1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во државна болница во Штип

Дискусија во 'Бременост' започната од АнеАце, 16 јуни 2021.

  1. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Ако мислите дека нема потреба од оваа тема посебно слободно избришете ја.
    Оваа тема ја отворив бидејки многу жени го читаат форумот а овде претежно има мислења за породување на ГАК или Чаир или пак во некоја приватна болница. Има многу жени од источниот регион кои се породиле или ќе се пораѓаат во Штип па би било добро да го споделат нивното искуство токму за оваа болница.
     
    На Snowflake92 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Фала богу што се отвори оваа тема. Јас сум во план таму да се пораѓам бидејќи ми е најблиску. После август живи здрави ќе ви напишам искуство, а до тогаш ќе чекам другите да споделат како поминале. :)
     
    На АнеАце му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    9.040
    Пред скоро три години се порагав во Штип. Терминот за порагај ми беше поминат 10 дена. Дежурната докторка што ме прими беше крајо безобразна, не и се секавам ниту на името.
    Имав болки неиздржливи а не се отварав ни прст, и упорно ми велеа чекај.
    Да напоменам дека уште пред да останам бремена кога одев на гинеколошки прегледи а имав сменето неколку матични, сите ми кажуваа дека имам премногу тесно грло на матка и за природен порагај можеби ке биде тешко.

    На крај инсистирав за царски а за возврат докторката ми побара 200 евра во плик. Сопругот и ги однесе во кабинетот и за 1 час почнаа да ме спремат за царски рез.
    Хигиена никаква, храна никаква. За да ти исклучат инфузија мора да се дереш на цел глас за да те слушнат или да оде некоја од пациентките да ги викне, посебно на трета смена. Голема срека што во тој период кога бев јас, од Медицина средно имаше ученици на пракса па ми помагаа многу и околу бебето и одеа да ми купуват храна и вода.
    Вратата на вецето е нонстоп отворена, и башка тоа што вецето е на средина, пред собите, целата миризба од вецето доагаше низ собите.
    Просторијата за природен порагај повеке личе на касапница, односот на бабиците 0. Само ги интерисира нешто да и ставеш во џебот за да ти обрнат внимание.
    На крај со царски рез, и бебе со тежина од 3 850 муабетот и беше подобро што сум инсистирала на царски, бебето ми било големо а јас ситина и плус тесно грло на матка само за џабе ке ме мачеле за природен порагај.
    Здравје за друго ако имам изборот би бил во приватна болница.
     
    На katalina, Ava.84, poi и 3 други им се допаѓа ова.
  4. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Моја другарка таму се породи. Хорор. Јас одев да купувам кафиња, бомбоњери и сокови на сестрите за да ја погледне некој. Вените и беа подуени бидејќи немаше кој да и исклучи инфузија. Постелнините валкани, во крвишта лежеше. Од прв до последен сите намуртени, се дерат и се занесуваат. Од таму другарка ми излезе со депресија и несигурност. Кога ги прашувала што да става на папокот на бебето ѝ велеле ништо не мораш, педијатрите и се дереле каква незаинтересирана мајка е, зошто не прашувала ништо за ќеркичката, па и за доењето ја направија партал, капка млеко немаше, и дома кога отиде немаше млеко уште минимум 10 дена. Ѝ се дереле како таа да е крива. Ужас, после нејзиното искуство решив јас на друго место да се породам.
     
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Пред две недели се породив во Штипската болница. Го имам истото искуство како другарката на членката погоре. Повеќето не те третираат како човек, една докторка дури се дрзна да ме запрашува и да коментира за мојот приватен живот и да ми дава „совети“ за како да си го живеам животот. Таа што ме боцкаше неколку дена по ред ме направи решето. Не знам колку пати ми се запушија вените, немаше кој да ми смени инфузија, ни па да ми ја сопре. Кога се пожалив на неиздржливи болки, сестрата ми се изнавика, за среќа докторката ме разбра, ми даде уште инфузии и апчиња. Болничарките повеќе ме проверуваа и советуваа отколку сестрите. Една од нив дури цела вечер седеше со мене кога ми плачеше бебето, го смируваше и ми даде еден куп корисни совети.
    Бебето не го ни пресоблачаа, сама ако не му сменев памперс и да ги побарам да го повиткаат ќе си седеше со полни пелени. За доењето само ми рекоа да го ставам на града и неколку пати ме прашаа дали имам млеко.
    Во врска со храната, за доручек и вечера имаше „кифла“ т.е. празно лепче со чај/јогурт. На сите би им рекла од дома да си понесат колку можат.
    Од докторката сум презадоволна, Габи Читкушева мислам дека се вика. Да треба сто пати да раѓам, сто пати во неа би се доверила да го изврши пораѓајот. За другите доктори не можам ништо да кажам бидејќи немам искуство со нив.
     
