Закажав за 2 дена сум првпат кај него. Уште не сум го видела. Ќе споделам искуство. Утре сум полна 36та. Ти која недела си?
Супер е докторот. Не е премногу зборлест ама убаво одговара на прашања. Насмеан, смирен, сталожен. Убав впечаток ми остави.
Многу убав впечаток ми остави докторкава. Ама не најдов на форумов некоја членка што се пораѓала кај неа за искуство...Денес сум полна 35та недела се надевам ќе издржам додека Митко се врати од одмор.. Му реков дека ќе го чекам иако по негова проценка е дека заменава негова ќе ме пораѓа.. Ама инает сум сакам да го изненадам
Он и пораѓа така? Се договоривте он да те пораѓа? Како иде тоа не знам стварно, дали треба лично со тој доктор што сакаш да те пораѓа или пак кој ќе ти се погоди на смена.
За мене најдобар доктор, а пред се многу добар стручњак, мене ми ја водеше цела бременост за жал не ме породи он поради оправдани причини ама здравје за второ пак ќе си одам кај него. @Sparkles27 он и пораѓа да, се е во договор со докторот сега боже мој ако стигнеш и итно мора да се породиш да нема време докторот да стигне тогаш те порага докторот што е дежурен.
Јас идев порано кај него па го сменив зошто многу ко фраер така некако ми се понашаше и што и да го прашам превртуваше очи се осеќав ко глупача хахаха па затоа размислував дали да се вратам или да сменам а Дракулевски ми е поемотивен некако понежен доктор ќе видиме имам време вака и од искуства ќе читам и слушам па здравје ќе одлучам
Zakazav pregled kaj dr Drakulevski vo Sistina, bi sakala I da dogovoram da me poragja, ako moze da spodelite vase iskustvo.
Здраво, нова сум на форумов, како сте задоволни од др палчески ? Јас сум кај него, 36 + 5, он на одмор е моментално, 31ви почнува на раб Јас треба царски дека имам високи димери, некој со високи димери ?
Женички да ве прашам прво вас, веќе уште неколку дена до краен термин, докторот што требаше да ме пораѓа во државна болница во Кавадарци нема да е тука. Дали е касно да исконтактирам приватна клиника и препораки од кој гинеколог во Скопје сте задоволни? Секое искуство е добредојдено.
Приватно можеш и отворена 5 прсти да отидеш, никој нема да те врати Каде сакаш да одиш? Систина или Ремедика?
Затоа прашувам за искуства. Првото го раѓав државно, па не сум била досега во контакт со приватниве. Совет за одличен гинеколог?