Доктор што бара мито за тебе доктор ли е? Тој си е платен за тебе да те гледа а не ти да му подмитуваш,и после докторите се криви не драга пациентите се криви што сами си подмитуваат.
За мене не е доктор ако треба врски да фаќаш кај него да се пораѓаш, а не па за мито. Јас не го оправдувам воопшто тоа, ама ете мојата ситуација е таа. Кој и да прашам си бара мито. Ко божем вие па не сте свесни за ситуацијата во здравствово. Или мито или јаки врски, трето ако не мачи се до последно као куче...
И јас немам коментар за здравството во државава, а и за тие што мислат дека се е розово Секој си е посебен случај, можеби ти се една од малкуте што поминуваат без врски или мито.
Не се криви ни пациентите, ни докторите, има некој над нив што го дозволува тоа. Трул е целиот систем.
Кировски е докторот што го бараш. Но не ве разбирам вие што потплаќате. Ај што ми е како да кажам просто со очекувања на третман на посебна снегулка, ако не го платите зарем мислите дека ќе ве остави на цедило да ви виси животот на конец?! За други места знам дека се потпаќа за термин за операции, за мислење и стручност (што е многу лошо, ама зошто има простор за нивната воља, не е нешто што се развива пребрзо и акутно), ама ова е процес кој не можете да го запрете детето мора да се роди и ќе се роди, не дека имате избор. Во Чаир па сите како што се одлични.... Подобро да си најдете сестра него ли доктор. Као ако го платите екстра подобар ќе биде?! Одите да раѓате, ако не одите со позитивна мисла џабе е. А ако треба да се деси нешто и господ да се симне, тоа е. А и може да ви се погоди и онака на смена, па џабе парите. А може и две да ве има со плаќање во исто време, па приоритет да и даде на другата, а вие пак со прст во уста.
А на колку денови после одевте на ЦТГ? Јас за во понеделник имам закажано, 36 недела ќе бидам д-р Петровска ми ја води цела бременост и на последна контрола ми кажа пред 36 да не се појавувам таму пошто нема потреба ) сега едвај чекам понеделник да дојде, да видиме дали бебуш ќе сака да излегува или ќе чека ))
Некој да сподели искуство што се пораѓал во приватна бочница ако има некој у Ремедика пред колку време треба да отидеш да закажеш да уплатиш? Следуваат ли прегледи пред пораѓај? Сакам у Ремедика но незнам ништо како одат процедурите па ако има некоја мамичка да сподели што како треба
Во ремедика цтг не се наплаќа. последно што плаќате е последните брисеви. Ние 100 еу оставивме капар кога закажавме пород а потоа доплативме пред да си одам. Вака беше пред 2 год. Сега гледам друга цена е. Инаку 36та недела оставив капар а точен ден за пород договоривме 2-3 дена пред пород.
Јас се породив по вторпат летово таму. И искрено не би пак. Ремедика од пред неколки години со Ремедика сега, нема никаква врска. Докторите се супер, дел од сестрите исто така, но останатиот дел јас сѐ би отпуштила. Башка што цените им се повисоки од Систина, а квалитетот опаднат од пред неколку години.