Ти благодарам многу, затоа прашав зашто тој што поминал низ тоа подобро знае како е кај двете места.Ако плаќаме барем да вреди сето тоа, затоа прашав, не се малку пари за нашиот стандард но ако мораш ќе се снајдеш.Треба да решам сега овој месец да бирам доктор и да одам на првата контрола.
токму така. Некој ќе рече зашто тоа гледаме. Па зашто би одела приватно во спротивно ако не сакам да ме тинтрат? ќе си одам во чаир или на гак и то је то. И какви сака нека се чаршавите кога нема да плаќам. Кој о да го одбереш доктор немаш утка. со лесно.
За Баџаков знам дека е одличен, вистински експерт на струката, за Димитров од пријатели слушам се најдобро, за другите не знам ништо. На твое место би се одлучила за Баџаков.
Јас супер поминав во Ремедика Ако имам второ пак би одела таму Секој со своето искуство. @slimy кој и да го одбереш од Ефремовски и Димитров нема да згрешиш. Јас имам многу убаво искуство со Димитров
Исто и јас со првото, ама со второто многу лошо Ова е од пред некој месец, значи стварно е лошо. Дури заприметив дека и на тие неколку поасални сестри што беа им беше преку глава од некои работи, особено инвентарот кој е дотраен и непипнат. За сменет, не ни зборам.
Јас во јуни се породив. Супер поминав со сестрите ми обрнуваа внимание кога и да ми требаа беа тука и што е најважно ме научија да дојам А за инвентарот немам зборови. Плус спавачите се катастрофа
Ти се погодиле добрите да не се на одмор. Во август беше благо кажано лошо. Една од педијатрија кога ја прашав дали на бебето му е дадена дохрана пошто не сакаше да цица, ми рече сѐ е можно и си замина
Јас бев 20 мин таму и тоа во посета. Кога го видов бебето реков 'лелеее колку е малооо сум заборавила како е' обраќајќи се на мајката. А сестрата одма писна -епа толкави се!!! кој ја праша...зашо списка . ..Кој ги знае. А за мојот помин ќе зборам друг пат
токму така. Ако така гледаме мојот беше уште помал. Само скроз изумив колку малецки се. И 5 кг да има пак ќе ми е мало со оглед дека мојот е веќе 90 и кусур сантима а мајката многу добро ме знае . не сум забегана до толку
А бе јасно е, сите така реагираме и коментираме кога ќе видиме новороденче пак по некое време, не дека мислиме нешто лошо, ама не се знае како ќе и делува на мајката, сестриве си имаат искуство.
сестрата треба да си ја гледа работата. коментар од неа никој не побара. убаво се изјаснив немаше простор за таква реакција. Еве Нарцис нека каже пошо за нејзино дете така реков. На неа во посета и бев.
Ти си била на лице место и најдобро знаеш, ама аууу, некои од овие сестрите се посебна категорија и јас во Систина сретнав неколку такви.
Да, Лили како можеше такво нешто да кажеш, дека си заборавила колку се мали? Како? Како? Луѓе, ај не зезајте, ќе се потресе мајка дека некоја рекла бебето е мало Правиме муабет за бебе од 3кг. Лили, истата сестра е од неколку коментари погоре, со прашањето дали на бебето му дале дохрана.
Ами имаше циркуси. Две без консултација со докторот ми даваа терапија, а немало потреба, оти они нели оддамна сестри и веќе знаеја повеќе од него, ако ме разбираш. Имаше од една од тие две коментари да се чудиш и да се крстиш. После некое време бев да ми вадат надворешна циста, процедура од 15-тина минути, која може да се заврши и со локална анестезија, докторот немаше забелешки, а сестрава ми се развика зошто сум била нашминкана замисли, иначе имав само малку креон и проѕирно лабело ако тоа воопшто се вика шминка. Другите беа коректни, искусни, спретни, се на се имам добри искуства од таму. Лили тек да ги видеше овие моиве близначки со по 2,5 кила, хахаха. Оваа некоја исфрустрирана сестра или имала ПМС . Ццц, секакви ги има.
Сестрата прво треба да си ги исчисти излупените нокти од лак со светки, па за коментарот може и ќе ѝ простиме