Изгледа зависи кај кој доктор одиш. Јас бев кај др. Влатко и првиот пат само ми наплатија преглед, а после само цтг ми наплаќаа.
Па кај Влатко сум и јас. Од кога почна да одиш на цтг ? Јас сум 34 недела два пати имам досега на преглед ојдено. Сега ми рече по еден месец 38 кога ќе сум да направиме цтг.
Епа не знам, мене така ми кажа тогаш. Почнав со преглед и цтг од 36+6, па бев 37+6 и ми беше следно закажано 38+6 ама јас се породив 38+5.
Оф мислам дека 800 денари, ама не сум баш сигурна. Ама тука некаде беше, од 800/1000 денари. Инаку, супер е др. Влатко да знаеш. Со лесно и што побрзо да си го гушниш бебе!
Здраво дали има скоро некој породено во Плодност а да не е од Битола. Прашањето ми е околу Изводот од родени дали е истата процедура треба првиот извод да се извади од тука или имаат нешто променето?
Здраво девојки! Шо носевте или шо планирате да носите со вас за во Плодност? Читав дека ништо не треба освен полнач за телефон ама не ми се ризикува да ми фали нешто. Секако ќе си прашам и таму ама полека да почнам да си се спремам денес 36та влегов иако бебче последно беше понапред некој ден. Фала однапред и нека ни е со лесно на сите
Од Битола се вади извод. За бебе не ти треба буквално ништо, а за мене носев полнач, влажни, четка за коса, рексона, стегач за коса, четка за заби и паста си носев исто така, иако немаш потреба, има таму.
Несесер со малце шминка за излегување, гел за лице, крем за лице и чешел. Ланолин обавезно земи си, ќе ти треба.
Здраво девојки, 36 недела сум ,пред некој ден бев прв пат на преглед во Плодност ,но воопшто не ми се допадна пристапот. 1 саат после термин чекавме за преглед,прегледот траеше само 10тина минути. Внимание никакво буквално. Плус,ме убедуваа да направам лабораториски анализи тука ,за анестезиолошки картон,што е рано со оглед дека сум 36 недела. исто кога прашав за скриени трошоци не ми дадоа никаков конкретен одговор. Да не излези на крај од 123.000 колку што е царски рез,да бидат повеќе. Дали мене ми се погодил денот таков или има уште некоја со вакво мислење?? Од старт бев за породување во болница Плодност,но сега некако се двоумам а мора да се одлучам за брзо.
Па толку трае еден преглед, гледа ехо, плодова вода, постелка, протоци и тоа е тоа. За анализите нормално мислам дека е да ти направат таму, сепак таму ќе се пораѓаш, не дај боже нешто да дојди кој ќе сноси одговорност после, таму си имаат анестезиолози и тие ќе те водат. Скриени трошоци никој не можи да знај што и колку ќе фати пороѓајот со оглед на тоа дека се се наплаќа. Можи да те задржат повеќе, можи бебето да треба да ги сунчаат, можи некоја терапија ќе треба, не се тие скриени трошоци туку работи кои не се исклучени.
Сето тоа е во ред ,но зошто ме обврзува да правам анализи таму?! Прво може да соберите резултати од кај вас после не мора од тука да се.
Секаде е така, Жан Митрев, Ремедика, Систина... имаат политика дека сами си извршуваат испитувања. Нареден пат слободно распрашај го докторот се што те интересира, иако е краток прегледот, верувај сите ги замараат, ама услужливи се
Таму ќе се пораѓаш, тие треба се да ти направат Што ако испадни некои испитувања да се грешни, после кој ќе биди крив ? Не оставаат ништо на случајност и така треба, јас побезбедно ќе се осеќам ако знам дека се тие си имаат направено.