И мене ме мачи истото... мои блиски пријателки и другарки се имаат порагано во Ремедика и се задоволни, ама како што читам овде дека им опаднал квалитетот се премислувам за систина. Ајде само нека е лесно мада немам многу време за мислење
Јас сум баш задоволна од Ремедика. Секогаш ќе има има и вакви и такви. Најбитно е да си размислиш што сакаш од докторот што ќе те пораѓа и поред тоа да се водиш. Јас мислам дека сеуште Систина е благо поскапа од Ремедика. Ама сега разликата е ептен мала.
Само што вртев за цени, еве ги: Систина Природно 73.000 Царски 103.000 Ремедика (ми рекоа пакети се ова не знам на што мислат, валјда и таму се доплаќа ден плус и слично) Природно 77.000 Царски 105.000
Бреј 10.000+ од изминатата година. Јас пред година раѓав, царски 95 беше во Ремедика... плус за ден само што доплатив и плус за некои испитувања.
На иста мисла сме... Пред 1 недела се породи таму моја добра пријателка и беше презадоволна, таа беше со царски, јас сакам природно. Единствено епидуралната што ја даваат по приватните ме тера да размислам за пораѓање во приватна болница...
Јас поради таа епидурална отидов приватно, за да поминам полесно со болки дека споро се отварав првиот пораѓај и ме изнамачија... но не ја добив ни приватно, баксуз. Ја ставаат на 3,4 прсти отворено, а јас само 1,2 прста бев отворена додека бев 3+ часа со болки. Па водата ми се замати и итно царски..
Ај и некој друг нека каже како се посетите во систина. Јас за ремедика ќе кажам. нас ни рекоа до 19 часот. ја реков маж ми во 20 може да помине и не дека ќе седи ... на 15 мин што се вика и демек ок. Кога оно да ти можело и у 2 навечер. Кај една од карши маж и дојде у 12 и седеше до 2. А не беше во апартман да речеш па сама. Така ли? Нема проблем. Следно дете кога ќе раѓам ќе изнајмам апартман и поголемово по цел ден ќе си го чувам со мене само за спиење ќе го праќам дома. Чим може од кафана во ремедика нема проблем.
Во систина мислам пред 10 сабајле не пуштаат, и после 20ч. Во 19и50 иде на разглас дека посета завршува. Не приметив пропусти, освен што наводно не треба да има деца во посета, а низ ходникот имаше деца што идеа во посета.
Исто, и мене ми е за епидуралната највеќе.. Не знам што да правам. Колешка моја во јуни се пораѓаше таму, со епидурал, презадоволна беше. Плати 1000еур.
Не е. Ремедика е поскапа. Се пораѓав пред некој месец и со овој памет би отишла во Систина. За првото беше 95 000 царскиот, сега 105 000 плус 3000-4000 додатни прегледи за бебе, за кои не те ни прашуваат дали сакаш или не. На пр. Иванка ортопедот ми е последен избор, среќа што беше на одмор, па прегледот го закажаа откако излеговме. Се разбира го откажавме, но и тоа не беше лесна постапка. За цената што ја имаат треба многу поголем квалитет да нудат. Пишав и претходно Ремедика од пред некоја година и Ремедика сега, огромна разлика, на полошо. Дај Боже да се смениле овие неколку месеци, затоа што знам дека имаше поплаки уште од неколку пациентки, во врска со инвентарот особено.
Мене ми кажаа дека направиле некое испитување за кое не добив ни резултат а платив 5000 ден. Па сеа вие видете. .. ако се решам пак приватно ќе одам систина дефинитивно . А ако одам државно чаир и апартман ќе си земам за бебето да е цело време со мене. И крај.
Во Систина не прават никакви дополнителни испитувања без да кажат прво и да прашаат дали сакате или не. Јас платив за ехо на срце на бебка од Драшко, пошто додека бев трудна не го направив, па ме прашаа дали сакам сега, и се согласив. Без прашање не прават ништо. Ни крвна слика не ми направија додека не си побарав сама, нормално и си го платив тоа после. Посетите се од 10.00-20.00, после тоа никого не пуштаат. Бев сведок на тоа дека доаѓаа во ниедно време, не ги ни пуштаа да влезат, па се расправаа пред врата Освен што видов по некое дете (во апартманите мислам дека е дозволено и деца да доаѓаат), други пропусти стварно нема. Си има ред и се почитува.
Бреее... бар ѕидовите ги искречија ли? Тоа ми бодеше ептен око! Лом беа ѕидовите, јас бев во првата соба до бебињата...
Ние плативме 104 илјади за царски во ремедика. Мислев ќе биде повеќе дека се две, беа цело време на инфузии, но баш се изненадив дури ефтино ми се виде.