Здраво девојки и со лесно на идните мајки ❤️ Би сакала предлог за гинеколог но да не во Плодност. Ви благодарам однапред ☺️
Во Плодност изгледа за кој како ќе му дојди за присуство и посета. Цела бременост ја водев таму, еден куп пари се изнадавав и генерално сум ептен задоволна. Ама ова со присуството, на прием ми рекоа само не е дозволено и толку, немаше простор за дебата. Една недела од како се породив гледам пост на Инстаграм татко присутен на пораѓај, selling point му е тоа. Мене искрено не ми требаше на пораѓај, нема потреба да гледа крв, вагинални прегледи и сите забавни работи. Кај мене докторката со раце ми го истурка од стомак, бебето беше со папочна врвца околу вратот и плус ме сечеа, општ хаос настана во тој пола саат додека се роди и иако јас си бев смирена, не верувам дека сопруг би бил. Ама после тоа му дадоа да го види само 2 мин, му го изнесоа в ходник и толку. Е тука мене психички ме отепа престојот, бебето на кислородна подршка, не ми го носеа, ме викаа само 2 пати во денот да го видам на 15ина минути. Кај шиена, едвај седев, на еден дрвен стол да пробам да го дојам и да го погушкам. Млеко ми надојде имав премногу, пумпав и не секогаш идеа да го земат да му го дадат. Јас не сум тип што замара на секое, нормално болница е, не сум само јас, ама хормона до плафона, изолирана во соба сама, од страна ги слушаш сите бебиња, и само чекав да ме викнат или да ми кажат нешто. Тој психолошки фактор никој не го гледа. Не зборам за посета од други, само сопругот, подршка кога веќе сме сами во соба. Конечно ми го донесоа бебето 4иот ден и ми го оставија 5 саати без никој да ме види, како за сите што е првиот ден, така беше за мене тој ден. Иако од оваа перспектива не беше ништо страшно до толку, тогаш го доживеав така. Два месеци од како се породив не сакав никој в раце да го земи, се осеќав дека ќе ми го земат и нема да ми го вратат. Муабетот ми е, на 8000ден. од вечер треба да е дозволено барем посета од таткото. Буквално ниту на тераса не дозволија да се видиме, 6 дена сама бев.
И мене исто ми рекоја дека не може да присуствува и толку беше. И кај мене имаше ден кога ми го оставија точно 5 саати, не знам дали така му е распоредот а за сопругот и посетите, нели се гледавте во времето за посета од 15-17h?
Немаше време за посета, неколку пати идеше сопругот да ми донесе некој работи оти непланирано ме примија, после преглед ми пукна водењакот, и воопшто не дозволуваа да ме види. Прашав неколку пати, праша и тој на шалтер, барем на тераса не мора в соба, ми рекоа се реновира терасата. Инаку не знам како му е распоредот, мене прв пат ми го донесоа ден пред да не пуштат од болница ама мене тоа ми беше како прв ден, не знаев ништо што се вика, цел саат звонев за сестрите за бебето никој не дојде, веќе 10 саат навечер беше и ги замолив акушерките да ги викнат, демек не фаќало даљинското. Бебето беше какано, јас немав пелени оти нели ништо не треба да носиме, и плачеше и немаше никој. Од кога го зедоа се отепав од плачење зошто ете каква мајка сум јас, не знаев дека бебето ми е какано. Звучи смешно сега, ама тогаш... Тогаш побарав и пумпа да се измолзам и никој не дојде да го земи млекото иако звонев неколку пати.
Ти си супер мајка тогаш и хормоните те надвладале.. Не го оправдувам однесувањето на персоналот во твојата ситуација воопшто. Но ете, било поминало.. Уживај си сега со бебушка, лошото искуство нека остани назад
Мајки, јас ќе се пораѓам во Плодност кај др.Кристинка. Какво искуство имате и од докторката, сестрите и општо цел персонал ? Мислев дека таму е поразлично од државно, дека нонстоп имаш сестра, најверојатно ќе бидам со царски, па ќе ми треба.., дека сопругот ќе може да ме посети кога сака,кога веќе сум сама во соба.. Можно лине да бидеш во соба со друга, или секоја соба е за сама ? После коментарот на Hinebrra, малку се замислив, втора бременост ми е, но со еден спонтан.. прво дете ми е и многу ми е страв. Ве молам доколку има некој скоро породена да сподели свое искуство.. И дали се плаќаат прегледи и цтг од 36та недела, дали кога излегуваме од болница даваат нешто за дома, козметика,пелени.. ?
