Мене др.Сотир ми даде број да го барам ако има нешто, му се јавив штом почна процесот и дојде, можеби и на смена секако си беше сабајлето не знам, битно ко го побарав ми рече дека ќе дојди.
Мене ме породи др.Сотир дотогаш немав никакво искуство со него, го имав видено 2 пати до тогаш, еднаш во болницата и еднаш на паркинг,без никаков контакт или разговор. Бременоста ми ја водеше др.Таше од почеток до крај, па и пред времобоста бидејќи кај него правев ивф и други интервенции. Денот кига не фатија болки отидов кај матичната па таа се јави кај него,па разговараа да бе се скучајно лажни болки зошто бев 8-ми месец. Од кај матичен право кај него,но во меѓувреме имаше баш итен случај па такаме предаде на Марија таа ме прими пополнивме документи ме земаа. Бидејчи бев со 1цм отворена рече орворотка најверојатно утре ќе се породиш,но јас се отварав мн бргу па дента дежурен беше др.Сотир и тој ме породи. Јас сум презадоволна од него. Здравје да ми успее и второто ивф за пораѓај би го одбрала повторно. Верувај дека во тој момент нема да мискиш на тоа кој доктор те пораѓа и дали се среќавате прв пат, преоритет ќе ти биде моментот на запознавање со твоето малечко, првиот бакнеж, првата прегратка првиот плач и моментот кога гледап како од тебе се раѓа нов живот. Ти посакувам брз и лесен пораѓај.