Јас си ја средив косата и лабело ставив пред пораѓај, а пудра ич не сакам. Си носев шампон и пред излегување си се средив убаво... само што јас не се чувствував убаво.
Матичната прави све за да ме предомисли за систина еден куп работи ми изнакажа дури и се изнервирав ми вика тие од систина ќе те лажат дека природно ќе те пораѓаат па после оп ќе излезе божем нешто и одма царски ќе те прават јас ја разбирам многу добро ама дај боже да не биде така искрено несакам царски ама дај боже да не излезе нешто..е вака сега за чаир ми зборуваше многу не сум била никогаш и не познавам никого таму што мислите вие какво искуство имате со чаир..
Немам лично искуство во Чаир, јас во Систина раѓав и се породив природно. Докторката рече ќе инсистираме за природно, така и бидна. Три другарки што раѓаа во Чаир и на клиника, завршија на царски годинава поради надносување и заматена плодова вода. Мене не ме оставија да го надносам. Тоа е моето искуство и на мои блиски
И мене докторот што ме води во систина истото ми го кажа дека инсистираме за природно.. но матичната инсистира за чаир не дека ќе ја слушам ама сакам да знам што како..
@saramila09 искрено, глупости ти изнакажала матичната, воопшто не е така. Од мое искуство, а и од искуство на многу познанички, во Систина секогаш инсистираат на природен пораѓај ако е се во ред. Нормално, ако има индикации за тоа, се оди на царски, но од чиста мира те уверувам дека не прават. Многу пропаганди се шират непотребно, не знам со матичниве што е, и мојата ме убедуваше дека Систина не чинела. Глупости. Јас сум презадоволна и од однос, и од услуга и од се. Кај мене до последен момент се одеше на природен пораѓај, иако на крај заради тоа што не се отварав ни сантиметар и опаѓање на тонови мораше да одам на царски. И тоа по моја желба неколку пати пробувавме со провокации (имавме простор за тоа). Ми се остави простор да пробам се и да ги исцрпам сите можности за природно пред да се случи царскиот.
Свашта бе... не ја слушај. Ако треба да завршиш царски и таму и ваму ке завршиш. Вчера познаничка се породила Чаир, царски. Тргнале природно, не одело, бебе горе се качило и паѓале тонови и царски ја однеле. Знам доста што се и државно царски породени, на Гак и во Чаир. Без страв само, како и да биде, битно да сте живи и здрави.
Јас од систина и од докторката Елизабета Матевска сум презадоволна и не е точно во систина дека инсистираат на царски јас самата си барав царски али докторката упорно ме убедуваше да пробаме приодно ме теше дека се ке биде во ред и ме убеди за природно пробавме не биваше и ме направи царски раната е естетски одлично направена два месеци од царскиот а се познава само една многу танка линија.Секој ден минеше една од права на пацинти и прашуваше дали е се во ред со сестри доктори услугата.Храната е одлична имаш и фризер кога ке си одиш средена да бидеш а за ремедика мислам дека малку се заостанти со времето од кога ке отворена болницата....
Јас и така нема да ја слушам неа проблемот е што ме изнервира и еве цел ден глава ме боли систина не чинело па неа никој не а прашува само за тоа зборува бебето ми го гледа на ехо ред да збори за бебе она за систина се нафати.. јас сум презадоволна и така планирав таму да се пораѓам и мислам дека нема да сменам мислење.. ви благодарам на сите
Она знае дека систина ќе биде јас не спомнав ништо.. него не јас кај сакам она кај ќе посака таму во чаир докторите биле подобри од систина за недај боже систина 10000 пати е поспремна од сите болници/клиники тука во мк
Баш напротив! Јас со две, од кои второто бебе не беше поставено со главата надолу, па ме породија природно. Во меѓувреме беше спремна цела екипа ако треба случајно царски. Другарка ми, до последен момент ја чекале природно, амо кога веќе било ептен зорт, за рака и на царски. Да имало кој вака да ми каже и за првото ќе одев во Систина. А ти информирај си се убаво и одлучи си.
Јас веќе од почеток си одлучив систина ќе биде дефинитивно и ако таа ќе инсистира за чаир.. јас сум таа кој треба да одлучи нее таа..
Немам искуство никаде сеуште... но во чаир мн ббебиња се со инфекции демек од мајката се раѓаат од блиски и познаници што сум слушала... а не е можно сите мајки да имаат ... можеби има кадар ама јас лично не би одела чаир... најубаво сама да си одлучиш а не е важно матичната што мисли..
Да си кажам и јас Со првото се породив лани царски во Ремедика и сум супер задоволна од сите. За второто сега пак ќе бидам таму здравје без двоумење, па ќе споделам искуство како ќе поминам. Се надевам нема да го сменам мислењето.
ti pak sledniot pat kazi I Dr moe pravo si e kade jas ke se poragam I tolku nema zasto da se nerviras
Митко ме чекаше до крај за природен пораѓај. Дури и премногу по мене. Завршив царски иако 2.5ч седев во родилна сала. Бебе губеше тонови и имав маска за кислород цело време.