    На DarkStormm, Snowflake92, baby 5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Јас се породив лани, царски рез. Докторите сите беа супер. Ама затоа сестрите беа катастрофа. Ниаква поддршка ни помош околу бебе. Ниту да покажат за доење, ништо. Педијатарот е супер, ми кажа ми обајасни се за бебето. Воглавно незнам многу лошо поминав. Бебе цело време плачеше и цело време беше кај мене. Ден ноќ, неможеле да го гледаат не бил само он во собата кај што се другите бебиња. Со едната рака го држев него со другата раната од царскиот и шетав по соба туку што станата после царски. Најлош и најтежок период во мојот живот ,многу лошо искуство. За тоалетот и се друго исто како што пишале членките само не мирисаше, беше колку толку чисто. Ми се направи воспаление на вената кај канилата па се лутеше едната сестра на другата зошто ми ја извадиле претходната а не боцнале нова. Ни една облога не дадоа да ставам а не нешто друго.Цело одделение ечеше кога ќе дојдешежена за пораѓај.... Ама од сестрите како што гледам секаде во државно се исто 90%
     
  7. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Да докторката е супер, ја знам. И другите доктори се добро, пред се заради тоа што преземаат огромна одговорност и се многу стручни. Меѓутоа џабе добри доктори кога останатиот персонал е ужасен. Гореспоменатата докторка е многу културна, на другарка ми многу совети и даваше, ја проверуваше, ја прашуваше дали има болки. Ама кога заврши нејзината смена и кога таа си бараше нешто за болки, сестрите и викале:" ќе ти помине" и слични изрази од типот: " мајка си што очекуваше? Ее сакаше царски, ете ти биди царица ако можеш".
     
    На nevermet18 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Не знам кои доктори останаа таму. Еден почина, двајца отишле во приватна ординација како што разбрав. Во поглед на стручност, др. Станка и др. Виолета се најдобри. Виолета ме пораѓа со второто и сум многу задоволна
    За сестрите, по 1 сестра е на смена на одделение. Понекогаш има стварно многу работа и не стигнуваат, особено ако има пораѓај. Дали да пораѓа или да дава терапија. Нема персонал, тоа е. Од педијатрите сум најмногу задоволна од др. Марија.
     
    На baby 5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.574
    Допаѓања:
    2.495
    Пол:
    Женски
    Тој што почина не ни беше на гинекологија. Двајца заминаа во приватна пракса, Џидров и Бранкица. Дојдоа нови тројца колку што имам информација-непотврдена. Виолета е одлична, Станка е пензионирана. Има една Наталија, Ристе... ова сегашна ситуација.
     
    На baby 5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Станка Велкова пензионирана? Да не утна ти нешто? Да не мислеш на Стаменка? Др. Александар беше гин.специјалист и работеше таму. Милион посто сум сигурна и не треси од ракав.
     
    Последна измена: 14 септември 2021
    На baby 5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sunshine*baby

    Sunshine*baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Останаа Наталија, Виолета, Габриела, Станка и Ристе...
     
    На forumce и Knizhevnik11 им се допаѓа ова.
  12. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Јас пред 3 години царски се породив во Штип. Ме пораѓаа Станка и Ристе и можам да кажам дека сум задоволна особено од докторката Станка ама затоа почнувајки од сестрите таму се е катастрофа.
     
  13. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.163
    Пол:
    Женски
    Незнам за сега ама пред три години кога се пораѓав со синко јас бев задоволна вкупно од персоналот дури и од болничарката (тетка Зоре) ми се погоди др Виолета а бабица Кате многу ми помогна.. паметам кога ми рече мајка или ќе напнеш сега или ќе си го угушиш бебето абе која сила ја добив го “плукнав” :) завршив со еден конец што многу брзо ми зарасна сега немам ни белег :) за доење ептен ни помагаа добив воспаление дури и крв имав на гради ме премачкува и беа упорни да цица синко, фати жолтица и ми дозволуваа да го гледам преку стакло. Имаше секогаш топла вода чисти постелини и јас си носев пижами, така да здравје сега пак би одела таму да раѓам :)
     
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.649
    Допаѓања:
    161.734
    Пол:
    Женски
    Др.Станка е една генерација пред мене, не може да е во пензија.
    Др.Виолета е моја генерација , не оти ми е пријателка, ама стварно жената е многу добра, тивка и со еден тон нерви.
    Да те прашам, Др Џидров дали знаеш каде е на приватно?
    До скоро идеше кај нас во болницата, не сум научила дека е излезен од државното здравство
     
    На forumce и baby 5 им се допаѓа ова.
  15. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.163
    Пол:
    Женски
    Во ординацијата кај Огне и Магдалена они отидоа во пензија сега се Џидров и Бранислава
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.649
    Допаѓања:
    161.734
    Пол:
    Женски
    Ахаа
    И што сега, Џидров и Бранка ќе работат како матични гинеколози, и ќе обавуваат приватни прегледи само?

    Штета...
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.163
    Пол:
    Женски
    Да да баш така :)
     
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.649
    Допаѓања:
    161.734
    Пол:
    Женски
    Таму се парите.
     
    На baby 5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.163
    Пол:
    Женски
    Е да во право си ..
     
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Од кога се Огнен и Магдалена во пензија? :o