1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.029
    Пол:
    Женски
    зa цaрски еднa вечер унaпред е вo пaкетoт прирoднo немa чекaње прoвoкaцијa стaвaaт зa четири чaсa кaкo ме примијa се пoрoдив, мaж ми беше нa бoкс дo мене не пa зa пoсети :) сoбите се двoкреветни aкo сaкaш еднoкреветнa се дoплaќa, бебетo кoгa сaкaш ти гo нoсaт имa телефoн дo тебе звoниш и ти гo нoсaт вo еднo кo кoличкa :)
     
    На Grungie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.602
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека не чекаат за отварање, туку повеќе се работи за случаи кај кои има индикации за царски, ги прават царски. Затоа што не им се ризикува во сите ситуации само за да биде по секоја цена природно.

    Во државно, оние што се за царски не ги прават, ги тераат природно. И додека ти помина убаво, (да, и покрај сѐ може да се рече дека помина убаво), други на жалост немаат таква завршница.

    Еве јас бев во ремедика со поминат термин, надносено бебе, ме примија четврток во 6 сабајле, се породив следниот ден во 14:30 со царски. Од примање до царски, со три провокации, јас се отворив пола сантиметар. Контракции на секои 2 минути што траеа 1 минута. Џабе. Тоновите на детето на контракциите не беа баш најсјајни. А мојот доктор од одма ми препорача природно со епидурал. Царски, ако мора.
    Ама тоа е.
     
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Ama sigurno 9h ne si trpela strasni bolki do povrakjanje, cekaat, no ne macat... zavisi do kakva situacija e zenata, drzavno masta ja vadat :)
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    @mariz те разбирам што сакаш да кажеш. Одамна сакав да пишам ама си викам ај да не се налутиш. Јас можам да зборам само за Систина затоа што таму имам искуство, конкретно за твојот случај, на приватно нема шанси толку да те остават да го надносиш, башка со толкаво дете:x јас не знам како си го родила, јака ти душа. Јас сум ситна и докторката цело време ми викаше поголемо е бебето, не знаевме точно колку. Син ми се роди 3850 што во споредба со твоето и не е толку големо. Во 38 недела имав заматена плодова вода, лакуни на постелка и лошо цтг, само што влегов во 39та ме задржаа да се породам со провокации, после 16 саати почна детето да губи тон на срцето и доби тахикардија, за 2 мин ме внесоа во сала и ме породија со царски. Докторката беше одлучна, рече доста беше, не ги мачиме веќе. На државно гарант ќе ме породеа природно.
    Приватниве повеќе гледаат да нема компликации, не дека од ракав го тресат царскиот пораѓај ама штом има индикации не ризикуваат. Единствена замерка ми е што ниеднаш не ми го спомнаа царскиот како опција, јас мислев природно ќе се породам, дека за царски треба којзнае што да се случи. Кога ме внесоа во сала за 2 мин мислам дека добив напад на паника, неконтролирано плачев, многу се исплашив, барем некој од докторите да ми спомнеше дека и царски е опција.
    И уште еден пример, другарка моја се породи во Систина како од шала, за неколку саати, без епидурална, без сечење, низ смеа и тоа со прво дете.
    Индивидуално е, ама сепак приватниве повеќе гледаат да не се искомплицира нешто, можеби и до условите е, салата секогаш е спремна и со опрема и со персонал, не знам како е на државно.
     
    На macunka, Lolipop23, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Ne be kakvo lutenje, jas isto sigurna sum da bev privatno kje me zemea carski. Toa e razlikata vo drzavno i privatno, nema tolku cekanje so macenje, mozebi ete cekaat, no imaat granici, nema da te ostavat saati da se macis i da povrakjas od bolki...
     
    На Kaetana и irenna им се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.602
    Пол:
    Женски
    Комплетно се согласувам.
    Баш тоа ми е муабетот.

    Не ми се верува дека само за 400 евра разлика докторот намерно би земал да работи царски.
    Сепак е тоа операција, ризиците се малку поголеми (теоретски) и работата негова е поголема.

    Не би сакала да верувам ни во муабетите за Санте дека инсистираат заради пари, ама не можам да зборувам, не знам.

    За разлика од Ирена, и јас не ни помислував на царски, ама првиот ден вечерта докторот ми објасни дека не реагирам на провокациите како што очекува, и дека следниот ден ќе видиме како ќе биде, ако не, постои опција за царски.
    Ама јас не ни размислував на таа тема, а кога ме земаа веќе бев толку спремна да се породам што не ми беше гајле како... :)
    И немав ич страв.
     
    На LadyC и irenna им се допаѓа ова.
  7. NanaMia

    NanaMia Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    2.938
    Пол:
    Женски
    @Grungie Јас бев на закажан царски. Вечерта на прием не ја бројат, се рачуна од другиот ден, 4 ноќи.
    Собите се со два кревета, кои се одвојуваат со завеса. Имаше и апартмани, но искрено не би била сама, ти треба некој за муабет, барем мене да.
    Посета е од 10-20ч, Да не се прави гужва по двајца даваат, деца над 12год.
    Бебињата ги носат на повик првите два дена и ги зимаат на повик, дека царски, не си за ништо способен. Веќе трет ден и они ги носеа саму, обука за доење имавме и нормално сакав што повеќе време да поминам со бебето. Имаш копче за сестра која се грижи за тебе, болничар за хигиена, помош околу станување, посебно сестри за бебиња. Исто појадок, ручек, вечера, неограничени сокови и вода.. Носев само шминка, таму се има, до четку, до улошки, влажни, шампони... Цена за царски е 101400ден
     
