Јас случајно бев кај др Сотир кога искрварив обилно и не ми се бендиса пристапот као демек шо сум се уплашила ова било небаре козметичко крварење, колку влошки сум наполнила ме праша а јас кога прокрварив со трчање во вц отидов да ставам влошка и седнав на вц школка и се здрвив а крв си течеше како од чешма, па на влошката што ја ставив дури отидов немаше премногу крв. И така од тој преглед некако неубо се осетив, па шо знам дали би одела кај него. Инаку во прва бременост одев само кај Кристинка и сега бев два пати ама некако ми е сменета, поладна. Ти зошто не би одела кај неа? Инаку и мене ми се ближи време за втор скрининг, јас сум 19+2
Јас со првото се породив кај него, со сигурност и со второто би се породила, ама немав искуство за прегледи и скрининзи во текот на бременоста, оти претходната бременост ја водев на гак. Јас искрено бев многу задоволна од него, ама пак ќе речам, на крајот почнав да одам, од 36та недела. Кај Кристинка не сакам оти многу лош впечаток ми остави за време на визитите, а и во скоро моја блиска ја остави на цедило со еклампсија, иако цела бременост ја водеше кај нејзе.
@IRBBB сите прегледи и скрининзи за првото ги правев кај него и породувањето исто кај него. Тогаш во државната болница работеше.
Нема врска кај бил, знаењето и пристапот е ист во било која болница. Битно ми е да зборува, да ми кажи шо гледа. Оти матичниот ми го правеше прв, планира и втор скрининг тој да ми прави. Има искуство,имам доверба во него, ама проблемот е шо пола саат ме гледа и ништо не зборува, на крај само два збора и толку.
И кај мене Кристинка ич ништо, ни на преглед цело време со два збора. И после пораѓај не ја видов ептен ладно и незаинтересирано
Мене Кристинка ми ја водеше првата бременост нормално напоредно со матичен гинеколог, исто и ме породи пред 4 год и измегу беше достапна за секакви прашања. Сега бев во периодот кога треба прв скрининг да се направи ама и кажав дека имам направено веке кај матичен скрининг и приска на државно, ми ја виде приската, рече чим сте напрајле да не плакате дупло пари ке го напрајме како обичен преглед. Не дека не збораше многу, си гледаше и си кажваше по ред пример ова е во ред ова исто така итн. Ама нз дали да одам пак кај неа, еднаш бев кај др Владко и тој ептен ми беше зборлест, расположен. Инаку не се сомневам во стручноста на никој ама некогаш нас трудниците ни треба некој збор да слушниме, во бременостите од преглед до преглед само денови бројам, едвај чекам да одам, барем мене така ми е. @IRBBB кој ти е матичен тебе?
Ни треба, секако дека ни треба. И во ред е од некој доктор некои пациенти да се задоволни, од друг не. Конкретно за д-р Сотир, некако ептен 'кликнавме' на прво. Имав закажано кај друг доктор за преглед, во последен момент ми се јавија дека се сменил со него и не откажав преглед, појдов. Супер поминав, затоа и прашав искуство за кај него. Иако не исклучувам можност некој друг да е потемелен. Матичен ми е д-р Русе.
Јас бев првиот пат кај Др.Владко, премногу е добар. На смеа на шала, а првпат ме виде тогаш бидејќи тој беше дежурен во недела.преубаво искуство, секој ден ме посетуваше, до ден денес знае да праша за ќерка ми. Ми помогна многу да се породам природно, ме сошил предобро, матичниот гинеколог ми кажа надворешно не сум била многу шиена но внатре сум била извезена и патиштата нормално изгледале, го пофали. Јас пак би била кај него, да не е финансискиот трошок
Русе уште работи приватно алал да му е на годините. Мене не ми е битно многу да зборува, битно е кај и да одиш дс имаш верба во докторот, сега Славко поќе ми зборува спрема првата бременост и се кажува ако прашаш, на тел секогаш достапен е. А за скрининг кај Николина на болница бев се детално ми објаснуваше што мене малку ми беше стресно, а минатата скрининг кај Никола В на болница и си ќутеше човекот на крај ми рече се е во ред, бебе поголемо за 2 недели и толку, мене полесно тогаш ми беше јас све на државна правам и првиот пат и сега.
Скоро бев на втор скрининг кај д-р Сотир, а и првиот го правев кај него. Мене ми беше супер. Објаснува, кажува што гледа. И пишува се' во извештајот после. Се' на се', добар впечаток имам и планирам да продолжам кај него.
