Јас се породив во Ремедика, платив капар 6000 и тоа ги опфати сите прегледи и цтг од 9 месец до пораѓај, се породив со царски рез,доплатив уште околу 105000 и ми оставија парчиња плацента во матката.Големо НЕ за доктор Зоран Јовановски.
Вкупно 104 000 или не го рачунаш капарот? Цената е фиксна 105 000 за царски, не знам како би ви наплатиле помалку.
Ау да. Во право си била, сега баш го прашав мм. Платил 105 илјади и + капарот од 100 евра. Епа не било баш ефтино.
Офф топик, само да се надоврзам, во Чаир цело време бебињата се со мајката, не само на тие во апартман.
Јас во август платив 72 000 за природен. Членките погоре пишаа 73000 за природно. И 103 000 за царски.
Повели, вчера прашував јас: Систина Природно 73.000 Царски 103.000 Ремедика (ми рекоа пакети се ова не знам на што мислат, валјда и таму се доплаќа ден плус и слично) Природно 77.000 Царски 105.000
Во државна и во Чаир бебињата се со мајките цело време. Не зошто е така подобро туку зошто така им е полесно на сестрите. И јас мислев дека ќе биде супер што ќе биде до мене цело време АМА прворотка оставена сама со 3 кг. човече...Ако спие (а не спиеше речиси воопшто) го гледам дали дише, ако не спие плаче, не можам ни да седам ни да лежам ни да стојам а бљуцнало треба да си го пресоблечам сама, пелена да му сменам исто така...го знаеш филмот После 3 дена во болница излегов како зомби. Јас те разбирам што сакаш да кажеш ама не можеш ни да замислиш колку ќе ми завршеа работа 2 саати да го земеа да можам око да склопам. Така да за второво се надевам дека ќе биде со мене ама и дека ќе може да го земат бар на саат после подој за да се рехабилитирам.
Да, си имаат креветчиња веднаш до креветот на мајката. @*Лорена* незнам дали ова го кажуваш за Чаир, ама јас таму имам спротивно искуство од ова, ако имаше некоја жена мака со бебето (читај- ако е плачливо) ќе побараше од сестрите да го земат и не правеа проблем. Плус пресоблакање сама не беше дозволено, мораше да чекаме сестра.
Со првото се породив на ГАК. На сестра да и кажам да го земе детето да го причува не можев зошто сестра и немаше. Сестра на Гак е митско битие за мене. Сите "претрчуваа" низ соба и кого и да прашав нешто- не бил тој/таа за тоа, друг да сум прашала Ако чекав некој да го пресоблече детето ќе седеше со една иста пелена 3 дена. Кога ги прашав првиот ден дали ќе дојде некој да го среди детето ми рекоа: па ти, ти си му мајка. Ни сама не знам како успеав да го измијам на лавабото во соба без да го повредам и никој да ми помага или придржи. Дома да се пораѓав полесно ќе ми беше. @Black girl второво во приватна ќе биде. Не сум сосема одлучена во која, сега за сега мислам дека ќе биде Систина. Не сакам кралски третман и никви привилегии. Само да ме третираат како човек а не парче месо.
Јас и првото го зимав од 06 до 23 кај мене. За спиење спиеше, може да не спиело и јас ќе го велев истово што и ти. Но искрено бирам да е со мене неголи таму. Сепак верувам помалку ќе е изложено на бактерии ако е со мене во апартман. Искрено на гак јас не би оставила дете на сестра пошто ќе го премислам..
Супер, во сигурни раце ќе бидеш. Инаку истото искуство го имаме на ГАК ама ајде, помина. Сега со лесно нека ти е.
Беше дежурна ноќта пред да се породам. Многу е фина, зборлива, смирува. Мене убав впечаток ми остави. Уствари за малце ќе ме породеше, ама стаса мојата докторка.