Леле како го кажа ова, многу луѓе те сакале и ке дошле да те видат, а нас само мажот не сакаше, добро ај и свекрва ми.. и она дојде еднаш Другите не ме сакале значи . А размислуваш дека тоа само што родено бебе нема имунитет? Колку повеќе луѓе, толку поголем ризик за бактерии и вируси.
остај не објаснувај. нас никој не не сака... ниту прва ниту последна што мисли у хотел е а не во болница. Ако и се погоди цимерка ко мене тешко неа.
Во ред е девојки, пишав веке кој како сака и како има замислено така нека си прави. Не сакам овде со никој да се карам. Си имам свое мислење, вие ваше и тоа е. Поздрав и убава вечер
зашто би се карала? ти ако сакаш цела војска викни ама треба да си малце по свесна за последиците од разно разни бактерии. Тоа дете нема имунитет. И искрено се надевам дека ќе поминеш лесно и единствена грижа ќе ти е фризурата. Јас неколку месеци пред пород се замарав со глупости. кога чука лошото на врата сфатив колку глупа сум била. Како и да е. мисли со позитивно и терај. . само тие луѓе ако навистина те сакаат нема да дишат во соба кај што ќе го носат бебето
Не се караме, за добро ти кажуваме, сигурно не сме со лоша мисла. Ти измиј си коса, нека ти ја исфенираат ако сакаш, и пудра и кармин стави си ако сакаш, ама многу многу луѓе не примај на посета. Ке ти дојдат дома после месец дена кога бебето ке стекне малку имунитет. Ни дома не примав гости, освен сестра, мајка и една ептен блиска братучедка, толку. Другите доаѓаа после месец дена.
Абе не знам зошто човек ако сака да биде среден одма ви остава впечаток дека е лигав, дека нема да се грижи за бебето, мислам вие сите така настапивте кон мене. Јас си прашав, не сте прочитале претходно, нормално дека ако биде се во ред ке мислам и на шминка и на коса. И нормално тоа не е шминка за на свадба, реков за пудра И не знам каде прочитавте дека јас ке канам луге за да ми дојдат на посета А за посети нормално дека секоја болница си одлучува дали ке пушти да влезе некој или не, и секако освен таткото никој друг не пуштаат во соба доколку е бебето во соба. А ако некој решил да дојде и да ме види на 5 мин, лугето од болницата одлучуваат дали ке го пуштат да влезе на посета, не јас.
Најдобронамерен совет за сите по приватниве, никој освен сопругот да не ви доаѓа. За второ ќе кажеме дека не пуштаат посета, зашто има луѓе без осет. Мене ми сметаше што пуштаат посета. И што е неодредена, цел ден до 20:00ч.
во ремедика и после 20 можеше. Кај мене маж и мајка дојдоа. татко ми до ходник само и толку. фала богу цимерката беше како мене...
Јас морав да се објаснувам со свекрва дека ми смета што ми дојде 3 пати, а воедно и да и укажам дека не е медицинско лице, па да дели совети таму. Резил. И се извинив и на цимерката. Затоа никој.
нејзин срам, не твој . И општо не само за пород кај човек во болница треба да се избегнува да се оди. не е таму на одмор ..
И од мене совет иако бев во Чаир бев во апартман значи имав посета, една вечер ми дојдоа буквално 6 души и 2 деца ДЕЦА! Кога дојде визита неќеше ни да ме прегледа од што се налути а богами и јас! Затоа друг пат ни не кажувам само маж ми и мајка ми може да дојдат.. Во врска со шминкањето, додека лежев во Чаир доаѓа сестра која студирала со мм така ме знае, и ми вика"Ааа ти ли си му жена ич не личиш на сликите од Фб " Само и одговорив" Па и ти дојди лежи тука 7 дена ќе видам на што личиш " .. И така станав си ја измив косата и си се нашминкав од инат И за искачање се средив не дека не
Јас не верувам дека некој ненајавено ке ти дојде... Кај сестра да треба да одам на посета, ке се јавам прво. Ти таму ке треба да се опоравуваш, одмараш, да се прилагодуваш со бебето, да научиш да доиш, не спремна да чекаш посета... Па ке крвариш и често ке треба улошка да менуваш и да се миеш, па ке ти тече млеко од градите... Не е како на филмовите ова, зашто изгледа така си замислуваш Еве бар по искуства гледај. Една да речеше дека е пресреќна што имала куп посета тогаш башка и хормоните се хаос... нема да си сега тоа што си..
Хаха не се ти секирај за мене се’ ке биде филмски совршено Срека што не гледам многу филмови, па не знам како е по филмовите )))))
Хахахахаха со солзи се изнасмеав! Ја би ја шибнала со нешто во глава . Да отече и она малце како ја, па да не личи на себе. Инаку мене косата да ми е чиста само, за друго не се замарам.
Ајде нека биде со лесно само па ке видиме за што ке имам време, за што не Кога ке се олеснам здравје ке ви пишам дали имало време за шминка или не
Lelee ama me nasmeavte hahaha jas sega sum taka isplasena dobro mi dojde malku sala jas sakam da mi doagaat na poseta luge ama od druga strana pak toa malo dusice uste nema ni imunitetot ni nisto
Мислам дека сите најдобронамерно ти пишавме. Нема потреба од иронија. Време за шминка секако дека има. Искористи си ги тие 3 - 4дена за себе и за одмор, после дома со бебе веќе ништо не е исто.
Многу сакате да судите на други, секоја постапка ја анализирате и коментирате, а вам човек не смее да ви се обрати со повисок тон. Смирете страсти, ниту вие ке се породувате, ниту вам ке ви одат во посета, ниту пак вие ке се шминкате. Чил малку. Што толку се фрапиравте од едно обично шминкање, еве не ми е јасно. Мене за пудра, маскара, руменило, хајлајтер и кармин ми се потребни 15 минути макс. Ако се помине во надобар ред, не гледам причина да не се нашминка и да се чувствува посебно, наместо да се чувствува грдо и да ја фати постпородилна депресија. Жени и по два дена излегуваат од болница и одат во шопинг, не добиваат сите по 15 конци.