Не се сеќавам дали веќе имам пишано, но би сакала да го споделам моето искуство со Плодност. НАЈПОЗИТИВНО. Ме породи др. Марија Христовска, кај нејзе одев и на редовни прегледи и скрининзи. Ако нешто и е сомнително на прегледот не те пушта од преглед додека не се осигура дека е во ред. Јас бев со близначка бременост, од 25та недела со скратен цервикс кој се движеше од 1.6-1.8цм. Докторката има одличен непосреден пристап, достапна на вибрр во секое време. Не бев по препорака кај неа, така се погоди случајно да одам кај нејзе, и бидејќи бев задоволна од првиот преглед, продолжив кај нејзе. Но, многу пријателки што се имаат погодено во Плодност, сите максимално ги препорачуваат своите доктори, дали Сотир, дали Влатко..и било кој . Се породив во 34+2 недела, со царски. Со бебиња на пораѓај 1650 и 2130гр. Останавме во болница само 4 дена, колку што е протоколот за царски. Пуштени дома со бебиња од 1560 и 1820гр. Малецки беа, ама беа во одлична состојба. Не беа во инкубатор зошто докторката ми даде на време инекции за зреење. Немаше скриени трошоци, освен што рачунајте дека бебето би имало жолтица и ќе го стават под ламба која е околу 10.000 денари. 100.000 е пораѓај со царски за близнаци (цена од септември) плус за сончање за жолтица. Вкупно плативме 121.000 ден. Муабетот ми е, ако сакаа да не манипулираат со екстра трошоци, можеа ептен во нашата ситуација како што беа мали, и да ни го продолжат лежењето во болница. Но, не го направија тоа. Така што, максимална препорака за Плодност.
Дали на некоја некогаш во Плодност ѝ го вртеле бебето при породување, за да се сврти од постериор во антериор положба?
Nie plativme 102.000 vo sabotata,vkupno za mene i za bebe. Ama jas imav potezok carski i primav krv i plazma, plus dopolnitelni lekarstva.
Имаат поскапено пак? Јас пред 5 месеци за царски платив 89 илјади основната цена, друго што доплатив беше фототерапија и испитувања на крвта.
Isto, 89100 osnovnata cena drugoto do 102.000 bese lekarstva za mene i terapija za bebe. Ova e od sabotata.
Па јас сега одам пак редовнонтаму до втора бременост и оти пак ќе бидам царски реков да се информирам.ми дадоја кратка пресметка 99.000 мкд без некои дополнителни трошоци што може да излезат...
Го немам ценовникот, но пред 5 дена со природен пораѓај платив вкупно 74 000 со вклучена епидурална анестезија и фототерапија на новороденче. Прекрасно искуство, прекрасен, професионален персонал на секое ниво, вредно за секој денар.
Дечки, срам несрам ја прашав Кристинка дали да ја почестиме Вие им дававте нешто на докторот сестрите? Таа ми рече како сакате, нема потреба и сега демек во знак на благодарност, не знам шо да правам, да не е глупо. @kristina.k ти како направи?
@elenaklasik јас и првиот и овој пораѓај на Кристинка и дадов вино и Мерси големо, и на анестезиологот пијалок и благо исто баш од благодарност што ме трпеше со паниките. Подароци не купив. И на ден на излегување торта за сестрите, а мм првиот ден ко се породив и крофни им донесе. Нема потреба да се трошиш нешто повеќе, и ова не е морално ама повеќето така носат торти, колачи.
Ама ти си од Битола така? Маж ми од Охрид торта и колачи да носи, ќе ги смачка А на сестрите како им го даде, на која? Не знам, и за нив нешто бонбони.. абер немам, да не е смешно. А на Кристинка кога ѝ го даде? Што ако се разминиме дури дојде маж ми, кај ќе ја барам после Или чанта да ѝ купам, а можам и бисер охридски од Филеви
@elenaklasik да, од Бт сум. На сестрите ко донесе алишта за бебето да го облечат тогаш и тортата, а Кристинка беше дежурна денот ко си одевме. Не се троши многу