Породување во Плодност или Државна во Битола?

Дискусија во 'Бременост' започната од NewMommy, 7 јануари 2016.

  1. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    1.791
    Пол:
    Женски
    Баш денеска се погоди да одам на гости за бебе. Вчера се породила во плодност, мажје кажуваше дека цел ден таму останал и ручече му дале :D
    Имало 3 врсти на мени, него му донеле пилешко и сокови им давале на родилките колку сакаат да пијат:):)
     
    На An43 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gwenst

    gwenst Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Мени има да, си бираш што сакаш, се му е супер за јадење хахаха.
    А ова за со маж и, не знам. Да не си има платено да престојува со неа во собата? Бидејќи ја има таа опција. Јас пред 2 месеци сум породена таму, мм идеше на посета, во чекалната од 15 до 17h:?:
    А од страна на сокови, само од јаболко.
    Ти носат и десерти, т.е пудингче, кроасан, вафли, некои такви работи
     
  3. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    1.791
    Пол:
    Женски
    Нема платено. Он кажа дека седел цел ден таму, не верувам дека ме лажел. Бебето не смеел да го чепне и да го види, само преку стакло а со женаму седел ама како што разбрав имал некоја преграда да не е во контакт со неа. Појма немам.....
    А колку се доплаќа за сопругот? И што би правел и тој да е тука затворен во болницата, не ја сваќам логикава:D:D:D
    Ама ок,ете, некој може си сака:):):)
    А,да, го прашале и дали сака да присуствува на пораѓај
     
  4. gwenst

    gwenst Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Баш ме чудиш за ова со мажот и :rofl: не знам што имаат направено, битно си се снашле хахаха
    За да седи и тој со тебе во соба е 100 евра од вечер :wasntme:
    За бебето да, само преку стакло исто и мм можеше да го види, и тоа само првиот ден.
    А за присуство на пораѓај, изгледа зависи од доктор до доктор.
    Ние го прашавме др. Влатко и ни кажа дека нема шанси :D
     
  5. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    1.791
    Пол:
    Женски
    Влатко ја пораѓал и сам он прашал. Ама природрн пораѓај, не царски. Може денот му го немате погодено хахахахах
    А не верувам дека се со врски само цела бременост он им ја следел. И докториве се чудни.
    Ама во глобала презадоволни од персоналот беа.
    Јас со Сотир кога се видов му викам нема шанса со спинална зашто имам лошо поминато од неа и он ми рече како да не, ќе те заспиваме. Нашите игли се слаби, вакви, такви, убави, нешто ми оправаше. Јас сум за кај него Ама ако не се убедам за спиналната ќе го сменам и отворено ќе му кажам дека ќе одам кај друг доктор.
    А заш малите не даваат таткото да ги види?
     
  6. gwenst

    gwenst Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Па да, јас бев царски, и логично е да не се присуствува, и јас не би сакала да гледам хахахах. Јас кај Влатко одев последните 3 месеци, и како што пишав претходно, сум многу задоволна од него, и од сите останати. Од сестри, па до хигиеничарки. Собата секој ден беше исчистена, исто и купатилото. Крпи сменети, спавачи можеш да смениш колку сакаш..:rofl:
    Мене од спиналната ме фати паника, кога требаше да ме боцнат. Не знам зошто, можеби 7-8 пати неуспешно ме боцкаа:whew: ужас, мислев ќе умрам тогаш. Само тоа ми беше онака лош момент таму :?: а за бебињата не знам зошто е тоа така, мм првиот ден го виде, и последниот кога не зеде хахахс
     
  7. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    1.791
    Пол:
    Женски
    Јас немав мака со боцкањето. Од после имав, страшни главоболки што неможев од кревет да станам. Само во една положба легната седев 10 дена. Тука јадев, тука по голема нужда, среќа имав катетар.
    Јас ск на клиника ја примав, може стварно има разлика од спинална до спинална....
    А таму за капење некој ти помага на почеток или сама си?
    После операција одма си вособа или 24ч мора да си на интензивна (шок соба)?
     
