Искрено многу жалев за него, многу сакав да го видам и 3, 4тиот ден тек му реков на мм да го донесе... и полошо си направив, плачев додека не си отидов дома за него. Хормони лудило, а и он кога дојде се уплаши од болницата, едвај ми се приближи дека легната, дека со игла во раката, ме гледаше како странец да сум, цел стаписан, тивко се ми одговараше. Да се вратам назад, ич нема да го викнев мм да го донесе... Ако веќе неможеш ич без неа, најдобро до ходникот да дојде да се видите, има тука масичка, гарнитура, даваат една наметка долга до колена која се врзува, па ке си прошеташ до ходник. Си била горе така, знаеш како е? И колкава е големката? Ако е поголема и повеќе разбира, верувам поразлично ке биде од мојов случај. Може инаку да влезе во соба, тоа не е проблем.
Јас во ремедика ден и пол делев соба со жена на која немаше кој да и го чува малиот и од сабајле до вечер лежеше со неа во кревет. И го носеа рано сабајлето и верувајте до вечер детево си седеше кај неа на кревет. Она царски, не мрда од кревет, детево со куп играчки и тераа...среќа не беше немирен ама ич не ми се допаѓаше тоа. Така да, за посета мислам дека нема проблем, башка гледав деца во ходникот поминуваа
Да, знам како е, првиот пат таму се пораѓав. Јас отсега плачам, а знам дека ќе реагира баш како што опишуваш, многу е чувствителна. Ја носиме на секое ехо и тек сега се опушти малку, на почеток многу плачеше дека легнувам на кревет и ме гледа на ехо докторката. Од една страна си викам ако не ме види пет дена и со бебе се враќаме, може и тоа да ѝ влијае, ако ме посети таму, сигурно ќе се исплаши од канилата, креветот и сл. Ќе размислам добро. Мене тоа воопшто не ми се допаѓа, иако имам дете. Цел ден да ремети мир, колку и да е мирно, не е во ред, сепак е болница тоа, не хотелски смештај.
Јас па си реков баш ако ме види со бебе и после ке мора да си оди, ке мисли дека сум го оставила и сега имам друго бебе. Па затоа гледав и кога дојде да сум без бебето. После дојдоа да ме земат од болница заедно, тогаш прв пат ја запозна дада му и супер си ја прифати. Ја галеше Тргнавме накај дома и тогаш му кажавме дека сега имаме ново бебе и дека е наше Проблем никаков немав, така да како сакаш... се зависи и од дете до дете..
Така и мислев, сама да бидам во соба, а тие да го видат бебето преку стакло. Мм да ѝ каже ова бебе го купивме А ќерка ми како што е дадена да рече: не, она бебе сакам да го купиме
Ахахахаха За муабетов.. Свекрва ми се породила, второ машко. А сестра му имала 5год скоро... Кога го видела, реакција: Што си ми купила машко бебеее, не сакам машко бебеее!
Истото ме мачи, знам дека ќе сакам да си ја видам кукла да ми дојде да ја гушнам, 5 дена ќе побудалам без неа. Уште од сега и кажуваме дека мама ќе оди да го извадат бато од стомак, ама некако срце ме стега кога ќе ме праша, а јас може да дојдам да гледам
Јас планирам секој ден да ми доаѓа малиот на кратко на посета ама во ходник или негде таму кај што може да се седне, во соба нема потреба мислам. По првиот пораѓај дека природно, цело време бев на нозе, шетав низ соба, се досадував па ако и сега е така радо би излегла дури и до доле кафе кај што се пие. Единствена мисла ми е малиот бидејќи ќе оди во градинка да не нешто ми пренесе, дали тие посети и гушкања ќе бидат ок, ама и така истото не чека дома дали по 3 или 5 дена...
Викаш добра е? Она ќе ме превземе сега... имам намалена плодова вода бебуш малце заостанува па може и она да ме пораѓа... Јас не сум ја ни видела...
Срцка е. Ја имам видено кај Митко во амбуланта, ваљда се комуницираат и соработуваат. јас на предавањата ја "запознав", а и на визити. Мила ѕвезда има.
Дали некоја трудница ја породувал Дракулевски или Панчевски од Систина? Се мислам кој да го одберам да ме води до крај и да ме породи...