Лелел блазеси ти И јас за толку ја сакам, за да не бара града само да се успие. Од Нук баш од Дм земав две, не ги сака. Можи треба да се помирам дека нема да сака цуцла воопшто хаха..
Исти како тие од Плодност се овие Авент двете во пакувањето заедно одат ги зедов од Зегин во Новиот пазар, одма ги фати. Имав Чико ја плукаше.
Јас пред 2 ипол месеци се породив со царски. Платив 91 350ден. Ама кај мене бебето имаше повеќе испитувања. Дали и другите платиле толку незнам. Ги имам поназад некоја страна сликано фактурите, да видиш што влегуваше во цената.
Здраво мамички јас се породив со царски пред два дена во болница Плодност се родија моите две среќички Атанасија и Никола и топло Ви ја препорачувам на сите безпрекорна услуга и персонал
Cestitki pred se neka se zdravi i zivi.... Jas se porodiv plodnost znaci broj eden bolnica..... Profesionalni i lekari i sestri....
Се извинувам однапред ако постов не е за тука, но штом сте стигнале до пораѓај дали во болницата дали во плодност сигурно имате повеќе искуство од мене Здраво женски, од Скопје сум но се омажив во Битола и ве замолувам од дното на душава да ми препорачате добар гинеколог во Битола, стручен и да има коректен однос. Многу ми е битно да имам добар гинеколог бидејќи сме во фаза за бебче. Доста ми го препорачуваат Славко Пејовски. Мислење? Благодарам однапред за секое инфо!
И јас би ти го препорачала Славко но ако успееш да ти се пиши како матичен доктор зошто има премногу пациенти. А од на државна болница др. Михајло Вангелов.
Здраво, имам прашање за мајките породени во Плодност- дали дозволуваат посета од сопругот или барем да го види бебето кога ќе се роди?
Јас кога се породив во мај беа строго забранети посети, па ни на преглед не можеше да влези придружба. Прашај сега како е, последно ко бев, парови си чекаа ред за преглед.
Јас се породив во средата, мажот ми последно го видов долу ко се поздравивме пред да ме качат во соба.
@Be-yO-nCe Здраво Најпрво, сакам да ти испратам честитки и да ти посакам се најдобро! Уживај во најубавите мигови! И сите што си сакаат да си забременат, Господ нека ги благослови што побргу Инаку, дали би сакала да пишеш цена, колку те чинеше породувањето, престојот во болницата и сл. , и дали си задоволна од услугите, се разбира ако не ти е проблем ? Поздрав, гушки за тебе и бебенце