Женски искуство со природно породување кај др Кристинка? Со првото ме породи др Владко, ок поминав со него ама сега се мислам помеѓу него и Кристинка. Кој според вас е по ок?
И јас сакам да знам. при крај сум и веќе паника почнува да ме фаќа. првиот пат бев царски кај Кристинка, супер поминав. Ама пошо е поминат подолг период од царскиот, си велам за природно да пробам. Па сакам и јас да чујам искуства
Јас од Влатко сум презадоволна, царски породена. Другарка е породена кај Кристинка, природно, и таа е задоволна. Јас кога ќе имам второ, здравје, пак ќе си одам кај Влатко
Јас треба овие дена да одам кај него и најверојатно ќе одам на закажан царски. Можиш да ми кажиш како е процедурата, кои анализи се прават пред пороѓај, ќе ми објасни тој ама сакам мислење да слушнам од тука.
Анестезиолошки картон ќе ти отвори ден пред пораѓај, и ќе те пушти кај анестезиолог, ќе ти мерат таму притисок, тежина. Јас ги однесов извештаите што ми беа правени кај матичниот, не памтам кои беа, ќе ти кажат тие. Знам за крвна група само дека бараа обавезно која група си, за да не плаќаш кај нив. На лесна храна треба да си пред пораѓај, т. е. мене Влатко ми рече само сок од Јаболко да пијам. Ќе те примат, цтг, клизма... Со лесно
Моето мислење пред некое време што го пишав за Др.Кристинка, двата пати природно се породив. @jelo @macufce
Доколку може добар доктор, имав прва вонматерична бременост со изваден јајцевод, па сега ми треба добар доктор од Плодност - Битола за следење на другиот јајник и мислење кога би можеле да пробаме пак за бебе?
Пробај кај др. Ана јас бев кај неа немав никаков проблем . Еве можеш кај Влатко тој е доста пофален во групава
Oколу 127 000 денари, доколу дополнително за бебето е потребно нешто ќе биде и повеќе од оваа сума. Тоа ќе го знаеш при отпустот.
Тука можи за истиот да зборуваме сите, Ѓоргиевски, инаку правилното име му е Владко, другиот е Владимир Поповски.
Мајки некоја во скоро време да се пораѓала во Плодност? Да прашам дали се дозволени посети од маж ми, дали може да присуствува на породување и дали го пуштаат во соба после породувањето?
Доколку е спонтано породување може да присуствува со претходен договор со доктор и сестри. Во соба после породување не може да биде со тебе, може само да го види бебето преку стакло 2 часа по породување. Посетите се во посебна просторија со сите останати кои се дојдени кај родилките.