Да, ако си договорена ќе дојди, плус и дежурниот доктор може да е таму, освен ако нема нешто што би го спречило да дојди па да те породи дежурниот, ама и во тој случај кој и да е доктор сите се добри. Сите доктори во плодност работат по тој принцип. Во мојот случај кога ме фатија болки баш мојот беше дежурен па немаше потреба да го викам од дома да иди.
Фала ви многу на сите! Како се ближи времето, таму ми работи мозокот, што е нормално. Можеби во тие моменти, нема ни да ми е важно кој доктор ќе е (верувам дека сите се добри), ама ете, мислам дека би се чувствувала посигурно да биде до мене некој што го знам, ме знае, ме прегледал и на некаков начин сум стекнала доверба за да сакам да е до мене во тој процес.
Во мојот случај (пред скоро 2 год.) докторката Кристинка ми рече доколку не е таа на смена да кажам дека ја барам неа па ќе и јавеле. Јас испадна да се породам во нејзина смена но, сакам да кажам доколку породувањето си тече во најдобар ред побитна ви е акушерката (бабицата) бидејки таа е со вас цело време а докторката во мојот случај породувањето беше наутро (од 8ч до 11ч) си примаше пациентки на закажани прегледи итн. Кога реши бебето да излези тогаш ја викнаја Кристинка ☺️
Здраво некој да сподели искуство за др. Сотир од болница плодност или да предложите кој е најдобар док таму за водење на бременост и пораѓај. Фалаа
Имам слушано/читано само позитивни искуства од др. Сотир. Мене лично бременоста ми ја водеше др. Марија Христовска и таа ме породи, јас сум презадоволна.
Мене бременоста ми ја водеше др.Таше, а ме породи др.Сотир и тоа по случајност, ама јас од докторот сум презадоволна од него во секој поглед многу пријатна и позитивна личност, останавме пријатели еве 18 месеци како сум породена сеуште сме во контакт.
Мене бременоста ми ја водеше и ме породи. На преглед детално гледаше се, одговараше на сите прашања што ќе ми текнеа да го прашам. Јас се породив царски, за време на операција си праевме муабет ( не како некои намќор доктори). Денот на излегувањето од интензивна беше дежурен, дојде да ме види и ми рече ако ми требало нешто слободно да го барам ќе дојдел, сабајлето пред бегање пак дојде. Јас сум презадоволна. Е сега за болницата, што плаќаш тоа добиваш. Ќе те гледаат како кралица во хотел. Спавачи нови и промена на крпи секој ден, чистење два пати дневно, бебето си е кај нив ти го носат и си седи кај тебе колку сакаш. Храна ти носат в соба и што е најважно сама си в соба.
Јас моментално одам кај него. Презадоволна сум. Опуштен, позитивен, отворен да одговори на сите прашања. Од мене само пофални зборови.
Мене ми ја водеше бременоста и ме породи тој. Секогаш достапен за било што и да не ми е јасно, расположен да ми одговори се и многу многу позитивен. Јас сум презадоволна. За втора бременост повторно би го одбрала него.
Благодарам на сите за одговорите, до сега само позитивни коментари слушам/читам деф. ќе го одберам др. Сотир.
Нема да згрешиш, мене со првото само ме породи а за второто од почеток до крај со него И конкретно во мојот случај беше многу детален и сакаше сите можни анализи што ги правам резултатите да му ги испраќам. И се памтеше.
Девојки јас вчера се породив Добив болки и ѝ јавив на Др. Христина, дојде за 20 мин, ме примија за со природно, но завршивме со итен царски. Фала Богу се заврши добро, Др. Сотир беше дежурен и тој дојде во салата за царски. Немам зборови за подршката и од докторите и од сестрите, се осеќам ко сите да ги познавам, не гледаат ко капка во дланка. Со лесно на сите, ве поздравувам
Здраво девојки дали некоја во скоро се има породени со близнаци во Плодност со царски да сподели колку платила поздрав
Здраво девојки едно прашање кога се договарате со докторот што сакате да ве породи во Плодност? Јас ја водам бременоста кај матичната цело време и планирав во државна да се породам но некако се премислувам за плодност.Вторник ќе бидам 37ма недела
Јас појдов во 32ра недела, ама да знаеш дека ич не ти е касно. Ако веќе знаеш кај кого сакаш, јави се утре и закажи си термин кај тој што сакаш, па со него ќе си се договараш за наредни прегледи. Ако ти е сеедно кај кого ќе појдеш, дури кога ќе те фатат болки можеш да појдеш, тој што е на смена, тој ќе те породи.
Знам не да не ми е касно веќе сум задоцнета ама сто пати се премислив планирав во државната ама некако заради ситуацијата со вирусот не ми се оди таму.А кажи ми ти се породи плодност ? Како си задоволна ?
Не си задоцнета ич, немој да се грижиш. Јас уште не сум породена, 39+3 сум денес, чекам бебка да посака да излези. Читни поназад, во глобала сите што се породена во плодност се задоволни.