  8. Marang

    Marang Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2020
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Женски
    Јас се породив со итен царски пред 2 недели,помалце од 24ч бев на интензивна се породив понеделникот во 17:30,а в соба ме однесоа вторникот во околу 10 часот.
    Ми ја одлепија лепенката и сама се капев...
     
    На ShtruMfeticka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    1.791
    Пол:
    Женски
    Супер, со лесно. Сега како сте, дека рече итен? Со спинална и ти, така? Уште ова прашање и појќе не замарам:) на интензивна исто сами во соба? Таму постојано притисок, сатурација и пулс мерат, така?
    Јас имам правено во државно царски ама кај мене трагичен крај се деси и незнам зашто ама на интензивна не ни ме држеја, само 2 саати. Затоа се чудам кога ми викаат дека се приклучени на апарати за сатурација, притисок итн 24ч
     
    На Marang му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marang

    Marang Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2020
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Женски
    Супер сум уште од прв ден имав многу лесно опоравување.
    Инаку имав епидурална оти почнав природно ама не ми фати од лева страна ич и пробаја со неа ама ме боцнаја осеќав и анестезиологот одлучи со општа (фала богу,3 пати ме боцкаше за епидурална ако ме боцнеше уште еднаш ќе пукнев).
    На интензивна бевме повеќе жени одделени со параван,мерат цело време да и те обезболуваат цело време,тука се сестрите ако ти треба нешто генерално во ред е..по одредено време стануваш со помош на сестра тоа го имаш поминато знаеш како е и како боли првото станување ама после бев супер и се сама си праев..
    Инаку јас бев кај доктор Александар Јовановски и сум многу задоволна.
    Со лесно :l:
     
  11. gwenst

    gwenst Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал за лошото искуство.
    Првите 24 часа си на интензивна, со постојан надзор, и цело време имаш сестра околу тебе. Сакаш вода/сок исто, се ти носат.
    За капење, 3тиот ден беше. Сама се капиш, само ќе ти нагласат да бидиш брза хахаа, мерки на претпазливост. И после можеш секој ден да си се капиш ако си способна.
    И нормално, ти го носат бебето од време на време
     
    На ShtruMfeticka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    1.791
    Пол:
    Женски
    Првото станување воопшто не ме болеше и секое наредно:D:D
    И јас лесно поминав искрено
    Дента кога ме испуштија имав испешачено 5км:sweat:
     
    На Marang му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ShtruMfeticka

    ShtruMfeticka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2017
    Пораки:
    1.691
    Допаѓања:
    1.791
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Тоа е, све се дешава. Секакви судбини
     
    На gwenst му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PolinaLuna

    PolinaLuna Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2024
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Mila dali dozvoluvaat prisuvstvo na soprugot za vreme na poragaj?
     
    Последна измена: 1 ноември 2024
  15. Shkolka@

    Shkolka@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2023
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Женски
    Devojki dali znaete kolku e poragaj carski rez so bliznaci vo plodnost?
     
  16. gwenst

    gwenst Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Овие се цените, ако немаш дополнителни услуги
     

    Прикачени фајлови:

    На Shkolka@ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gwenst

    gwenst Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Зависи од докторот. И јас бев кај др. Влатко, нас не ни дозволи. Ама јас бев царски.
     
    На PolinaLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.166
    Допаѓања:
    2.226
    Пол:
    Женски
    2022 се породив, сеуште и ковид тестови правеа и не дозволуваа никакво присуство мила..
     
    На PolinaLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PolinaLuna

    PolinaLuna Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2024
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Fala ti mila.. I jas sum kaj dr Vladko ama se nadevame na prirodno.. Se nadevam ke mi dozvoli
     
    На gwenst му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Во однос на присуство на сопруг, дозволуваат на природно породување, со царски не. На моја пријателка сопругот имаше голема желба и присуствуваше два пати и тоа во 2022 кога правеа ковид тестови. Нејзе двата пораѓаи и беа кај д-р Кристинка, исто и јас бев кај неа ама со мм немавме желба да биди присутен. Инаку баш сега пред неколку часа објавија видео на фб/инста од Плодност, баш се гледа на породување во вода е присутен сопруг.