Таму имаш: чисти крпи, фен, сапун, гел за туширање, шампон, паста и четка за заби, мрежести гаќи, мрежести влошки, чисти спавачи, постелнина, подлоги за преслекување на бебиња (за под тебе дека крвариш), јадење и пиење колку сакаш и шо сакаш, електрична пумпа за одмолзување, тв, интернет. Јас носев: документи, полнач, слушалки, книга (што не ја искористив), чорапи (што не ги искористив, претопло беше), шминки (за излегување од болница), ланолин (спомнаа дека има во болницата, ама јас пошто имав мој не им побарав и не знам), влажни марамици, лабело обавезно ако можеш за во родилна да се мачкаш и шешенце со вода за таму, крем за раце, антиперспирант.
Јас би додала дека може од дома и шампн и регенератор во мали шишенца да си носите, бидејќи тие таму беа никакви и косата ми остана ем мрсна ем заплеткана. Едвај некако ја испегла дома како човек да си дојдам. Сега зависи и до косата нели, ама најубични беа таму шампонот и гелот како во хотелите што има. Исто јас си носев и мерима сапунче за миење на царскиот рез или епизотомија.
Лабело, крем, и полнач за телефон носев. Буквално она што си носев во ташна кога одев на преглед. Ништо друго ниту носев ниту ми притреба. Се имаат таму.
Majki, dali pravevte specijalno ispituvanje na krvna grupa pred da se porodite? jas imam ispituvano pred 6-7 godini i zapisano mi e vo zdravstvenata kniska, ama rezultatot koj mi go dadoja go nemam. Dali da napravam uste ednas na drzavno ili nema potreba?
Потребно е да имаш документ од трансфузиологија, тоа што е напишано во здр.книшка не го важат.Овој док.го вметнуваат во мајчината книшка која треба да биде уредно пополната за на пораѓај кога ќе одиш, во случај на несакани ситуации да имаат потврда која крвна група си.
Друшки мене ми се ближи денот за царски и би сакала да сподели некоја што поскоро правела царски во Плодност,како оди целата процедура,дали одвечњр ве примаат па другиот ден ве прават,дали пред царски ве проверуваат вагинално со рака,за клизмата како е многу ми е језиво тоа,за спиналната..ма за се
Јас се правев царски пред 7дена во Плодност. Бев на преглед па ме задржаа за другиот ден царски,но и на закажан се оди ден претходно ми кажаа таму. Претходниот ден тест за ковид, ако фали некој документ земат крв, отварање анестизолошки картон, па во соба. Другиот ден од сабајле, клизма,ја става сестрата, малце боли, па прочистување, па туширање со гел за дезинфекција беше мислам. Па во сала, таму анестезиологот ја става спиналната,ставија катетар,па дојдоа докторите. Малце језиво со сппиналната да, се чувствува се. Само кога стегнаа за бебе да излези, тогаш како нагон за повраќање иначе друго ништо страшно и екстра брзо. Во 10:10часот ја ставија спиналната, 10:20часот бебе беше надвор, јас околу 10:40бев готова. Имаше голем часовник таму па гледав време хахах. Муабет цело време па одма помина. Во интензивна, анестезијата помина за околу 2часа, но цело време терапија, па нема болка никаква. Телефон одма ми дадоја, вода по 3 часа, бебе го донесија на кратко. Вечерта станав со помош, болки нема,другиот ден сабајле во соба. Таму се средив се, малце болки ама исто се прима терапија па болката беше на станување, седнување. Јадење ми дадоја во соба,се почнува со лесно јадење, па чепчиња за прочистување, па се јаде нормално нареден ден. Доење пробувавме одма,многу се трудеа сестрите околу тоа, млекото дојде вториот ден. Бебе со тебе кога сакаш, ако сакаш да одмориш го земаа,навечер кај нив. Ми покажаа се, пресоблекување, капење,нега... Јас бев веќе 2ден на нога и си држев бебе, дома се нормално функционирам. Раната не е многу голема, се на се супер. Дома не пуштија 4ден сабајле. Е сега бебе имаше повеќе прегледи, дали сите остануваат толку не знам. Преглед вагинално не ми направија. Незнам друго што испуштив да пишам, ако те интересира нешто друго пиши
Фала мајка баш преубаво објаснето,нека ти е живо и здраво сонцето од господ благословено.Баш убаво се ми објасни ама возбудата ми е на најјако.Клизмата со цревце ја ставаат или со чепче,спиналната боли кога те боцкаат и дали во соба со маска седеше? И уште дали досволуваат таткото на кратко да ве посети или уште е забрането?И ме интересира во која недела те правеа царски,јас во сабота сум на преглед как др Таше и сум 37+6 па мислам дека ќе ме задржи.Он само ми рече дојди за две недели за царски и не се секирај за ништо
Фала мајка, ајде уште малце ќе го имаш и ти цел свет во прегратка За возбуда не спомнувам, цела ноќ не спиев, утрото висок притисок Клизмата е како мало стаклено мислам и се вбризгува внатре, мене можи малце ме болеше оти бев престегната,сестрата рече непријатно е но не боли. Катетарот е цревце и тој кажаа дека боли, па го ставаат штом почне да делува анесетезијата. Спиналната боли, ама издржливо и неколку секунди само.Сестрите ме држеа правилно наместена па се оди скроз прецизно и кратко трае. Маската ја извадив штом се сместив во соба, на ставив на заминување. Ми кажаа дека веќе имам негативен тест па нема потреба од маска носење.Тие се сите со маска. Татко то не дозволија воопшто да не види ни мене, ни бебе. Тој беше надвор, но докторката ми кажа дека може да си оди, одма ќе ми го дадат телефонот да му кажам. Јас бев 39+3гн., царски мислам порано се закажува, ама ние го чекавме природно па затоа толку касно. Ајде се ќе биди супер, во најдобри раце си. Мислам нема пари со кои би се платила љубезноста и се друго во болницата. Психички пред се едно преубаво искуство со цело породување
Фала мајка,јас сакам да си знам како е процедурата така некако не ме фаќа трема.Се ќе издржиме за нашите сонца само да биде се во ред.Преубаво ми објаснивте и ти и @IRBBB,фала ви од срце
Тука е малку по активна тема наместо скрининзи, па да прашам за во Плодност кој го препорачувате доктор за втор скрининг
Jas sum kaj doktor Vlatko I sum prezadovolna, vnimatelen e, super objasnuva, stalno pozitiven I e dostapen vo sekoe vreme
Јас со инвитро и др Таше ми ја води бременоста,презадоволна само да знаеш не знам дали ќе се нафати нормална бременост втор скриниг да ти прави( извини не знам дали си со инвитро или природно) и ако си кај него да очекуваш дека многу време ќе чекаш за преглед и никогаш нема да бидеш точно за терминот.Јас скоро секогаш закажувам кај 12 а влегувам кај него во 14-15 часот ама мене не ми смета будејќи сакам кај него а он реално е повеќе со инвитра и поспецифични состојби.Јас правев инвитро кај него и во 12 недела за прв скрининг ме прати кај др Сотир и он првиот скрининг може 30-40 мин ме гледаше ама после прокрварев и Таше ме врати он да ме води и еве до крај сум кај Таше.