Јас денес може сум досадна и не знам во која од темиве да барам па овде ќе го поставам прашањето. Што ми треба за мене и бебе за породување во Ремедика? Алишта, козметика, за бебо пелени... ?
Ништо. Само облека за излегување за тебе и бебето. Инаку од лична хигиена четка, паста, крем за лице, полнач. Сѐ друго имаш таму.
Значи ни влошки за гради, ни оние со мрежа, ни влажни за бебе, пелени крем... ? Ова ептен опуштено изгледа ќе бидам бтв за Ремедика прашувам.
Ништо, ништо Сѐ има таму. Јас мислев дека нема влошки за гради, ама имало и тоа. Баш ја слушав сестрата, ја прашуваа што треба да носат, им кажа само кармин и чешел
Женички јас тргнав кај Ефремоски, но што ако не го дочекам да се врати од одмор? Ко изгубена честитка сум. Било кој на дежурство што е ќе ме пораѓа?
А до кога е на одмор знаеш? Ако нешто непредвидено дојдеш ќе те породи тој што е на дежурство или прашај го дали би можел да дојде. Мене докторката ми рече дека ќе е во ск па и да е на одмор ќе е достапна за породување.
Од 30 до 7ми е на одмор. На 8ми сабаље ми рече да се нацртам. Ако не, то е то. Тебе која докторка те породи? Како помина?
Мене ме породи Снежана Стојковска, се породив во 36 та недела природно и малку се измачив. Запната бев за природен па природен. Презадоволна сум од педијатри и сестри и нега на беба. Инаку Ефремоски ми беше на визита неколку пати и ми остави прекрасен впечаток, сега сакам на контрола да идам кај него. Ајде со лесно не мисли многу верувам дека ќе го дочекаш докторот, а и да е на одмор спремни им се сите доктори не се плаши.
Никој нема да те врати, не се секирај Ако е преку ден имаат еден куп гинеколози, ако е преку ноќ имаат еден дежурен. Ако треба царски, викаат уште еден и тоа е тоа.
99% ќе бидам царски иако се главично поставени, но сепак не во убава положба, едното бебе е стуткано како кифла. Ефремоски рече дека дека не би ризикувал кај прворотка. Фала женски на одговориве. Знам дека сум досадна, во круг си ги вртам прашањава, ама па толку мн ми е желба за овој доктор, се надевам ќе издржам.
Еве јас ке ти кажам што си носев: лабело, крема за лице, чешел, четка за заби и паста, полнач за моб, стикче за под мишка . После што и да ти затреба ке ти донесат, јас си порачав бонбончиња дека грло ми се сушеше, а ако се закашлав опасно рана болеше, бонбоните ми помагаа Се друго има таму, има и фен убав, во случај ако сакаш и коса да си измиеш Аи заборавив, јас кога бев пред 8+ месеци немаше и во вц купка, сапун, шампон, па и тоа ке ти треба. Коса не миев јас, си носев медицинско сапунче, па со тоа си се туширав. Исто и влажни си носев за мене, а за бебе има се.
Фала ти многу, ептен ми е од корист информацијава. Јас пак и спални ставив за мене немој да се прљам многу
@mimiiiii најпресно е породена во Ремедика, нека каже дали имаат гел за туширање Аман па и тие, некогаш имаат, некогаш не