Фала Кај тебе со лесно ако си бремена За персоналот сега гледам дека имаш прашувано. Немам зборови да опишам колку сум задоволна од сите. Сестра за бебе и мене во секое време достапна. Долго време ако не ги побараш, прашуваат тие дали е се во ред. За бебе кажуваат се. Моето беше и под надзор, имаше некои проблеми, цело време ме известуваше педијатар за состојбата. Многу помагаат за побрзо опоравување. Чисто, пречисто секаде. Чистачка поминува цело време, чисти спавачи, гаќи и се што треба, даваат колку сакаш. Јадењето исто супер. Си нарачуваш што сакаш. Се на се, едно преубаво искуство благодарение на нив.
@Oneo Ти благодарам од се срце на споделеното искуство. Во глобала, сите се фалат од таму. Но, ете сакам уште некое вака лично искуство да слушнам. Мило ми е што пријатно ќе се присеќаваш на најубавите моменти од животот. Благодарам уште еднаш
Mojata kerka cucla ne sakase niedna dva tri pati I ponudiv I ne nejkese I se otkazav I poarno sega maki ke macev so odviknuvanje
И уште нешто, за природно породување колку пати претходно бевте на преглед кај др што сакате да ве породи?
Јас од 8ми месец почнав да одам на преглед кај тој шо сакам да ме породи, ама тоа дека претходно бременоста ја водев во друг град, инаку можеби покасно ќе појдев. За мене: полнач, слушалки, шминки, четка и паста за заби (има и таму), шампон и гел за туширање (има и таму), сапун за раната, маска за коса, четка за коса, книга (шо не ја искористив) и витамините шо си ги пиев редовно. Нормално документација од претходно, извештаи од прегледи, крвна група, брисеви, инфективен скрининг. За бебе ништо, за излетување ми донесоа од дома алишта и за мене и за него.
И како оди одприлика процедурата, ако знае некоја ? Не мора во детали, но онака редоследот на настани отрпилика?
@*Лаванда* претпоставувам дека исто како природен пораѓај, само што додека се отвора цервиксот си во вода (водата го помага процесот на отворање и релаксирање) и немаш епидурална.
Само скрининг 3000ден. А со приска 7000ден. платив. За мене ги носев сите документи од бременоста, ако нешто ти фали не е проблем, се прави таму. Дуруго носев полнач, слушалки, дезодоранс, шампон и маска за коса,чешел, лабело(најпотребно), шминки. За бебе ништо. Алишта ни донесе мм за излегување.
Ти благодарам многу , ептен сакам да се породам во вода оти и така бев решена да одам без епидурал, мислам дека ова е добра опција, ќе разговарам со докторката дали има некои услови кои треба да ги исполнувам како родилка за да можам да се породам во вода.
Барај ја Кристинка, мислам дека таа ги прави породувањата во вода. Со лесно, најубаво искуство да ти е пораѓајот. ❤️
Дали за во Плодност родилката сама одлучува кај кој доктор ќе биде, или тука одлучува матичниот гинеколог или пак тие од Плодност ќе ти кажат кај кој доктор ќе се паднеш ? И дали било кој од нивните доктори може да прави породување во вода?
Нема врска матичен гинеколог со Плодност. Ти си избираш доктор. Кога ќе закажиш преглед ќе си избериш доктор. Некогаш можи кај некој доктор да има за побрзо термин за преглед, па можи да ти го понудат тој. За во вода не сум сигурна ама мислам др.Кристинка дека пораѓа. Може да се јавиш на телефон во Плодност и ќе ти кажат тие најдобро.