Мислење за природен пораѓај со епидурал кај Кристинка во Плодност...ако има пресни искуства ве молам да ми опиште како оди постапката и нејзиниот однос.
Јас се породив кај неа пред 4 год, не е пресно ама сепак. Сега се мислам пак за со неа да раѓам ама име време до окт. Значи докторот на породување не е толку битен колку бабицата. Докторот еве во мојот случај, јас на бокс бев од 09:00 и до 11:30 се породив. Кристинка си слегуваше на редовни прегледи, напоредно во другата сала имаше др родилка одеше и кај неа. Бабицата не се помрдна од мене, си праевме муабети, кско подршка ми дојде, ми кажуваше што и како да правам, како да дишам и сл. Кога осетив дека иди бебата, ссмо и јавија на Кристинка и буквално беше за момент тука, се породив, и напонот за плацентата што го дадов од акушерката добивав инструкции. После Кристинка ме соши, имаше потреба малку и тоа е тоа. Инаку бев на редовен преглед во четврток и ме прегледа со рака прв пат и ми кажс ќе дојдиш утре во 08:00 на уште еден преглед. Јас вечертта баш си реков како не сум одела, има да се изнаспијам, ама таа си знаела дека јас до другиот ден ќе се породам, пошто во 5 сабајле ми почнаа болките. Стигнав во 08:00 ме прегледа во амбулантите долу и ме презедоа горе.
Јас кога се пораѓав, природно без епидурал, др. Сотир беше цело време тука. И да , двете сестри на кои им сум бескрајно благодарна, ни секунда не се тргнаа од мене. Едната дури ме тешеше, ме галеше да ми се убжажат болките. Исто Сотир ме шиеше, помина се во најдобар ред. И прегледите пред пораѓај темелно ми ги објаснуваше. Инаку, сите присутни го ,,пофалија,, дека бил експерт за погаѓање тежина на бебе. Мене на преглед ми кажа и навистина точно погоди.
Исто за тежината. Пред породување два дена ме виде на ехо рече 3 кила ќе се роди. Точно 3 се роди ни плус ни минус. Царскиот како ми го соши мислам секоја чест едвај се познаваше. Врв е. Другарка на сестра ми одеше кај него и еден период (минатата година) работеше во систина, жената до Скопје одеше на прегледи кај него и решена беше дека ќе раѓа со него каде и да е тој макар на месечина. Среќа се врати во Плодност и таму ја породи.
Дали некој има искуство со царски рез со спинална во Плодност, и дали за подготовки на веќе закажан ве викнаа ден претходно во 12 часот. Не е тоа многу рано ? Царскиот е закажан на 31.05, а јас треба на 30.05 во 12 да сум таму
Јас бев си закажан царски со спинална, ден пред царскиот те задржуваат на болница и те следат со ЦТГ. Исто така и ти кажуваат две дена пред царскиот каква исхрана да внесуваш. Првиот ден полесна храна (варен ориз, компир, јогурт, супа), а вториот само течности (вода и сок од јаболко, а и коцка супа). Денот за царскиот ставаат инфузија, и те прочистуваат. Кога те земаат за во сала, таму ја ставаат спиналната и за мене тоа беше малку болно искрено бидејќи им скокнав... Потоа веднаш те легнуваат, ставаат кактетар и тука со тебе имаш сестри кои ти зборуваат и го одвлекуваат вниманието и навистина се многу фини. На едната рака ти ставаат за мерење притискок а на другата ти ставаат инфузии. Целата процедура за операцијата е околу 20 минути. Веднаш ти го даваат бебето да го видиш. После тоа те префрлуваат на интензивна каде ја поминуваш ноќта, го носат бебе да го видиш пак и ги примаш сите потребни лекови(инфузии), и исто така пробуваат да те станат да се раздвижиш. Многу битно им е да пиеш течности после операција за да следат мокрача. Сабајлето после царскиот ти земаат крв од прст, те стануваат и потоа те префрлуваат во соба. И следен ден си пак само на течна храна, ако е се океј вадат катетар и веќе ќе поченш сама да стануваш за во ВЦ, малку мачно но од ден за ден веќе нема ништо да осеќаш. Јас два дена имав силни главоболки но ми даваа лекарства. Извини за долгиот пост но мислам добро е да знаеш детално процедурата Со лесно