Јас двете деца ги родив во Плодност двете царски и второто специфично имам кажано, тоа беше лани.Поради нив ФАЛА МУ ден денешен се е во НАЈДОБАР РЕД и одлично и со мене и со децата.здрави прави! Препрепрезадоволна од сите и се и вечно благодарна на цел тим и персонал. Бев сама во соба, посети не и тоа е најдобро, од останато се имаш од таму, јас бев со полнач и лабело отидена. Немам ниту една забелешка од цел персонал доктори и сестри, 24/7 на располагање.Ниту размислував за државно , едноставно мене моето здравје и здравјето на моите деца и сметам дека како жена и мајка заслужувам достоен третман ОСОБЕНО во тие моменти.
Цел персонал е 10ка. Од доктор, до хигиеничар. Јас бев царски, ќе имаш помош од сестра за станување од кревет доколку ти е потребно. Бебе ти носат неколку пати во ден. Во соба си сама, мислам дека немаш опција за да имаш "цимерка". Посети од сопругот само, во времето за посета 15-17h. 5тиот ден сте дома. Нас ни дадоја креми од Веледа, пелени Памперс мини пакување и од Бекутан имаше нешто ама не памтам што беше. Ни дадоја и тетра пелена, и две бодиња. Ова пред 2 месеци. Ти не треба ништо да носиш. Прегледите се плаќаат, околу 2500ден. само ехо, а цтг не се наплаќа
Пак ќе речам, генерално сум многу задоволна, овие впечатоци повеќе се дека тек породена, хормони хаос, па така го доживеав. Инаку, пак би избрала Плодност без размислување. Ете членките пишуваат дека сега има посети, јас кога бев немаше, ама имаш достапност до сестри, акушерки 24/7 со еден клик на даљинското. На испуштање мене ми дадоа ваучер од Ананас околу 600ден. мислам беше, тестери од Waya и боди и тетра од Novalac. Инаку ако одев на договорено до докторката или ако имав болки ми наплаќаа само ЦТГ околу 800ден., цел преглед не ми наплаќаа после 36та.
Здраво сакам да прашам колку е сега пораѓај во плодност со царски. И што опфаќа таа цена? Прегледи, цтг, соба, пораѓај.... Знам дека повеќе пати е кажано за цената тука, но нон-стоп варираат
Јас се породив пред 20 дена во Плодност со царски рез. Процедурата е: ден претходно те примаат (на вечер) и те припремаат за наредниот ден. Ставаат инфузии, клизма, се тушираш и си спремна за операција која трае околу 30минути. Јас бев со лајт спинал, не осетив буквално никаква болка( кај др. Филип). При самата операција се осеќа само некакво влечење и тегнење кое е повеќе непријатно, но не и болно. После операција ве сместуваат на интензивна, (морам да го пофалам целиот персонал таму) и после 10 саати е првото станување со помош на сестрите. Секој има различно искуство со првото станување ( мене воопшто не ми беше болно) повеќе ме болеше грбот што лежев само на него од страв да се поместам на лево/ десно. Наредниот ден ве враќаат во собата каде треба повеќе сами да станувате, но доколку ви е потребна помош сестрите се тука за да ви помогнат, па нареден ден откако ќе ви ја одлепат лепенката треба сами да се истуширате. Јас лично чувствував болка и ми беше тешко (што е сосема нормално) при секое станување, но секое наредно е се полесно и секој ден е се подобро. Еве после 20 дена нормално се движам и грижам околу бебето. Така да, ве охрабрувам да се движите повеќе и тоа исправени кога се движите низ собата, но истовремено и да одмарате и спиете на вечер бидејќи на телото е потребен одмор кој дома нема да го имате. Се породив кај докторот Влатко кој ми ја водеше целата бременост и за кој имам најпофални зборови
Од кога почнуваат со инфузии и клизма, кога ги ставаат, колку време пред да се пораѓаш ? Јас сум тука моментално,ме задржаа заради покачен притисок, прашувам дали ќе ме породат не ми кажуваат ништо, само ќе видеме до утре,ќе видеме.. Ми ставија игла на рака за инфузија,но ни една инфузија не примив овие 2 дена. Инаку сум 38 недела, бебе е за една недела понапред и спремно за раѓање,исто и јас едвај чекам да се роди..незнам зошто докторката толку се мисли, или па не ми кажува за да не се плашам
Иглата на рака ќе ти стои, од следниот ден после пораѓајот почнуваш со инфузии. Клизма вечерта пред да те породат. Па се капиш. Штом те задржале можи утре наутро да те породат. Посебно ако ти е покачен притисокот. Без секирации. Со лесно да ти е