Да се ќе ти објаснат во Плодност, како што ти кажа ИРБББ, една контрола имаш на 1 недела, кај мене и за двете деца се погоди да не ги боцнат со бсж дури бевме на болница, па за тоа не викнаа плус. На втор/трет ден дома, треба да дојде патронажна сестра, таа ќе ти каже за во советовалиште поточно, прва контрола се прави на две недели од раѓање, ако си од Битола, во советовалиште е со термини. За епидуралот, болките значително се намалени, можиш да се движиш, секако нозете се чувствуваат. Имаш копче за епидуралот што сама си дозираш, ама акушерката и докторот те пратат и во договор со нив зголемуваат или намалуваат. Ова од искуството од скоро пред 5 год. Кога ќе стигнеш до напони, повеќе не боли како при контракциите, барем кај мене беше така во второто искуство без епидурал.
Не сум од Битола и затоа и прашувам. Значи, една недела по раѓањето се оди на контрола во Плодност? Патронажна сестра веќе ми се има јавено и ми кажа дека ќе дојде еднаш дома откако ќе се породам. Ако може и подетално објаснување за советовалиштето. Фала однапред!
Да една недела по раѓање на контрола, јас се породив во среда, не испуштија од болница во сабота и среда требаше на контрола ама беше 11ти окт- државен па бевме во четвртокот. На советовалиште се оди на 2 недели од раѓање, тоа е во вакциналниот диспанзер. Тој преглед е само за килажа, должина и општ преглед и ќе ве закажат следно за вакцина. Ние бевме и два пати плус само поради мерење. Ако те интересира нешто повеќе, пиши ми порака слободно.
Kakvo iskustvo imate so Dr.Kristinka vo Plodnost? Dosega samo kaj Dr.Marija i Tase sum odela, ama samo taa imase slobodni termini na toj termin sto mi odgivarase. I dali isto e hirurg t.e. dali pravi operacii za dvoroga matka i sl? Prasav koga zakazuvav mi rekoa dojdi pa ke se dogovorite so Dr.
Дали има некој ценовник, и брошури од Плодност за пораѓај? Што треба документи, за во болница лични ствари итн. ?
Види поназад имаше мислам најнов ценовник прикачено од некоја членка. За во болница од документи само картонче со крвна група, за тебе и бебе се е од нив. Носи си само полнач, чешел и лабело и алишта за тебе и за бебе за излевање од болница
Дали ако е се во ред три дена се задолжителни во Плодност. (Или може на мое барање и помалку да поминам Можеби прашањево е глупо ама баш се наогам во тесно да нема првото кој да ми го чува три дена
За второротки, доколку е се во ред има можност за одење дома после два дена, за спонтано породување ова.
По протокол новороденче треба да е под надзор 72 часа. Јас со првото кога прашав, ми рекоа дека јас можам да си одам, бебето мора да остани 3 дена.
Здраво девојки Можи е поставено прашањето ама не ми се листа на назад Дали во Плодност има можност маж да биди присутен на пораѓај?
Здраво...дали го имате ценовникот од Плодност, за ако таму би пишала матичен лекар,за следење на бременост...по колку е преглед и испитувања што следат во бременост..фала, Поздрав
Матичен лекар не можеш да пишеш во приватна болница. Во Плодност само проватно можеш да одиш. Обичен преглед е 2000 денари.
Здраво девојки,би сакала да прашам да ми кажете мислење за кој доктор во плодност имате позитивно мислење?