Мајки скоро породени во Штип царски. Колку време бевте во болница? Ме интересира сега уште малку сум на ред па затоа. Дали е пак по 5 дена како што беше или сега од короната се седи помалку?
Мајка ја се породив во јули, седев 5 дена. Понеделник отидов, вторникот ме породија и саботата ме пуштија.
Многу касно враќам знам. Ти благодарам на одговорот но ме интересира и сега како е од короната. Некоја поскоро што се породила. Што се спрема за во болница дали како и вообичаено или има нешто плус. Дали даваат посети или барем ако притреба нешто дали ке дозволат барем до врата? Јас царски ке бидат наредната недела и баш сум во паника. Ако има и некоја друга мајка што се породила скоро таму ке бидам многу благодарна ако сподели искуство.
Моја другарка се породи сеа скоро, царски, 5 дена, посети не, освен до врата да ти подадат нешто. Јас одам на цтг веќе двапати таму, не дозволуваат маж ниту на гинекологија да влезе. Ајде ќе кажаш како ќе поминеш па јас по тебе околу крај на декември.
Ќе си носиш се што треба за тебе и бебето, посета на тоа шалтерчето, ако ти треба нешто ќе подадат твоите од таму на болничарка и ќе ти донесе, ако не можеш да станеш. Пред 10м правеа тест за корона, а сега не знам
Ви благодарам многу. Добро е барем што до врата ке може на тоа шалтерчето. Така ке може маж ми и син ми да ги видам барем еднаш. Внатре да ги пуштат знам шанси нема.
Jas se porodiv pred 4mes vo stip. Prvo te primat ti zemat bris od nos i grlo i ti pravat ctg pa te nosat vo saka posle operacijata te kacuvat gore vo shok soba i za 6casa te nosat vo soba ti go nosat bebeto na kratko i pak go zemat. Obleka higienski raboti za tebe a za bebe posle ke treba Vlazni marami pamperes i obleka za nego po tvoja zelba i Kebence za bebe. Se sto ke ti nedosrasuva ke ti go donesat do vratata i od tamu go zemat bolnicarki ili sestri i ti go nosat tebe i ne si zaboravaj sprej za ranata viopleks i pumpa za odmolzuvanje ke ti pritreba mozebe bebe ako nejke da fate da cica. So lesno ❤️