Вие со шминка, јас со лак на нокти и прстени отидов на пораѓај. Додуша моето беше изненадно, прво цтг 36+5 во 18, во 19 ми пукна водњак, во 21:24 се роди моето мајмунче. За лакот никој не ми ни спомна ( иако сигурно ќе го извадев, ако имав време) за прстените ми рекоа да ги извадам, им реков ако успеат нека ги вадат. Јас цел месец се мачев. Баш се жалев тука дек касно ми текна, веќе немаше шанси да ги извадам Едит: да не сум оф топик да кажам дека и јас бев презадоволна од Ремедика. Ме пораѓаше Ефремовски. Сестрите исто, цело време околу мене и достапни. Ама ова беше лани, како е сега незнам.
И јас му верувам на докторот ако има потреба не сум против да ме направи царски дај боже да помине све како што треба.
Затоа што се губеа тоновите на бебето и преку кислородот кој јас го примав требаше и кај бебе да има подобар проток.
зашто воопшто и дозволуваш да ти збори така? никогаш не сум слушнала во систина некоја да сака природно и да нема потреба од царски со сила да ја направат.
Се прави многу паметна божем таа знаела подобро.. и така не ја слушам и не идам кај неа освен за анализи кога ќе треба да се прават.. плус ако треба и царски нека ме направат ако има потреба јас му верувам на докторот мој и како ќе каже така ќе правам..
Не се замарај, изгледа ја имаат одбиено за работа таму На првиот преглед за да ми потврди бременост бев кај матичниот, после отидов да му кажам дека во систина одлучив да ја водам бременоста, а кај него повремено за брисеви и крв анализи и дека нели матичниот ќе ми отвара породилно па да знае. Матичниот ми кажа одличен избор си направила. Па ме праша кај кој доктор сум, и кажа демек немај гајле кој и да е, таму сите се одлични. Така да оваа твојата очиглено има некоја болна точка со систина Како треба да биде, ќе биде. Ниту матичната, ниту систина не се семоќни, само третманот што ќе го добиеме ќе биде подобар. Тоа е тоа
Така е изгледа од Велес доаѓа да работи тука во Тетово изгледа има некоја мака со систина остај систина па и митко и смета на женава еден куп работи изнакажа ама јас пак и кажувам дека нема шанси да ме пораѓа друг освен митко
Женски знаете ли дали има гинекологија во Филип Втори? Уште со првото кога бев бремена се спремаа за породувања во вода, ама јас не ги дочекав Сега не сум ни чула дека гинеколошки оддел имаат а камо ли породување во вода, ама да си прашам
Сум ги заборавила ценитр во ремедика. Колку е рутински преглед гинеколошки? Ехо во случај на бременост?
Најубаво да се јавиш, зашто поскапено било и имаат нови цени. Колку што се сеќавам и јас 2000+ е ехо и преглед, е сега дали 2200,2400 нз. И дома во када бе (кој има када, ако не базенче) Гледам странциве и така раѓаат... со цела фамилија на куп
Има тука опција дома да се пораѓаш. Мора однапред да најавиш породување од овој тип. Иде бабицата со првите породилни болки, а известена е и најблиската болница дека има домашно породување за секој случај да има тим од лекар на повик за не дај боже. Во болница има исто четири вида на породување, дали сакаш да седиш нормално на бокс, да стоиш со раце да влечеш јаже, да клечеш на колена или да лежиш на кревет. Исто треба да најавиш претходно ако имаш желба Најново е породување под хипноза и наголемо се практикува во Европа во Чешка има најмногу фанови. Кој како милува За да биде со желботека мора здравствен систем да функционира, а ако е канта како македонскиот избор бокс или на бокс
А има уште еден избор во мк на моја другарка и рекоа во државна немаме место сите боксови се зафатени сакаш во ходник да те породиме???Нормално се напна си отиде во Чаир и се породи
Колку повеке ве читам, толку потешко ми е да се одлучам ремедика или систина... Ремедика ако одам ги знам докторите, ама од Систина ако може да ми препорачате. Сега ке се јавам да видам и како се со цените. Бев решена за Ремедика, ама сега вие ме премислувате за Систина
Од Систина го препорачувам Јорданчо Иванов. Не се пораѓав кај него, јас бев во Плодност, но одамна за сите прегледи во Скопје одев кај него и на телефон се консултиравме. Прекрасен човек е
И јас многу се мислам... во ремедика е поскапо, треба да нудат подобар квалитет а од искуство сите викаат нема.. од друга страна систина е пренатрупана со пациенти...