-Ти во државна се породи? -Не, во Ремедика. -Ааааа . Ама природно, така? -Не, царски. - Ооо, ништо. Не си родила. Оди природно да раѓаш, да видиш што е пораѓај и тоа во државна. Царски бе. Јас ич не ги поштовам тие, “царици”, па приватно. Легнуваш таму и уживаш. Јас двете во државна природно ги родив... - Не поШтована сум, кај во приватна па и царски.
Вистина така ти рече, дека не те почитува оти царски си се породила и на приватно? Во фаца? Рили? Или малку филуваме разговор?
Леле, селски муабети еј. Па мене старосватицата ми рече во очи демек ако сум со епидурал како ќе знам дека сум родила. Ноу комент.
Царски бев и платив 103 000, пред неполн месец. @kukla21 Од јули им било ова со фризерот, ново им е. Стварно штета
Од 36та недела одбрав доктор за прв преглед и за да ме породи. Првиот преглед се наплаќа околу 2400 беше. На ден на термин ме задржаа. Персоналот е супер. За никој немам забелешка. Од прием до испис. Се ти објаснуваат, се можеш да ги прашаш. Пиши ми ако те интересира нешто плус или прочитај го моето мислење во Породилни приказни!
До тогаш може и шминкер ќе донесат @Sparkles27 Прв преглед пред да влезеш во 9ти месец се наплаќа толку колку што ти пишала Теди. Си бираш доктор некаде 35-6 недела и одиш кај него на контроли. Цтг во 9ти ти е бесплатен. Си се договарате за пораѓај. Природно/царски, било како и да е, добиваш аналгезија и си имаш безболен пораѓај. За да не го памтиш најубавиот момент по лошо Те гледаат поубаво и од дома! Буквално цел ден ти се на распологање, и болничарки и доктори,и сестри и едукатори за доење. И да те избањаат,средат. Ги замараш уствари, а они ти враќаат со насмевка и понудена помош. И 10 да родам Систина ќе биде мојот избор секогаш.
Немам цел да филувам. 7 месеци како сум породена и не ми текнало дека некој може да мисли вакво нешто не па да каже. Ме остави без зборови буквално. Реално јас имам обичај насмеана да одговарам, па најверојатно според тоа оставив впечаток дека сум поминала како царица .
Како бе по лошо? Породилната болка исчезнува за секунда како може по лошо да се памти јас незнам. Значи кога не постоеле овие инекции сите мајки по лошо го памтат тој момент?
Па и јас имам и лоши "спомени". Нема врска анестезија, не анестезија. Породувањето како чин е едно, а раѓањето на детето друго. Мајка ми пред 30+ години раѓала со анесѕезија. Глупо е во денешно време да збориме за ова.