    На Moce19, macunka, meckicka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    @Grungie jas bev prirodno i se porodiv za tri casa kako me primija so provokacii, prirodno imas tri dena t.e tri noki . Poseta demek od 10 do 20 casot ama moite doagaa i porano pa nikoj nisto ne im rece. Maz mi sedese celo vreme so mene i vo rodilna sala isto bese. Sobite se dvokrevetni i iskreno da imav poveke pari ke zemev ednokrevetna soba , ne apartman nego ednokrevetna., mene mi bese zamor da ja slusam cimerkata i nejzinite rodnini koi postojano bea tuka, ona samo nesto kenkase se zalese i ne mi godese ic toa. Bar na mene mi smetase moze na nekoj nema. Toa e edinstvena zamerka sto na tie pari sto gi davam moze da sme sami vo soba.
    Bebeto ti go nosat koga sakas. Cena za prirodno 70.700. Jas plativ 91.000 ne zadrzaa plus eden den, plus nekoi ispituvanja za bebeto racunaj si deka moze ke treba da doplatis.
    Na idenje ti davaat torbica so podaroci za bebeto, kniga so soveti, mi dadoa i nekolku paketcinja raboti za nega na gradite, i imas sertifikat za raganje so prvata slika na bebus :) vo ovaa cena spagaat i tri pedijatriski kontroli vo tekot na prviot mesec.
     
    На Delfina15, LadyC, irenna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    2.170
    Девојки навистина ви благодарам за споделените искуства!!! :inlove::l::sun:
     
    На LadyC и NanaMia им се допаѓа ова.
  10. Slavka 28

    Slavka 28 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2016
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Eve jas ke ti objasnam :) Denovite gi racunaat vaka - denta koga ke se porodis e 0-ti den, sledniot den e prv den. Sestra mi bese vo dvokrevetna soba, a inaku ima i ednokrevetna i apartmani. bebeto ti go nosat koga sakas ti, ke im se javis na sestrite i vednas go nosat. Poseta e dozvolena, so maska na liceto na posetitelot.
    Tamu li ke se poragjas? So lesno majka :*
     
    На Kaetana, Grungie и LadyC им се допаѓа ова.
  11. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    2.170
    Благодарам за споделеното искуство мила...Планирам приватно во Систина,затоа што не сум од Скопје и досега доживеав доволно непријатни искуства во болницата овде, почнувајќи од игнорантен персонал и мизерни услови, па почнав да се пребројувам и да планирам... Сепак сакам порелаксирано да отидам на породување,без да се секирам дека нема кој да ми исклучи инфузија....
     
    На Babyboy88, Kaetana и LadyC им се допаѓа ова.
  12. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    ne bas..se porodiv ponedelnik popladne, toj den mi go racunaa, cetvrtok trebase da si odam :)
     
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Јас со царски се породив во среда (ме примија вторник вечер), дома во понеделник си отидов.
    Иначе сум презадоволна од целиот третман (пред се вниманието на мене и на бебето што ни го посветија).
     
    На Grungie, Kaetana и LadyC им се допаѓа ова.
  14. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Се мислам за порагај помегу систина и ремедика
    Во систина сум одела кај Димчев во Ремедика кај Елена Петрова за скрининзите
    Искрено како доктор повеке впечаток ми остави Димчев ама тоа за скрининг а за порагај како е некој искуство???
    Или со Петрова???
    Бременоста ми ја води матичната.
     
  15. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    И јас бев кај елена во ремедика за скрининзи, а ме породи јане стојковски презадоволна сум и од него и од целиот персонал, сестрите се супер сите, поддршка максимална и за раѓање и за доење
     
    На Emana и Kaetana им се допаѓа ова.
  16. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Бела ти си го одбра докторот или ти се погоди
    Во поаледно време слушам во Ремедика а посебно во Систина не доагаат докторите со кој си се договорил ако е вечер доцна или викенд
    Последно знам Гордана Петровска на комшивка не и дојде во сабота навечер
    За Елена во Ремедика слушам не породувала веке
    Некој ако има што се породил кај неа во брзо време нека пише
     
  17. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    789
    Минатиот ноември другарка ми се потоди кај елена ама имало и друг доктор. А јас се договорив со Јане кога влегов во 9ти тој ме следеше 9ти месец, прегледи цтг он читаше следење на состојбата на пллодова вода на постелка, ми беше поминат терминот 2 дена и се договоривме за пораѓај со провокации, иако беше тој ден докторот 2ра смена дојде уште во 8 сабајле и цел ден беше со мене, се породив во 18ч. Супер задоволна нема да згрешиш
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    2.170
    Ве читам за докторите кои доаѓаат на пороѓај па ми треба дополнително објаснување... Јас бременоста ја следам во мојот град,но го планирам породувањето во Систина. Е сега,претпоставувам ќе треба порано да отидам таму,дали на преглед или на цтг или да договорам со кој доктор,не знам како одат овие работи? Претпоставувам дека не би требало да чекам напони или пукнат водењак за прв пат да отидам таму? :lol:
    Ве молам упатете ме како да постапам,и доколку треба таму да ги правам цтг во 9 ти месец,која цена е тоа...
     
  19. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Од 36 недела одиш на преглед кај докторот што сакаш да те порага
    Цтг е бесплатно а они ке ти кажат со која динамика треба да одиш
    Е.сега дали ке ти дојде докторот во сабота навечер зависи кој доктор
    Тоа и мене ме плаши
    Читам и слушам муабети сите не доагале
     
    На Grungie и VIKTORIJA 1 им се допаѓа ова.
  20. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    А на пример јас планирам после 36 нед да отидам во систина, то тогаш се кај матичниот т.е. како да направам: да кажам дека сакам таму да се пораѓам? И од тогаш нели почнува ЦТГ-то и прегледи почесто. Тие како се наплаќаат?