Природно сум, но не е баш нормална со повеќе лежење, клексани итн сум, 2ра бременост 1ва неуспешна, па затоа сакам детално, сабајлево се јавив баш ми рекоа 1 недела унапред за закажување сепак зависно кој доктор, не ми смета ни мене чекање нели некогаш има итни случаеви имам разбирање, а уназад прочитав некоја страна поодамнешни комрнтари го фалат Сотир, ајде ќе одлучам морам бидејќи времето поминува, фала ти сепак
Мила чим имаш поспецифична бременост закажи си еден преглед кај Таше,во стручноста навистина немам збор најдобар е па ако има потрба он ќе те препрати кај друг доктор.Јас така би направила.Како и да е со лесно нека ти е
Јас платив 91 350ден. Бебе беше многу назад во стомачето ,беше првиот ден под надзор, и повеќе испитувања имаше. Покасно ќе сликам да видиш што влегуваше во цената. Благодарам
Јас кај него одев од почеток, детален,гледа се,кај мене беше и доста проблематично,се ми среди. Ама баш заради многу што се чека за преглед почнав кај него поважните прегледи,а кај др.Марија за обичен преглед.
Епа да и скрининзите се поважни нели и сакам 2ро мислење не само од матичната, па здравје да видиме и за понатаму, порано пред неколку год имав кај Обедниковски појдено онака за преглед општо, а вака во бремрност не сум била, ќе размислам и ќе одлучам до утре си викам морам, фала ти
Во среда ми е закажан царски во Плодност а приемот утре ми во 13-13.30.Па ме интересира сите ли што сте биле со закажан царски волку рано ви бил приемот.Стварно не ми е јасно што ќе працам цел ден таму утре
Имаш обврски пред приемот,ковид тест, разговор со анестезиолог,средување документи... Мене ме примија околу 11часот. Си лежев, гледав тв во соба хаххаха.. Со лесно мајка
Хахах мајка како се ближи денот само на глупости мислам,што ќе правам утре цел ден,па после ме фати мисла леле тестот за ковид ако ми излезе позитивен ( инаку прележав пред неколку месеци ковид и имам високи антитела) па што ќе правам,па ме фати фуфка на клизмата за споналната и триста глупости.На крај си викам самата себе си мајо престани со господ напред најубавите очиња ќе си ги видиш.Така да одвај чекам да дојде утре... Како што ми пиша ти најветојатно мене во сабота ќе ме пуштат мислам дсј боже се да биде во ред, вторник прием среда царски и интезивна,четврток и петок во соба така?
Ако пресметав правилно недела ќе те пуштат. Немој да се секираш за ништо ќе видиш дека ништо не е страшно, штом мене ми беше лесно а сум плашливка и паничар голем, значи не е страшно таму ми велеа ни од бебето ни од мајката глас не слушнавме Дури да се свестиш ќе помини се Со лесно!
So lesno, Gospod da bidi so vas, sto te citam mene me fati vozbuda, termin mi e kraj Juni ama sakam pobrzo da se guskame
Мајки да ве прашам тие што се породивте во плодност со епидурална, после колку време ви го истадоја катетарот ? Јас за првата бременост им реков најмалце 10 пати да ми го истават не се осеќав пријатно знаеќи дека е во мене, но ми го иставија дури вториот ден вечерта. Сега со второ треба здравје да се пораѓам месецов
Побарај и порано, ако си порано утро породена до вечер ќе го извадат. Тој стои во случај да имаш болки да обезболат малку, но обично нема потреба
Да знам, само не сфаќам за какви болки ? Јас немав никакви. Се надевам и со вториот пораѓај нема да сфатам за какви болки треба катетарот
Исто и јас. Дури ден пред одење ми го извадија. До душа јас само прашував кога ќе ми го извадат, не инсистирав.
Боли матката пошто силно контрахира, а богами мене со прво дете и раната од епизиотомија цела вечер ми пулсираше. Епидуралот очигледно е олеснување за многу работи. Незнаев дека и после пораѓај може да се остави да тече епидурал. Јас за болката пиев парацетамолче