Jас сум во Систина цела бременост, за мене знам дека се други погодностите, а мислам дека за тие кои се пораѓаат таму, а не воделе бременост исто така им е бесплатно на секој преглед од 36та па натаму. Ете @NanaMia има искуство, она таму се породи, а не водеше бременост, нека објасни повеќе како иде да не ве излажам јас
едит: И да се јавите на телефон во Систина на 02/ 3099 - 500 ќе ви дадат и детално инфо што е и како иде се, цела постапка @Grungie @Neodlucna
70.000 природен пораѓај со 3 болнички денови 95.000 царски со 5 болнички денови, во 36та недела бираш доктор тој следе до пораѓај и цтг правиш таму бесплатно.односно плаќаш како аванс 6000 ден и после ти одбиваат од целата сума, јас останав уште еден ден плус ради жолтица на малото и правев и други испитувања, односно тие правеле имаше цела листа што се друго е испитано и за мене и за бебето (очен преглед, ушен, кардиолошки, ортопетски и испитано која крвна група е) и платив 83.000.. се на се супер поминав и презадоволна сум
Моја братучетка сега пред една недела се породи трето дете во Ремедика и е презадоволна од се, од третманот, сестрите и докторите... За втората бременост била во Систина и ми рече дека таму со сестрите не се зборувало... Кај сите различно
bella24 фала мнг за одговорот, далеку сум од 9 месец и затоа не ми се јавува уште од сега, а преплашена сум уште од сега. Само ако сакаш да ми одговориш тука или во ЛП во врска со епидуралот и како е постапката, болка итн. Искрено само ради тоа идам на приватно, еднаш бев на ГАК без епидурал и имам голема траума, ради тоа не можев на второ да се одлучам и депресии имав али друга тема.
За тие што прашаа за прегледи после 36та во Систина, кога отидов кај докторката што сакав да ме пораѓа и го нагласив тоа и ми беа бесплатни цтгата
Моја братучетка за малку сепса у Ремедика ќе фатеше од неисчистена постелка а снаа ми не сакале да ја примат сестрите пошо според нив било прерано а она била 5 прсти отворена. Јас затоа и не отидов у Ремедика. Секаде има задоволни и незадоволни, без оглед на приватно или државно .
Eve gi cenite za poroduvanje vo Sistina http://acibademsistinababy.mk/images/novosti/poroduvanje-paket.pdf Nego, sega gledam na sajtot na Sistina, znaete deka deteto ako e rodeno vo Sistinba mu sleduva 10% popust na pregledi dozivotno? Super e toa. http://acibademsistinababy.mk/images/novosti/zaedno-niz-zivotot-baby.pdf
Во однос на приватниве клиники, можам да кажам дека го сменив мислењето. Бев пред некој ден во Систина на ургентен зашто морав да примам инфузија и да не должам многу. Таму на ургентен однос катастрофа. Не те приметуваат. Си се смеат меѓусебе. Јас и мм ги прашуваме тие со мумлање нешто одговорија. Јас не знам зошто на такви нискоинтелигентни суштества што не знаат да одговорат на просто прашање, а на посложено да не правиме муабет им дозволуваат да работат со народ и да земаат висока плата. Ќе се курчат дека работат во Систина. Па плаќам, сакам културен однос. Зарем премногу побарав? А плус платив 4000 денари за што? Да не ти кажат ни пријатно. Ќе продолжам да одам само затоа што гинекологот ми ја знае историјата и ме следи. Излегов од темата извинете ама од систина особено од тој ургентен центар не сум задоволна. И таму здравје сакав да се пораѓам ама веќе не знам. Не знам како се однесуваат на гинекологија при пораѓај.
Black girl јас па побратно, викедов синчето го однесов на ургентно детско, имасе висока температура, презадоволна излегов, уште 2 пати бев и сфатив дека парите вредат за таа услуга. Од сега здравје само да нема потреба но и кај таа докторка ке го носам синот. Боље еднас 2000 ден асално лечење него секоја сабота во козле и по матични со саати за да ми речат „вие мајките по интернет се лечите и за се ги носите децата„. Породена сум еднаш на клиника, не беше страшно, но сум имала среќа за мене да не страшно дека таму се е оставено на „како ке рече дедо боже„. Мнг голем дилема имав и имам за пораѓање во систина, заради парите нели, но се повеќе сум убдена дека вредат. Само да се надополнам дека не сум навикната да одам во приватни боници, сум била само во една не дај боже ситуација во бременост, и сега со малиот но небо и земја е разликата.
Само 2000ден плативте? јас се мислев кога беше болен да го носам да го ѕирнат во Систина, ама пријателка исто на итна контрола со висока температура 9000ден си платија, што не се баш малку, детето уште два дена сепак си беше со висока температура, таков беше вирусот...
2000платив самоп дека беше само преглед, доктор беше мнг во ред и рече нема потреба од крвна слика и брис (тоа го правевме два дена предходно во козле и ги имав со мене резултатите) се гледа што е проблемот, а за крвна слика брисеви, инфузија се тоа се доплака. Со прегледот од 2000 има и контрола.
2000 е супер што си платила. Инаку те разбирам, приватно си е приватно. Ако си отишла по државнине, прво ќе ти се испораздерат, а не дај боже да прашаш нешто. Се исфрустрирани сестри и млади специјализанти. Бев и таму на ифузија и лежев и моја нога на ГАК не стапнува повеќе. За пораѓај здравје дефинитивно систина зашто на гинекологија таму се супер. А за државна само погрдни зборови. Ми се избацува сестра и ми вика: намести си го креветот, на ништо не личи. Само ја погледнав остро. Замисли да си го местам јас креветот омалаксана и со инфузија. Ама односот и беше катастрофа. Идиотка.
Една работа многу ми смета кај приватните клиники е отворена врата за сите по пораѓајот. Пуштаат и роднини што може само да кажат дека се нешто или случајно биле на поминување, хотел Промаја (сегде е така по приватните). Сите пријателки што се породија во Систина, Санте и Ремедика истото го кажаа, се будат и појма немаат кој стои окезен над нив, дур да се објаснат тој веќе го испосликал и бебето и неа со мобилните. За разлика од нив во ГАК и Чаир нема шанси мува да прелета, кај мене ни сопругот не го пуштија 5 дена да влезе а и врски имавме. Не знам дали во приватниве почитуваат ако им кажеш никого да не пуштаат освен сопругот?
Да почитуваат. И плус еве во Систина пуштаат само по еден. Мене би ме убила поспородилна да не може маж ми да дојде да не види, посети мене и бебо. Предосадно беше инаку кога не беше бебо со мене. Се зависи од вкус, а за Чаир и за ГАК знам како оди. За некои мајка, за некои маќеа. Ако си имаш врскички и таму не еден, десет ќе пуштат.
Во ГАК не може мува да прелета, ама затоа може некоја инфекција да ти се пренесе од нечистите тоалети, измочани и никакви. Јас сум отишла еднаш таму зашто систина е прескапо за инфузија и денови да плаќаш, ама се изгорев што отидов во ГАК. Никогаш повеќе.