Не бев многу упатена за скандалот со жена му. Во Плодност таа беше што му асистираше на др. Влатко, при царскиот рез
Јас од сопругата негова па сум презадоволна и 10 да раѓам пак таа би ја избрала...Врв ми е од доктор од знаење од однесување од се
Немам директно искуство со неа, само на пораѓајот, и на визита кога помина, ми се виде како фина личност. Ама ете што си правеле далавери порано тоа е друго
Јас колку што читав за жена му била една од најдобрите студентки и плус имала добиено награда во Србија, но овде имале проблем за нострификација или многу долго чекале нз, што воопшто не сум изненадена. Не дека е то оправдување за тоа што влегла в сала, но со системов наш и тие што имаат знаење и желба ќе им се одмили
И јас, мене ме правеше хистероскопија топ докторка е. Да додадам плус за тие наскоро што ќе се пораѓате, пред 2 недели не беше дозволена посета заради грипот.
Да и сега се етикетира како да не компетентна за својата професија а е врв од сите доктори сум имала искуство и со Марија и Кристинка од Плодност и не сум задоволна
Едно е компетенција а друго почитување на законот.Др Ана влегла да асистира на царски кај сопругот во клиничка болница без да е во работен однос во болницата.Кривично дело. Може да асистирала на царски рез кај твое дете.Кривично дело. За компетенција не би коментирала.Етикетите сами си ги ставаме
Ако практикати и специјализанти се присутни или изведуваат операции не чини ама сепак треба од некаде да др почни за да се има искуство...Михајло е и партиски определен и сето тоа беше хајка против него ...Демек може да присуствува нема проблем а потоа да се пишува и кажува по медиуми...
Верувам дека било хајка ама таа не била ниту практикант ниту специјализант или грешка сум ? Тоа ти е исто како јас да одам сега да присуствувам во операциона сала оти имам факултет завршено, не го бива. Инаку за Михајло имам само пофални зборови, супер доктор.
Како и да било сите прават грешки само да не е со смртни последици а се друго е полесно ....Оти немаме правда никаква овде во оваа држава да не си го однеси човек ...
за жал не беше во никаков работен однос. Овде станува збор за кривично дело- таман работа секој да оди да работи кај сака кога сака во која сака фирма а не работи таму-особено што станува збор за пораѓај.Да бев јас родилката сигурно немаше да ми биди исто.немам коментар како се дозволуваат вакви работи ова никаде го нема.е цела среќа што немаше последици по живот
интегритет се вика тоа.кој може да работи без знаење со купени пари нека му служи на чест.за ПЛОДНОСТ јас цел живот ќе бидам благодарна, моите дечиња се двете таму родени, имам пишувано, Др.Влатко, Др.Таше и цел тим на педијатрија и неонатологија ги благословувам
Па и да не се со смртни последици.. Што ти менува, ќе дозволиш ти БЕЗ да те прашаат, да работи на тебе некој без лиценца во соодветната земја? Мене лично без да ме известат, наместо докторот очен за кој отидов и платив добри пари, со ласер ми коригираше вид некој од Германија доктор, ваљда очен, што немаше лиценца кај нас. Јас нормално не сфатив на прва, зашто сите во сала се од глава до пети маскирани. И ете се деси проблем, мрднав со поглед, ласерот запре за среќа, па мораше да се рекалибрира, па паника во соба, па седна друг на негово место!!!??! Десното око на крај не ми беше најбистар погледот, умрев од грижа, се раздерив таму со маж ми пред сите пациенти што чекаа, преваранти едни.. Па ми се јавуваше директорот на клиниката од фин пофин да ме смири, демек овој бил во процес на лиценцирање, па како син му бил и одлиќен бил... и што со тоа, и јас учев за лиценца, па не им дрндав по забите на пациенти дека "чекав многу".. Имаа среќа што не го знаев јазикот баш баш тогаш, иначе не весници, не судови, не асоцијации на доктори, сите ќе ги дознаеја.. Ако тебе не ти е тоа проблем ај замисли се работи за нешто за дете твое, па и најдобриот да е, што ќе направиш? Ај повелете, влезете, млади сте, ќе се научите, така??
Значи ти тоа си го искусила и знаеш како е јас немам досега така доживеано можеби и затоа поинаку размислувам