Не верувам дека некој се фрапираше од потребата за шминка, туку од потребата да биде нашминкана и средена оти луѓе ќе и иделе во посета. Божем ова хотел е Башка на штотуку родено бебе најмногу што му треба се чопор околу него
Од сите вас јас сум најмалку иронична тука, срека да не се подречам до сега се е ок, да помине така и на порагај, па да можам да мислам на коса и на шминка (пудра и сјај - да не сватите пак дека за свадба ке се шминкам ) Кога се зачленив на форумов никогаш немав намера некому да судам зошто вака или така, ако можам да помогнам ке пишам, ако не никогаш ништо немам пишано на никој со никаква иронија. Не знам што толку се фативте и сите ми се нафрливте демек само шминка и фризура ми е битно, еве вратете се назад и прочитајте, јас само прашав, ако знаете одговорете, а вие сите памет ми солите. Уште еднаш ви посакувам на сите што сте бремени да имате лесна бременост како мојата, може затоа мене мозокот ми оди на такви работи. Не сакам пред време да се замарам што и како ке биде, еве на порагај ке одам со позитивна мисла дека се’ ке биде ок и дека ке стигнам и да се нашминкам
По правило, не треба да се допушта шминкање, нокти и носење накит во болница. Не да биде по избор на пациент. Си има зошто е тоа така. Секоја кожна или промена на нокти има индикација за некој здравствен проблем. Тука спаѓа и носењето на контактни леќи. Јас да сум доктор, нема да дозволам на мој пациент. Сите се породени во приватни болници и ти кажуваат од искуство.
Еве уште некој паметен, ах луге ај уживајте си во бременост и не се замарајте со други, рагајте со лесно, примајте/не примајте луге на посета, правете како ви е по желба
Мислам дека темава ја преполнивме со глупи муабети, ке отвори некој да се информира за порагај во приватна болница, ке се изначита еден куп глупости. Ве молам, неколку пати пишав, кој како сака и мисли нека си прави, битно сите да имаме лесен порагај и да родиме живи и здрави деца, па ако може и да се нашминкаме Поздрав до сите и убава вечер
Само дадов најдобронамерен совет од искуство. Јас пројдов лесно како песна за 20 минути, немав ич потешкотии. Немав намера да звучам иронично. Со лесно нека ти е. Уживај со бебче, ќе видиш и сама дека нема да ти треба никој друг. Баш ќе кажеш како ќе пројдеш.
^^^ Ако си решила да се шминкаш, те молам немој да го допираш бебенцето до твоето лице и да го бакнуваш со кармин. Најдобронамерно. Никој од тука не ти даде совет туку така, туку сите веќе го поминале тоа. И ти кажуваат од искуство. Ама ти како сакаш. Не е се така розево како што си замислила дека ќе биде. Реалноста е многу поинаква. И јас имав лесен пораѓај, ама после тоа не ми беше важно дали сум нашминкана или косата ми е средена кога ми идеа на посета. Твоето лице и така ќе зрачи од среќа, не ти треба шминка.
Во ред е за тебе, баш приметив дека твојте совети не се зајадливи и се добронамерни. Некако дојде коментарот да се надоврзам на твојот, реков немам намера никој да навредувам ниту да се карам. Фала ти
На толку коментари барем една од вас да се најдеше да одговори на @Iki lepi на прашањето, повеке смисла ке имаше темава...
Абе нокти ставаат пред пораѓај, пудра, кармин по И пред пораѓај. Несвесни комплетно што значи бојата на ноктите при операција, бојата на лицето или усните. Луѓе ја сакале ќе оделе, па убава да била... со цимерка у соба. Со бебе. У сезона на грипови. Цицки течат од млеко, они пудра ќе ставаат. Може круговите на спаваќата од млеко да им одговара со очите, не знам. Први денови учиш да доиш, да менуваш пелена, чекаш да те кренат да застанеш оти сама не смееш, господ на помош ако ти се присере, ти даваат чепчиња, и опппп шминкање фенирање... И јас бев бремена, и до последен ден на работа, школска бременост, природен пораѓај, од прв ден доев... здраво дете. Ама ниту еднаш не помислив дали ќе бидам убава за посетителите. И не, у тие 2 3 дена треба да учиш како да чуваш најкревко нешто на свет. Ако ти се шминка место да гледаш дете ... шминкај се. И не е осуда, само чудење од потребата една идна мајка да е убава за посетителите, наместо заштитата на сопственото дете.
Не се работи за осуда,туку дека не треба да се шминка пред да оди на пораѓај за нејзино добро. Кажаа неколку членки, боја на лице, усни, нокти, по тоа се гледа ако нешто не е во ред.
Шминката е хемикалија, не би го изложувала новороденото бебенце на такво нешто во првите саати од неговиот/нејзиниот живот. Исто поважно би ми било да го гушнам, отколу да пазам дали пудрата/маскарата/карминот ми се размачкале. Разбирам да се има потреба од чистота и среденост, исчешлана, измиена коса, измиени заби... Ама некои работи се претерани.
Јас не сакав никој да ме гледа во каква состојба сум после пораѓај, ни мајка ми. Им велев да не идат, но сепак не ги држеше место. Дојдоја најблиските, една тетка и другарка. Да се породев во мојот град кизнеј колку луѓе ќе поминеа, гревови ќе бев. Инаку до ден денеска јас додека сум со бебињава пудра не ставам никако и косата строго во реп. За народ ич не ми е брига.
Не се објаснувајте за џабе. Додека не дојде јајцето на га*от, нека си прават филмови. И ја се шалев па и може до некаде и не,дека ќе одам на пораѓај нашминкана, се додека една вечер излетав на ургентен никаква, несредена. Само успеав да се одмијам. Онаму се убедуваат не јади ова штетно е, не пиј тоа не чини, а ваму бебето ќе го шлапаат со пудри, кармини. Ич не купувајте мустела, одма на декоративна козметика преминете, оти и бебенцата имаат несовршена кожа. Да ви бидат убави за другите де.
Леле сега ги исчитав коментариве и неможам да ви се изначудам Ја утепавте женава со еден куп муабети без потребни.. Нека си прави онака како што си сака, културно поставила прашање дали работи фризерот, а не што мислите дали треба да се фенира или да прима посети.
Мајка, шминката е хемија и дали е ок да го допираш и бакнуваш детето со толку пудри и кармин пример? А и она сакала да биде нашминкана и дотерана оти ќе и доаѓале во посета дека многу ја сакале. Значи според тоа што го пишала, не и е важно дали детето ќе фати да цица,туку да биде нашминкана за посетите. Е тоа не можам да го разберам.
Не ли сфаќате дека има мали мозочиња што приоритет во животот не им е детето туку да се 1во - чекираат дека се породени во приватна болница 2ро - да се нашминка и да стави селфи од себе како демек како изгледам вау, а свежо породена исто се става слика и од поклоните балони кукули машнички од гостите (ако не дојде никој ќе нема поклони, а тоа значи ќе нема ни слика-оу ноу), 3то - на 40дена става слика со детето иста она исфенирана, нашминкана и на сликава детето е со повраќотина до врат ама битно мамичка се свиѓа на сликата и мора да се објави на социјалните мрежи. аааа и најбитно ќе заборавев жива да не сум Мора на сликата на испраќањето од систина со приказната мајките раскажуваат да биде изфенирана, нашминката со вовлечен стомак чунки цела Македонија ќе ја гледа, каде без фризер алооо И во темите женски домаќински муабети овие мозочиња поставуваат прашање обично, каката е зелена (со слика со све), што да правам мамички