За тие што се породиле во Плодност, дали откако се породивте го почастивте нешто персоналот или им однесовте нешто? Знам дека не е како во државна да бараат пари или частење ама дали вие однесовте нешто?
Lele si pomina vremeto moram da se odlucam za poragaj stvarno neznam kaj da odam vie so ste za brzo za kaj se odlucivte ?
Обично носат торта, јас однесов полнети крофни од слаткарница и чоколадни ролати, т.е. донесе мм ко се породив за персоналот. За докторката што ме породи и анестезиологот пијалок и благо, а за сестрите во неонатологија благо ко не отпуштија.
Најлошо искуство во Плодност на блиска личност, во 4месец спонтан абортус затоа што не обрнале големо внимание дека треба да се направи нешто за да се спречи тоа, а пари дадени еден куп. Многу лошо многу!!!
Јас не можам да разберам зошто треба да се частат докторите, дали на приватно или на државно. Тоа им е работа, платени се за тоа. Инаку, јас се уште се обидувам да останам бремена, но отсега знам дека во Плодност би ја водела бременоста. Во денешно време, штета е топлата вода и грижата на медицинскиот персонал да се смета за „луксуз“. А во Градската Болница тоа го нема, од неколкуте мои пријателки што раѓале во државната ниту една не е задоволна и сите викаа дека нема нормален тоалет ниту пак топла вода.
Не сум за брзо, ама после поскапувањево размислував и некако најсигурно се осеќам Плодност, цела бременост одам таму и имам доверба во докторката, мм ми вели на болница не е за одење трауми ќе ми останат, а мислам за ваква работа вреди да се плати и приватно не е момент за штедење, парите ќе ги заработиме и така ова лето не одиме на одмор па парите ќе ги вложиме во нешто корисно, барем да не се обвинувам ако нешто тргне наопаку скраја да е, ќе знам дека сум направила најдобар избор, бидејќи ако одам на болница и се случи нешто лошо никогаш нема да си простам, не дека во Плодност неможе да се случи ама барем трезен доктор ќе ме пораѓа а не Русе на кој 2 пати му ја одземаа лиценцата па сега гледам пак го вратиле
Кога веќе сме кај гинеколози, некој да ми препорача спремен гинеколог да го пишам матичен? Затоа што се шетам по гинеколози и од ниеден не сум задоволна, од нивниот третман.
И јас сум против частења и софри, но барем благо и пијалок за докторот би требало да се однесе чисто колку да се почастат, ништо прескапо или луксузно, колку да не е без ништо, сепак син ќе ми се роди Чисто мое размислување
Бев и кај неа, и искрено и воопшто не ми остави впечаток. Беше надмена и незаинтересирана, не ми одговараше коректно на прашањата и на крај сакаше да ми наплати, иако матична. Се испишав од кај неа и отидов неколку пати кај Тони Анастасиевски ама и тој не ми се бендиса.
31+2 treba ovaa nedela da odam na pregled kaj kristinka i da pocnam so casovi kolku i da mislam dzabe e mm nesaka da cue za drzavna . samo zdravje sega ke cekame uste malce da pomini vremeto ti kaj koj doktor se odluci?
Здраво, ќе се пораѓам во Плодност , но сум од Охрид. Сега сум 35 недела и сакам да ги направам последните брисови. Ме интересира дали некој знае дали мора да ги правам во Плодност, или може да си ги направам тука, па со резултатите да одам во Плодност? Дали ги прифаќаат од други институции?